Потребно време за читање: < 1 минута

47. Нејзина за смисла

Имаат смисла мали цели
до последна голема
во живот преостанат,
живеан
со сопатничка љубов.

Смислата им е
во врвиците до нив
на почеток и прв чекор
стамен, спокоен,
достоинствен.

Има смисла опстојот
на моето постоење
меѓу болка и надеж,
наспоредно
со на човек кој
во пајакова мрежа
долго стоел;
исправен среде круг
гледајќи ме, следејќи ме
мене,
жена во црнина
пред стрмна планина.

Смислата ни е
во наш круг,
среде кој сме заедно
откога стасавме на врв
на молк и збор,
на тишина и гром,
на будност и сон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here