АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ VIII

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    Личната омраза спрема кого било деградира, понижува и побудува презирна постапка.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    987. Неживот е кога недоветни, хохштаплери и туѓински платеници одат напред, а умни и самосвесни страдаат.  

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    1.000. Зависноста сведи ја неопходност, а независноста нека ти биде неприкосновена.* ______________ *Почитувани, со овој проблесок во мислата ја завршувам мојата осма книга „Проблесоци во мислата“....

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    Во големите игри на силните секогаш се најбројни марионетите.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    Стари љубови му оставиле траги во срцето, та во самота му го скршиле.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    Немој како било додека е. За да биде подобро одошто било.