Потребно време за читање: 2 минути

1. Добре, Добринка и Црн Петко пред телевизор

Добринка: Добро, бре, Добре мој, синко свекрвин, ќе се мрднеш ли од телевизорот? Ќе оќориш, ееј, ќе ослепиш…Кај те најдов, кај те запустив, кај ме запусти мене со тебе…Ти се свртел умот од тој фудбал.

Добре: Пушти ме, мори Добринке, на мира, глеј си домаќинската работа. Ова е ептен важно…Судија бе, судија, ееееј, што чекаш, бре? Дај му црвен картон… Ама како само може! Па тој нема врска од фудбал…Зар не виде бе судија, црвено-црниот му ја скрши ногата…Ту, бре, како можеше да промаши…Ама што е ова?! Судија, врска немаш од судење. Кој ли ти ставил свирче в уста, а?

Добринка: Смири се, Добре, еве ти едно апауринче. Ќе те удри инфаркт…Пушти ги нека си се истепаат…Их, голема работа! Ти да си ми жив и здрав.

Добре: Уа, судија!

Црн Петко (влегува, уште од врата): Е, ова го нема никаде! Никогаш не било! Ваква срамота…Како само можат…

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Добринка: Само уште ти фалеше, Црн Петко.

Црн Петко: Добре, го виде она? Чист гол. Ма каков офсајд, нема врска…Се гледа. Наместено…Ќе изгубиме, готово е…Е, не можам да издржам. Ќе го фрлам телевизоров низ балкон. Не можам веќе. Ова не се издржува!

Добринка: Полека, полека, Црн Петко. Да не ти фали и тебе едно апауринче, а? Ај, напи се. Еве ти и водичка…Смири се де.

Црн Петко: Ај сега и ти, комшике…Како капак…Ах, да не е ваш телевизоров… Апауринче велиш,а? А не ти текнува едно ракииче?

Добринка (наеднаш вреснува): Гооооол!..А бе, гол дадоа овие! Ајјј…Е, така им треба! Овие Европјаниве немаат врска од фудбал…Што е ова? Гледате? Бегаат од топката…Кој им даде копачки, кој ги фрлил на теренон?…Така им треба!…Тие ќе ни продаваат европски…Како да не! Ова е Балкан, ами како…Браво, бе, Балканци…Удри! Удри…Не давај, не пуштај…Леле, ама го продрибла…Така му треба!

Добре (со смирен тон): Добринке…Мила моја ќерко дедова…Што ти стана? Што те фати?… Знаеш што правиш?

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Црн Петко: Комшике, свесна ли си?..Знаеш ти за кого навиваш?

Добринка: Како дали знам? Па, се знае!…За кого? Да не мислите да навивам за вас?…Гледајте ги, видете ги! Топкана ко да им се залепила за нозе…Алал да им е на црвено-црнион дрес со лавчено и орелон што го носат…Напред Балканци!…Уа Европјани!

Добре: Добринке…ееј…запри! Чекај да се разбереме.

Добринка: Ама што има да запрам? Што да се разбереме? Овие синиве, Европјаниве, немаат врска…Кој ли ги собра…Тие ќе играат против нас!…Уште не научиле кои се Балканците…Со мнозински и малцински заедници…

Црн Петко: Ама, Добринке, тераш погрешна политика…Синиве се наши…Црвено-црнине се само кандидати за во унијата…до куково лето…

Добре: А да ти дадам едно апауринче, Добринке моја мила, ќерко дедина? А? Да се смириш. Да не те удри инфаркт…Нема шанса да победат црвено-црнине со лавчено и орелон…Си ја знае работата судијана…

Добринка: Ма, што ви е вам?! Мене апауринче?!…Ај, Добре, станувај! Донеси ракииче!

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here