Потребно време за читање: < 1 минута

9. Пред онемување

Трајче и Бајче се шетаат на плоштад и водат неврзан муабет. Прават два-три чекори, па застануваат, па постојуваат некое време, па пак дв-три чекори…и така. Денов е есенски и сончев.

Трајче:

-Не ја бидува работава.

Бајче:

-Да бе.

Трајче:

-Ни ја растурија државичкава.

Бајче:

-Да бе.

Трајче:

-Ја испокрадоа, ја урнисаа.

Бајче:

-Да бе, да бе.

Трајче:

-Кај ги најдоа овие недоветни да бидат власт?

Бајче:

-Е па…

Трајче:

-Жално за народецов.

Бајче:

-Да бе.

Трајче:

-Јаден и страден.

Бајче:

-Да бе, да бе.

Трајче:

-Што очекува?

Бајче:

-Ништо.

Трајче:

-Ништо, а глас не крева.

Бајче:

-Да бе.

Трајче

-Ни се разбегаа младите. Нема кој да ја оправи работава.

Бајче:

-Нема.

Трајче:

-И што? Ништо!

Бајче:

-Да бе, да бе, да бе.

Трајче:

-Нема чаре. Готови сме.

Бајче:

-Готови.

Трајче:

-Ма ич не ми се збори.

Бајче:

-И мене.

Престануваат да зборат продолжувајќи да се шетаат на плоштадот на денов есенски и сончев. Правејќи два-три чекори, па застанувајќи, па постојувајќи некое време, па пак два-три чекори…и така.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here