АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ IX

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    114. Совреме излегува на виделина несомнено вредното создадено од човек кому слободата на говорот и мислата му се пред сѐ.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    124. Докажи дека не си послушник и роб на твојата партија. Откажи се од неа, запали ја јавно партиската книшка! Или не можеш без...

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    18. Не си создал ништо вредно, сѐ растураш и уриваш, а творци и зналци дозволуваат да ги предводиш!

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    26. Доста со вас и од вас! Отсега без вас и без сите како вас! Отсега со оние од нас што се за нас!

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    28. Владееш со туѓи животи, а не живееш свој. Одлучуваш, а си самоволен. Дребнав си, а си големец.

    ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

    29. Љубовта и почитта ја вкоренуваат полнотата на животот.