Потребно време за читање: 2 минути

Тоа е едно од најкорисните растенија од топлите краишта.

Во Кина младите фиданки на бамбусот служат како зеленчук, здрвенетото стебло се користи како материјал за градење куќа, правење мебел, садови, стапови и во плетарството.

Бамбусот цути мошне ретко-речиси на секои 100 години! Некои видови цутат секоја 30-та година , други на 67, а трети на секои 120(!) години. Ги има и оние кои никој не ги видел расцутени. Всушност, тоа е сосема нормално ако се има предвид дека ова растение од родот на тревите, кое расте и до 40 метри височина, одолговлекува со цутењето затоа што веднаш потоа умира.

Меѓутоа, можеби е уште пофантастично тоа што сите припадници од ист вид бамбус како по команда од некој центар цутат во исто време, било да растат како украсно растение во некоја градина во САД, Англија, Јапонија или во шумите на Индија. Тоа до ден-денешен е вистинска загатка за научниците. Сигурно е дека постои биолошки часовник вграден во хромозомите, тврдат биолозоите. Ако е тоа точно, пак останува тајна за што служи тоа едновремено цутење.

Прочитај и за ... >>  Како да се „опколите“ со жива ограда

Се претпоставува дека причината е следна: со цутењето, според тоа и со давање семе во долги временски растојанија, односно многу ретко, видот се брани од животните што се хранат со него. Имено, ниедно од нив не живее толку долго како оваа метузалемска трева за да го открие циклусот на појавувањето на семето, па ниедно и не може да го прилагоди својот начин на исхрана според бамбусот.

А кога бамбусот ќе расцути, еднаш во едно столетие, многу животни се нафрлуваат врз неговото семе. Меѓутоа, и тоа како повеќе да му користи на самото растение отколку на животните. Имено, бидејќи сите цутат едновремено, се создава слој дебел и до 20 сантиметри, па оттука, колку што има помалку семиња, поголема е шансата дека ќе никне нова фиданка. Со изгледи дека ќе поживее век и повеќе.

Ова древно растение расте на сите добро осветлени места во вашиот дом. Ќе успее подеднакво во земја, како и во ситни камења. Важно е единствено да се осигура коренот секогаш да биде влажен. Одличен избор е за кујна или бања.

Прочитај и за ... >>  Одгледување на домати и пиперки

Бамбусот го симболизира летото и е најчест сликан предмет на Ориентот. Тој се доведува во врска со Месечината, а Месечината со змејот.

Бамбусот е олицетворение на силата на машкоста, совршената хармонија што се врзува за неговата исправена положба и исклучителната еластичност. Внатрешноста на стеблото е празна, што асоцира на скромност.

Бамбусот често се спомнува во локалните легенди, а инспирира и писатели, сликари и музичари. Се смета дека е тој Татко на сликањето со четкичка (суми), со кое се искажува едноставноста на животот и духовната скромност.

Од бамбус се прават кендо мечевите, а ножевите се користат за пресекување на папочната врвка на новороденчето, но и на погребни церемонии.

Кај азиските доморотци бамбусот е дар кој се чува од раѓање до смрт. Се употребува во многубројни традиционални церемонии, а може да се користи и како лек или амајлија.

Бамбусовите стапчиња донесуваат среќа (Feng Shui). Се смета дека свиралата од бамбус имаат мошне вредни својства на Feng Shui.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here