Потребно време за читање: < 1 минута

40. Зборови и допири

Нема меѓу нив
зборови со допири,
ниту допири за зборови,
ниту едни без други
сè дури макар премалени
не го освојат овој врв
како нивен,
а потоа оној што им е
догледен пред нив.

Маж и жена заедно
во едно време по некое
долго и самотно,
сосе несовладливи
жалости низ поразии.

Ни зборови со допири
ни допири за зборови,
бесцелни, бесмислени,
едни без други.

Меѓу нив конечно
понекој спокоен миг
како безгрижен лет
на пеперуга.

Меѓу нив конечно
цвеќиња, треви,
плевели, корени
што покриле траг
неизбришлив
на минати опстојби,
на угаснати огнови
и лузни од обгори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here