АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I
1.000. Сега жалиш оти некогаш сме можеле, а не сме биле заедно? Што дека по многу време?!
АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I
Со малкумина секогаш секако, со многумина никогаш никако.
АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I
Само убавини догледувам и согледувам пред мене, околу мене и во мене. Грдости и груботи надминувам.
АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I
Замолчени, молчат, се прават наглуви, оглувеле. Партиски слуги покорни.
АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I
Туѓ во своја земја?! Да, штом си ја запустил или си дозволил да ти ја запустат.
АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I
Слеп при очи, глув при уши, нȇм при уста и глас, безумен при ум:
Власт е, а нема поим, а кажува и прави будалаштини.