38. Страст за плод
Се нашле случајно или намерно
за љубов со време ли сал нивно,
за бескрајност и вонвременост.
Се знаеле или не се знаеле
одамна, може неодамна,
тоа е сосем небитно во песнава
со нивнава страст за плод.
Сеедно им е дали се на показ
на светот,
дали го нема со нив, во нив,
ни дали по врвов пред нив
е нов за нив.
Можеби откога ќе премалат
од страста за плод
ќе запалат и ќе разгорат оган
што ќе го извишат до небо.
Можеби не се познаваат?
Веќе не!