Потребно време за читање: 2 минути

6. Во неслободно паѓање

Расправаат и одвреме-навреме се расправаат за неслободното паѓање политичар и филозофирач.

Политичарот:

-Нема што ти да ми филозофираш за неслободното паѓање кога ниту си паѓал така како јас, ниту си станувал по такво паѓање. Не можеш ни да замислиш слободно, камо ли неслободно паѓање.

Филозофирачот:

-Не ти замерам што ме сметаш за таков незналец и неискусен. Разбирам дека си нервозен, скоро си на крајот од нервите зашто си во небрано, па паѓаш неслободно. Само ќе ти кажам, а можам и да ти докажам дека слободното паѓање во политиката е честа во слободна односно независна односно самостојна политика и по дифолт е природена на политиката, па и на политикантството. Неслободното, пак, не е слободно, а тоа значи принудено, неминовно и со самото тоа болен процес. Крајот на слободното паѓање е најчесто мало или големо повредување, а крајот на неслободно тотално кршење, распарчување, отепување или дотепување.

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Политичарот:

-Ама ми изнакажа… Слушни што ќе ти речам јас, филозофирачу! Јас сум ти жив пример на политичар во неслободно паѓање. Немав никаков проблем со станување, па и исправање на нозе додека паѓав слободно откако ќе паднев, ама како таков бев мал, безначаен, им слугував на поголеми од мене и можев само да сонувам дека некогаш ќе станам политичар на власт. Меѓутоа, кога станав неслободен политичар бев политички фактор сè додека не почнав да паѓам неслободно. Главен играч во политиката и со власт в раце.

Се уфрлува филозофирачот:

-Да ти кажам јас зошто си станал неслободен политичар! Затоа што како слободен не си можел ни да сонуваш да станеш политички фактор и политичар на власт. Зашто не те бидува за политика.

Политичарот воздржано лут:

-Ти ќе ми кажеш! Ај кажи ми и покажи ми некој слободен политичар. Тврдам дека таков не постои ни кај нас ни во светот. Слободен е само спрема помалите и подолните од него, евентуално може спрема мали и неспособни политиканти. И евентуално таков станува неслободен со власт в раце.

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Филозофирачот:

-Ептен си контрадикторен. Дури трагикомично. Нејсе, нека е како што велиш ти. Дека и слободен политичар станува неслободен со власт в раце. Ама немој да бегаш од темата на нашава расправа и расправија одвреме-навреме. Расправаме и се расправаме за неслободното паѓање.

Политичарот:

-Ти реков веќе. Тоа е долго како процес зашто е принудено, неминовно. На крајот на неслободното паѓа се случува тотално кршење, распарчување, отепување или дотепување.

Филозофирачот:

-Не ми рече ти, туку јас ти реков, и тоа баш од збор до збор. Добро. Неважно. Значи, бидејќи ти си на крајот на твоето неслободно паѓање, добро знаеш каков ќе ти е крајот. Но, зошто не паѓаш неслободно сам, туку ги повлече со себе и твоите подредени политичари и бизнисмени? Зошто стори сè што треба за и тие да паѓаат неслободно, заедно со тебе?

Политичарот:

-Па тоа е многу просто, мој филозофирачу! Затоа што и тие се на власт со мене и затоа што не се слободни, туку зависни и од мене и од оние од кои зависам јас. Односно се несамостојни.

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Филозофирачот:

-Заклучувам.

Му се уфрлува политичарот:

-Добро, ај ти заклучи.

Филозофирачот:

-Неслободното паѓање секогаш трае подолго од слободното затоа што по паднувањето или нема станување никогаш или, пак, ако останеш жив, здрав нема шанса, ќе станеш пак политичар откако ќе научиш да паѓаш слободно. Ама нема да научиш никогаш, а тоа значи дека си мртов како политичар.

Политичарот:

-Не се согласувам сосема, ама нека биде по твое.

Политичарот и филозофирачот се разделуваат без срдечно поздравување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here