Photo by Gary Barnes from Pexels
Потребно време за читање: 3 минути

Истражување покажа дека мажите кои со својата партнерка живеат и пред бракот, работат повеќе домашни работи отколку кога ќе стапат во брак. Можеби е и тоа причина поради која вонбрачните заедници се се почести во САД. Во 2006-та година е утврдено дека на тој начин живеат над 5 милиони парови.

„Бракот е традиционална институција и тој очигледно има еднакво влијание на се. Дури и мажите кои сметаат дека со жените се во се рамноправни, по стапувањето во брак често се однесуваат во согласност со својот став”, смета социологот Џорџ Мансон од Вирџинискиот универзитет.

Научниците истражувањето го извршиле врз 17.636-мина испитаници од 28 земји на светот. Мажите во просек работат одвај 9 часа домашни работи неделно, наспроти жените кои за истите работи трошат над 20 часа.

Инаку, честа е женската идеја дека нејзиниот мил во бракот ќе се промени. Тогаш се ќе биде поинаку, мисли таа, сите негови несовршености (таа го сака и со нив, но сепак порадо би сакала да ги нема) ќе исчезнат кога ќе биде оженет човек, тогаш ќе мора да стане сериозен. Тогаш доаѓа големото изненадување дека тоа не се случува.

Прочитај и за ... >>  Животот и биоритмот

Мажите во бракот не се менуваат. Се разбира, во текот на долг период ќе дојде до некои промени, но само тоа што стапил во брак нема да го промени мажот, ниту ќе му падне на памет дека треба да се менува. Тој се оженил затоа што со лицето со кое сака да биде, на начин на кој сака да биде, сака таа состојба да биде трајна- така што ниту тој самиот да се менува, ниту да се менува неговата мила. Што се однесува на мажите, жената би требало и во бракот да остане онаа весела личност со која се забавувале и со која толку уживале- токму поради тоа уживање и посакале врската да ја направат вечна.

Она на што повеќето мажи се надеваат е дека нивната мила нема да почне да бара повеќе во бракот отколку што барала во текот на забавувањето, како и дека нема да го промени физичкиот изглед- а жените мошне често во бракот стануваат токму такви оти го сметаат за многу посериозен отколку што било забавувањето, и во согласност со таа своја промена го менуваат и својот изглед.

Прочитај и за ... >>  За брачната среќа

Што да се прави? Не е лошо да се знае дека љубовта, без оглед што се мисли за неа, сепак не е семоќна, и оти луѓето се менуваат во согласност со своите избори и со капацитетите за промени (на пример, има такви што се прилично неприлагодливи и неволни да се менуваат, и тука е залудна работа да се обидувате што било да менувате). Значи, погрешно е да влезете во брак очекувајќи некои големи промени кај својот избран/ својата избраничка- ако тој/ таа има некои особини кои не можете да ги трпите, ќе ги има и во бракот, па би било подобро да размислите дали да влезете во брак во кој ќе живеете со нешто што ви е неподносливо, или е попрактично пред бракот да се обидете да го промените она што воопшто не ви одговара, па ако не оди, да го прифатите фактот дека со тоа лице ни бракот нема да оди.

Прочитај и за ... >>  Родители и деца: од „правење“ до растење

Што се однесува на мажите, не би било лошо да знаат дека жените главно не ги посматраат на ист начин забавувањето и бракот, дека бракот го сфаќаат многу посериозно, и оти од нив ќе очекуваат во бракот да се однесуваат позрело и поодговорно, како и дека разноразни обврски ќе треба да преземат врз себе си- сепак ќе живеат во заедница, и тоа во заедница во која нема да се гледа со одобрување ако се однесуваат како големи момчиња.

Бракот за жената не е вечно продолжено забавување, туку е и нешто посериозно од тоа, и подолготрајно и постабилно.

Брачната заедница бара двајца луѓе константно да се прилагодуваат на потребите на оној другиот, дефинитивно бара повеќе сериозност од забавувањето, и ако обајцата не се подготвени за тоа (и ако не се сигурни дека и другиот е подготвен за тоа, така како што е во тој момент), подобро е бракот да се одложи.

Се и сешто е сменето од 2006-та година. Но се чини, сеуште важат овие заклучоци, нели ?

Претходен написКарпеста уметност во Македонија
Следен написШесто сетило кај животните