Потребно време за читање: 3 минути

827. Стоите во ред и чекате да ви дојде редот ко за клање!
(Со документи веќе да не сте Македонци, туку Северномакедонци со коси црти.)

828. „Двајца без тројца“ писатели-члемнови на МАНУ?! Не е ли време за формирање посебна Македонска книжевна академија-МКА?

829. А каде е опозицијата да се спротивстави на конечното идентитетсско бришење на Македонците во нивните лични документи?!

830. Македонија нема друга алтернатива, освен членство во ЕУ?!
Има!
Автентичен, македонски светол пат!

831. Изборите однапред корумпирани?! А може ли корумпирана власт да организира поинакви-фер и демократски!?

832. Некорумпиран-чесен.
Ќе си дозволи ли чесен да биде кандидиран од сегашнава корумпурана за во идната власт?!

833. Кој се плаши да даде мислење, да оцени или да суди, подобро да молчи сокриен во себеси.

834. Близу ти е крајот, а ти се надеваш на нов почеток за да продолжиш како досега.

835. Обезглавен си откога дозволи друг да ти ја крои капата.

836. Ако не можеш сам напред, не можеш ни да достоиш во место со друг.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 101-126

837. Кога е збор за јаки и слаби, треба да е повеќе збор за мали и големи.

838. Да знаеш да читаш меѓу редови е исто што и да знаеш да слушаш во молк.

839. Сам со себе и сам за себе во самост.

840. Сплотени опстануваат во неизвесно денес пред утре.

841. На најголема љубов не ѝ требаат зборови.

842. Признавањето вина е доблест на човек, не на предавнички властодржец, политикант, платеник и мафијаш.

843. Различноста најпрвин значи автентичност. Истоста се изедначува со безначајноста и бесполезноста.

844. Очаен на раб на бездна, пред скок во неа.

845. Јас сум единствена мислечка и книжевна личност на светот, со грандиозно творештво. Од Македонија.

846. Учениот тврди најпосле, не најпрвин.

847. Не владее интересот со светот, туку себичноста, алчноста и натуреноста.

848. Платени предавници и властодржачки велепредавници, пред конечно ништење на народ и негова држава.

849. Во моите дела сиот мој свет.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 165-206

850. Не е во прашање сакање или несакање. Станува збор за глупирање од немоќ и неспособност.

851. И што отсега, кога веќе не ви се дозволува како досега?

852. Или сами како било кога е како што е, а не треба да биде или многу скоро ќе нè нема.

853. Безизлез во беспаќе.

854. Со вас и вака само мртви.

855. Ќе ти ја откријат својата крајна цел дури кога ќе те дотуркаат до неа.

856. Неугаслива една љубов до крајот на животот.

857. Јас, човек во години, на крај на живот да се докажувам како мислител и творец, со создадено грандиозно творештво!?

858. Дибек е, токмак е. Празна лејка е…тапоумен платеник на власт е.

859. Ќе го издржиме, ама до кога?

860. Им тресе зелени на свои зелени кои нема никогаш да созреат.

861. Неписмен и глупав, а политичар, а властодржец, а властољубец.

862. Никој не ти е крив што си криво насаден.

863. Однародени, изроди, предавници, лигуши и измеќари на власт пренесоа жеден народ преку река.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 458-511

864. Убива нечовек човек во човек.

865. Заборавена љубов што некогаш била, а не била.

866. Грешките во животот си ги знам, но веќе немам време да ги поправам.

867. По трнлица и од друг неизодена врвица до своја догледна цел.

868. Сигурно ќе изгориш, ќе се пеплосаш од предолго меѓу два огна.

869. Голем свет со големи и мали.

870. Во политичките игри најголеми жртви се оние што ги играат, а ниту ги знаат, ниту ги разбираат.

871. Ми идеш на сон сонувана.

872. Не знам ништо за тебе. Ни што сум знаел.

873. Заборавен зашто не оставил ништо зад себе за паметење.

874. Моето не се брои. А и нема зошто.

875. Во мене си жива, моја убавино, и ќе бидеш додека сум жив.

876. Те молчам во длабок молк.

877. Беше човек и по сите премрежиња остана човек.

878. Љубов моја недосонета.

879. Безнадежно на крстопат без цел.