Потребно време за читање: < 1 минута

42. Сончеви допири

Обајцата се радуваат
на сончевите допири
што им ги спокојат
голите тела
разбудени утрово
преуморни од страст.

И врвот и подножјето
меѓу кои минаа ноќ
без збор, без болка,
беа живи, разиграни,
како да се дел од нив.

Обајцата се спокојни
дека сончевите допири
им го започнаа
времето во кое заедно
и рамносилни
ќе стојат исправени
во нов круг,
само нивен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here