jabolkov ocet, јаболков оцет, ocet, оцет
Потребно време за читање: 3 минути

Според некои извори, добро се покажал во зголемувањето на плодноста- како кај луѓето, исто така и кај животните, и во лечењето на ноќно мокрење кај децата. Се препорачува надворешна употреба на разблажен оцет, а триењето и масирањето со овој раствор извонредно им годи и на сосема здравите лица. Освен чувствувањето на свежина кое трае долго, тие и даваат на кожата мекост, влажност и здраво руменило. Во својство на облоги или средства за триење, јаболковиот оцет исто така се применува кај проширените вени, во комбинација со внатрешна употреба на оцетот, премин на здрава исхрана и со чистење на организмот, се постигнуваат добри резултати. На ист начин, јаболковиот оцет олеснува и некои ревматски болести и го отстранува чувството на постојан умор, на кој се жалат се повеќе луѓе. Со неразблажен јаболков оцет се измива грлото кај првите знаци на настинка, а е мошне препорачливо да се понесе на пат (особено лете) шише оцет за да се спречат нелагодите во варењето кои обично се врзуваат со промената на водата и храната. Во исхраната на спортистите, но и на интелектуалците, јаболковиот оцет и неговата комбинација со мед би требало да заземат важно место. Овој оцет е пребогат со калиум, тој влијае врз работата на мускулите и нервите, а учествува и во биохемиските процеси на ќелиско ниво. Ако со својот лекар сте ги исклучиле другите причини, а чувствувате слабост, поспаност, грчење и болки во мускулите, веројатно само ви недостасува калиум; третманот со јкаболков оцет набрзо ќе даде одлични резултати.

Прочитај и за ... >>  Крвниот притисок и последиците од него

Воопшто зборувајќи, јаболковиот оцет може да им се препорача на сите лица во вид на триење на телото со раствор од оцет по капење во обична вода; ова се однесува и на децата, освен ако немаат габични заболувања предизвикани од кандид. Сепак, кај сите лица кои имаат вишок на желудничка киселина, гастритис или чир на желудецот и дванаестопалачното црево, користењето на јаболковиот оцет како напиток може само да ги влоши работите. Ним им се препорачува земање на свежи јаболка и, се разбира, соодветна терапија.

Како да се слабее со јаболков оцет?

Одредени ензими ја поттикнуваат изградбата на маснотиите. Кај дебелите лица тие ензими се ослободуваат уште во устата, додека џвакаат. Оцетната киселина во јаболковиот оцет го запира тој процес. Освен тоа, јаболковиот оцет ги отвора масните ќелии, предавајќи ја маснотијата во крвта. Исто така, ја регенерира слузницата на цревата оти ги убива штетните бактерии. Го поттикнува варењето, а заедно со него се варат само дел од маснотиите, а остатокот се излачува несварен.

Прочитај и за ... >>  Стареењето и мозокот

Го одржува и нивото на шеќерот во крвта стабилно, го поттикнува метаболизмот на побрза работа, со што калориите побрзо согоруваат, а отровите и наслагите побрзо се излачуваат од ќелиите, што не е небитно во време на празници, кога сме наклонети кон претерувања од секој вид, па и во пиењето и јадењето на слатки. Од тоа нашата крв е прекисела. Оцетот, пак, реагира алкално и така ја нормализира PH вредноста на крвта. Заедно со сето тоа, јаболковиот оцет ги зголемува концентрацијата и работната способност оти содржи калиум кој влијае врз работата на нервите и мускулите.

Единствено ограничување за негово внесување се стомачните проблеми: вишок на желудничка киселина, гастритис, чир на желудник и на дванаестопалачно црево.

Во селските домаќинства јаболковиот оцет вреди злато; искуството покажало дека неговата употреба на фармите на крави придонесува за нивното здравје, во зголемувањето на телесната маса, на полесното отелување и подобриот квалитет на млекото. Кравите кои добивале јаболков оцет трошеле помалку храна, а млекото им било помасно и бактериолошки исправно- забележал Д-р Џервис по низа експерименти изведени во соработка со фармери, а слични резултати (зголемена носивост на ккошките носилки, квалитетот на месото) се постигнати и со додавање на јаболков оцет во исхраната на живината. Количеството на оцет што е потребно за товни говеда изнесува по една лажичка на секои 50 килограми телесна тежина, распоредена во текот на денот.

Прочитај и за ... >>  Главен и најдобар рецепт за здравје

За да направите јаболков оцет во домашни услови, пред се ви се потребни добри, здрави и непрскани јаболка. Доколку имате можности да правите оцет од диви, самоникнати видови, дотолку подобро. Најнапред изберете ги целосно здравите плодови, а потоа иситнете ги заедно со семенките. Јаболковата пулпа (иситнетото „месо“ на јаболка) заедно со сокот кој го испуштиле во текот на мелењето или сецкањето, ставете ја во соодветни садови, како што се стаклени тегли, пластични садови или буриња. По потреба може да се додаде малку вода и шеќер, доколку оцетот се прави од недоволно сочни и слатки видови. Садот се покрива со повеќеслојна газа и се остава на место каде што температурата не паѓа под 18 степени Целзиусови и не надминува 25 степени. Ферментацијата трае околу 25 до 30 дена, на сонце нешто пократко.

По завршениот процес оцетот внимателно се процедува и се разлева во чисти шишиња. Бојата треба да му е светложолта и без талог. Се чува на студено и темно место, а рокот на употреба му е практично неограничен.

(Преземено и преведено од: Research.net)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here