Vox populi - гласот на народот
Потребно време за читање: < 1 минута

Вредноста на животот е во загработ на секој негов мигЗа да не те одмине или залудно да ти мине.

Да знаеш да живеешзначи дека си научил колку е тој минливдека ништо друго не останува по него освен малку време со делонекој чекор што совладал празен простори малку спомен дека си бил.

Не трчај по животот и не се обидувај да го продолжуваш повеќе отколку што ти е пишаноЗатоа што ќе се случи тој предвреме да те претрчапа да стави точка на се.

Прочитај и за ... >>  Македонски народни пословици за убавината - личотијата

Биди задоволен од себе си додека си жив.

Македонски народни пословици:

-Во сон се родив, во сон живеам, во сон ќе умрам;
-За едно зрно пченица врапчето се ваќа во склупцата и си придаа животта;
-Пусти пчошки живот што живеит;
-Поарно чесна смрт отколку нечесен живот;
-Мала вечеричка, долга живеачка;
-Животот е сладок ако е и горчлив.

Пословици од народите на светот:

-Живеј да учиш, учи да живееш (Данска);
-Треба да се живее така да можеме да живееме и утре (Германска);
-Знај да живееш, но знај и да умреш (Руска);
-Плод на човековиот живот е неговото име (Арапска);
-Доволно знае оној што знае да живее и да молчи (Француска);
-Тешко е да се бориш против оној кому му е тежок животот (Холандска);
-Брз живот, краток живот (Германска);
-Лесно е да се живее, но тешко е добро да се живее (Полска);
-До смртта се е живот (Шпанска);
-Многу знае оној што знае да живее (Италијанска).