Потребно време за читање: < 1 минута

4. Личното и заедничкото

Обајцата имаат ист став за личното и заедничкото во сопатништвото: уважение, одбрана и толеранција на личното;заедничкото сплотувачко, споделувачко, со една и иста цел.

Разликата меѓу нив е во разбирањето на самотништвото, сеедно дали самосвојно, самоволно или истовремено и наспоредно со сопатништвото: таа смета дека дури и кога човек некое време сака да биде сам, самоста мора внимателно заеднички да се следи, да се контролира за да не премине во самодоволност; тој самоста апсолутно не ја прифаќа во сопатништво или како дел од неа и многупати во животот си докажал на себеси дека во спротивно многу брзо му овозможува на личното да го надвладее заедничкото.

Таа:

-Ние сме сега далеку еден од друг, веќе далечни, неважно дали мораше или не, но нема да дозволиме да се оддалечиме до меѓусебно отуѓување. Нашата љубов е безмерна и безгранична.

Тој:

-Јас сум убеден дека заедничкото ни е многу поголемо и поцврсто од моето и нејзиното лично. И ниту имало некогаш, ниту ќе дозволиме кога било самост која ќе го загрози, а камоли да го прекине, да го пресече, да го збрише нашето сопатништво.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, поглавје 55

Таа и тој  зрачат со спокојство и ведрина. Ни сенка од каква-годе загриженост.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here