Потребно време за читање: 2 минути

33. Горчлива власт

Во огромна канцеларија со голема канцелариска маса од ореово дрво и ногарки од ковано железо, длабока кафена кожена фотелја, кафен кожен двосед, застаклена витрина со две-три дебели книги, плакети, мали камени и железни скулптури, две големи апстрактни графики и три големи кактуси во аголот спроти влезната кафено тапицирана врата. Седат еден спроти друг властодржецот Курто и властољубецот Мурто. (Курто во фотелјата, а Мурто на двоседот.)

Курто:

-Мурто, ај доста со слатката и горчливата власт. Отекуваш бре брат.

Мурто:

-Ама ти додека не стана властодржец само за нив зборуваше. Од уста не ги вадеше. Заборави што тврдеше? Дека власта е слатка дури не си на власт, а брзо ќе ти загорчи откога ќе бидеш. Сега мислиш друго?

Курто:

-Не мислам друго. Јас не го менувам мислењето како чорапи. Само мислам дека загорчува ако се заборавиш на власт; ако си предолго на власт, а не ти паѓа на ум да отстапиш, да му ја предадеш на друг. На опозиционер каков што си ти, Мурто.

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Мурто:

-Ај прво да расчистиме со слатката и горчливата власт, па после ќе ми кажеш за каков ме мислиш како опозиционер. Јас мислам дека власта не е ниту слатка, ниту горчлива. Неа ја прави таква или таква човек на власт каков што си ти, Курто.

Курто:

-Тоа ми звучи малку навредливо, другар мој. Каков сум јас како човек на власт?

Мурто:

-Како човек кому му била слатка власта, па во меѓувреме му загорчила.

Курто:

-Не разбирам.

Мурто:

-Не можеш да разбереш зашто не знаеш што значи да е слатка, а кога власта загорчува.

Курто:

-Стварно? Е ај лебати научи ме.

Мурто:

-Само ќе пробам да ти објаснам зошто власта не е, ниту може да биде слатка. Секогаш е горчлива. Суштината на проблемот е каква се сака. На пример, јас како Мурто не сум како тебе, Курто, затоа што власта како ваква, таква, некаква или никаква може да му го загорчи животот на човек кога човек од голем властољубец преку ноќ ќе стане властодржец. Не ненадејно, туку сосила за да игра како што му свират некои што ја довеле ситуацијата до свирнување.

Прочитај и за ... >>  ШИЛО И ОСИЛО, Книга VIII: Скечуално, хумористично-сатирични скечеви

Курто:

-Мислам дека добро те разбрав, Мурто. И мислам дека и ти си како мене.

Мурто:

-Не се сите исти, Курто.

Курто:

-Напротив. Исти се сите на кои им е слатка власта сè додека не ја земат во свои раце, а веднаш потоа им загорчува.

Мурто:

-Како секогаш, и сега не се разбираме. Нормално, зашто ти си властодржец, а јас властољубец.

Курто:

-Но јас сум Курто, а ти Мурто.

И така, пак неразбрани, Курто и Мурто се разделуваат. Мурто без поздрав, молчешкум и со брзи чекори излегува од властодржачката канцеларија на Курто.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here