ГРАМАДИ

    ГРАМАДИ, стихозбирка

    5. Се собрале љубови и надежи грамадни, изворишни крај бистри води меѓу стени, меѓу гори, како корени што нема сила никоја да ги искорени на сонце, на плодно парче земја обградено со планини и нивни...

    ГРАМАДИ, стихозбирка

    4. Наеднаш пред мене, на виделина грамада од зборови нечии и ничии, но меѓу нив ниеден мој. Не ми паѓа на ум да сторам што било со нив; ниту да...

    ГРАМАДИ, стихозбирка

    3. Се нафрлиле ли сами едни врз други коскиве човечки или некој ги нафрлил по последна очајна, однапред изгубена битка? Меѓу нив единствено можам да препознам коски на деца, мажи, жени и стари, многу од нив испокршени. Грамада...

    ГРАМАДИ, стихозбирка

    2. Ништо не навестува, ништо не покажува, ниту нешто укажува дека грамадана од сончеви изгреви на доглед е од самости и заборави. Ниту дека во неа, во нејзина сенка, во нејзина тишина ќе починам за да...

    ГРАМАДИ, стихозбирка

    1. Дали бил последен тој што ја направил првава грамада среде пустинава? Слушнав во здив што ѝ порачува на неизвесноста: Грамадава сум јас, камењава моите голи коски, а под неа мисла дека животот без мене секако продолжува.