Потребно време за читање: < 1 минута

45. Нејзина за доверба

Избира зборови
кои ќе го продолжат
нивното спокојно будење
во рани зори, пред сонце.

Избира и допири
кои ќе разбудат нежност
меѓу нивните голи тела
втонати во безвремен
нивен круг
на животен врв.

Зборови и допири,
зборови и допири,
зборови и допири.

Спокој со нежности,
по нежности спокој.

Нивен круг
на животен врв
пред нова стварност
сосе заумност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here