Потребно време за читање: < 1 минута

Дали значително или радикално ќе се промени мислењето и односот спрема Бога и неговите 10 заповеди со резулатот од едно научно истражување? Можеби ќе „урне“ дел од основата на Библијата односно христијанската религија?

Имено, во студијата на еден израелски истражувач се тврди дека Мојсеј бил под влијание на психоделични дроги кога на планината Синај го слушнал Бога кој му ги дава 10-те Божји заповеди!

Дрогите кои влијаат врз човековата свест го формирале целосниот дел од религиозните обичаи во библиските времиња, тврди Бени Шенон, професор по когнитивна психологија на универзитетот Hebrew во Ерусалим.

Својата теза тој ја изнесе во филозофското списание Time and Mind.

„Што се однесува на Мојсеј и планината Синај, или тоа било натприродно космичко искуство, во што не верувам, или е легенда, во која исто така не верувам, или сепак, а тоа е најверојатно, настанот кој ги споил Мојсеј и Израелците бил под влијание на наркотици“, изјавил Шенон. „Мојсеј бил под влијание на дроги и кога ја видел запалената грмушка“, додал истакнувајќи дека и самиот користел такви супстанции.

Прочитај и за ... >>  Сензационално: научниците успеале да го запрат времето!

„Библијата вели дека луѓето гледаат звуци, а тоа е класичен феномен“.

Притоа го цитирал примерот на религиозни обреди во амазонските прашуми, во кои дрогите се користени за да им овозможат на луѓето да „видат музика“.

Го спомнал своето искуство кога користел ayahuasca, силно психоделично растение, за време на верски обреди во Амазон:

„Доживеав визии кои имаа спиритуално- религиозни конотации“.

Според Бени Шенон, психоделичните ефекти на ayahuasca се споредливи со оние напитоци базирани на кората на багремово дрво, кое е често спомнувано во Библијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here