Потребно време за читање: 2 минути

Не секоја работа го благороди човека, ами само онаа што му прилега, што знае и сака да ја работи, на која може да ѝ се посвети. Сетики го благороди делото по неа.

Ама неработата не само оти го разболува човека, го снеможи, му ја турка снагата наземи, ами и го унижува, го безличи да не се препознава себеси, та други да не го познаваат и признаваат.

Ниедна работа што се работи со мерак, со срце, најсетне не излегува бадијала.

Македонски народни пословици

Ако ми е весел комшијата, побргу да си ја свршам работата.
Ако му згазиш на чоека на стапалката, не гази му на работата.
Ако не артирисаш од работата, артирисај од устата.
Ако немаш работа, стани испат; ако имаш пари, стани кефелен.
Бадијала да работиш, од коа не те брка работата, нема што да спечелиш.
Вати ја работата од порано, да ако сакаш да ја свршиш побрго.
Гледај си работата, а не гледај кај што течит реката.
Гулаби рани, работа губи.
Да ошчурее и работа и ѓаволо шчо го нема.
Дните в торба не влегоа, да што се стегаш за работа.
Дури не ја ватиш работата, сама не се сработуа.
Жени мрзливи седат без работа, ако децата му одат без кошула.
Играчките за децата, а за мажите работата.
Ја врзавме работата со бубаќерен конец.
Ја тиква, ја лубеница ќе му излезит работата.
Многу работи кој заваќат, не и довршуат.
Мрза туку нема у чоека, мила му е работата.
Немал дедо работа, што си купил маторица.
Не оставај сегашната работа за утре.
Старите што работа да сработат, младите непара ја бендисуаат.

Прочитај и за ... >>  Омразата-пизмата

Пословици од народите на светот

Ако работат рацете, работи и устата. (Калмичка-Калмиците се народ во Калмичка република, а ги има и во Астраханската, Волгоградската и Ростовската област, како и во Старополскиот крај на Руската федерација; Калмичката република се простира на површина од 74.731 км кв, помеѓу реките Волга и Дон, на бреговите на Каспиското езеро. Главен град е Елиста. Официјални јазици се руски и калмички. Има вкупно 283.166-мина жители (според пописот од 2010. година). Калмиците се единствен европски народ од монголско потекло, додека Калмикија е единствен европски регион каде што преовладува будизмот кој потекнува од Тибет. )
Треба брзо да се работи она што не е важно, за да може полека да се работи она што е важно. (Кинеска)
Својата работа мери ја со време. (Узбечка)
Блазе си му на оној што живее од своите раце. (Албанска)
Учени без работа како облак без дожд. (Арапска)
Со работа се се постигнува. (Француска)
Кој и е верен на работата, нема да го изневери лажна љубов. (Германска)
Кој не сака да работи, доволно му е да се вљуби. (Германска)
Подобро е неплатено да се работи одошто да не се работи никако. (Персиска)
Бескорисната работа е исто што и неработата. (Руска)
Од работа волот никогаш не се здебелил. (Италијанска)
За осум дена живот се потребни девет дена работа. (Турска)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here