ПРИПЕВИ

    ГЛАСОВИ ВО ТРАГИ, ПРИПЕВИ, поезија

    118. Плач и смеа Се сретнале плач и смеа на полпат на игра крај пресушен извор на живот. Се сретнале, та продолжиле по заеднички пат.   119. Пуст остров Еден слеп патник на пуст остров среде тревожни...

    ПРИПЕВИ, поезија

    40. Давам Давам секому несебично мои мисли во зборови и мои самости во години.   41. Гледам Гледам како бавно извор љубовен секнува пред пламен.   42. Пред мене Пред мене далечен хоризонт на кој играат деца игра на опстанок.

    ПРИПЕВИ, поезија

    1. Моја ѕвезда Љубов легна, се разболе, па исчезна, ѕвезда стана.   2. Заробен Ме обѕидаа високи ѕидишта во слобода да не летам.   3. Трага на постоење Трага моја сокриена, пред туѓи ветришта што траги бришат дека свои немаат.

    ПРИПЕВИ, поезија

    25. Глас Познат глас во свет на сестрана тишина; сестрана, безгранична, во свет неизменлив, скаменет.   26. Добро Нека е добро со добро идењето и одењето на луѓе знајни, меѓу луѓе незнајни; за со нас и...

    ПРИПЕВИ, поезија

    13. Може Може, може, може да не може еден сон на јава да ми дојде.   14. Рана Рана дамнешна, рана неизлечива снага папсува.   15. На сонце На сонце се смеам, сонце ми се смее. Топло е,...

    ПРИПЕВИ, поезија

    34. Ифрат Ифрат сокриен меѓу облаци и молњи од небо фрлија на родна земја и на добри луѓе.   35. Каар Некој незнаен каар ми го крши срцето, ми го одзема здивот и не ми дава...