Потребно време за читање: 3 минути

30. Под честа ми е да сум во друштво со наперчен и умислен творец.

31. Војна? Па што?! А што друго последно од асимилаторско-окупаторски соседи?

32. На сцената двајца лидери-„лути“ противници. А зад кулисите…

33. Зошто се трупаат оружје и војска на граница? Како зошто?!

34. Не ме спомнуваш, не правиш ништо во знак на сеќавање на мене-значи ние не постоиме.

35. Од многуте тишини на постоење и непостоење на човек, најболна е тишината без негова трага.

36. Творецот игра со сè во животот, па и со својата смрт.

37. Многу сторив за тебе, а ти за мене ни нешто најмало.

38. Најпосле решив да создадам дело за мене и за никој друг.

39. Светот пропаѓа во ново време со хибридни војни и неприродни катастрофи.

40. -Зошто ме прашуваш кога знаеш?
-Зашто не знам повеќе.

41. Може ли здраворазумен човек некое време да не мисли ништо?

42. Биди искрен пред себеси кога се докажуваш пред други дека те бидува и можеш.

43. Не трошам ни збор за оној што не сака да ме слуша.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, поглавје 55

44. Умниот умува и се труди да разбере. Неумниот ем не разбира ем слугува.

45. Будали на власт се обидуваат да го збудалат народот.

46. Пристоен и сиромашен и квалитетен живот.

47. Никаков живот на убавина обградена со грдости, грубости и простаклаци.

48. Лажењето на антимакедонските политички партии, предводени од СДС, недвојбено им е политичко кредо!

49. Прашање за европските и северномакедонските политиканти:
Од кога протокол е со иста, дури поголема важност од меѓудржавен договор?

50. Прав политичар не дели власт со политиканти.

51. Кој не плаќа струја, струјата му се исклучува, нели? Особено ако ја испорачува приватна компанија! Па што е проблем?!

52. Со ноторен лажго не може да има ни разговор ни каков било договор.

53. Мое политичко кредо:
Сестран напредок на државата и општеството, во хармонија со просторот и времето на животот.

54. Мора час поскоро да се случи судбоносен крај со нов почеток.

55. Вреден живот:
Вредности на животот со вредности за живот.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I

56. Секој своја сосе наша борба! Мојата борба: со збор, мисла и дело.

57. Сегашна за идна живеачка на секој и на сите:
Достоинствена, пристојна, спокојна и животворна.

58. Секогаш знаеш зошто не можеш да заборавиш.

59. Северномакедонски книгоиздатели, не треба ни да помислите на печатење на моето грандиозното мислечко и книжевно творештво. Тоа за вас не постои!

60. Ништо не е интересно штом е сè сведено на личен интерес.

61. Просто:
Нема внесување на Бугари во Устав сѐ додека Бугарија не го признае постоењето на македонскиот народ и во нејзиниот Устав не ги внесе Македонците како „дел од народ“!

62. Прво меѓу први:
Крај со нов почеток за Македонија и македонскиот народ значи раскинување на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за „добрососедство“ со Бугарија!

63. Народе, зарем уште не ти е дојдено време за на клоци да ги избркаш политикантиве на власт?!

64. Само на инфериорен, инфантилен, платеник и слуга туѓинец може да му (до)кажува што е за него добро, а што не.

65. Пораз на партократија и чекор поблизу до демократија:
Движење/движења, а не партија/партии!

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

66. Нема збор, голем јунак си штом не го дозволуваш она што не зависи од тебе!

67. Секој однапред платен мора да одработи докрај, надевајќи се дека ќе му се доплати за добро одработено.

68. Одамна ниту јас во твојот, ниту ти во мојот свет.

69. Заднината иста како меѓу редови.

70. Наместо да бегаш од нив, избркај ги или обгради ги со мрак и заборав.

71. Им дозволи сè и затоа веќе не бараат дозвола од тебе.

72. По смрт на човек, негова енергија без негово тело.

73. Јас одамна не сум жив (непризнаен и во длабок заборав), но делото ми е уште многу живо.

74. Во Сончева земја Сонцето ги обединува луѓет, им дава сила, го брани човечкото достоинство и е животворно.

75. Просто прашање за секој европско-унијатски политикант:
Зошто на добри соседи им е потребен договор за добрососедство и дали е тоа можно меѓу добар и лош сосед-силник, крадач на туѓо минато и со докажани асимилаторско-окупаторски аспирации?