Потребно време за читање: 2 минути

964. Искрено жалам:
Избришани траги од моето радиско минато-во Втора програма на Македонско радио? Само две-три фотографии со мои драги колеги-соработници од младешките денови. Ниедна колективна, со сите или со некои од оние на кои им бев и уредник.
Во длабок заборав.

965. Да, моето време забрзано минува, ама вашето е одамна минато.

966. Сам со себе зашто не сум со никого.

967. Ме има само сега на Интернет и социјалнава мрежа Фејсбук, со мисли и книжевни дела? Никаде на друго место и во ниедно друго време?
Да, и исчезнат и до исчезнување.

968. Силата е во тебе, народе!
Извади ја! Разлеј ја!

969. Живот на уште жив голем и мал човек:
Работев, сработив, правев, направив, создавав, создадов, градев, изградив, надградував, наградував, вработував…
Чесно, чисто, доблесно.
Многу, та премногу за други, а за мене колку за старечко живуркање и заборав.
Зошто? Ни за фала.

970. Зошто зборуваш како да молчиш?!

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 676-775

971. Со лошотилак, злоба, непријателство, платеништво и покорно слуганство-само кое од кое поголемо злосторство.

972. Каква радост! Каква среќа!
Благодарение на власта, конечно со нови лични документи станавте Северномакедонци!

973. Сигурна победа на избори?
А ако „се случи“ нешто слично на, а различно од „тероризмот“ на 27. април 2017.?!

974. Јас сум за себеси и голем и мал колку што сум.

975. Можно или најпрво сценарио:
Следните парламентарни избори во Северџганија однапред да се „наместат“ како нерегуларни односно неуспешни. Па да се продолжи уште некое време „како досега“. Можеби и „вонредна состојба“.

976. Творец:
Со тебе сум, човеку, и кога сум близу и кога сум далеку.

977. Ни нема спас како народ ако не не сплотат нашите исконски корени и нашите милениумски и денешни духовни вредности.

978. Продадени души за многу никакви пари.

979. Не преживува ниедна убавина во грдо и суро време.

980. Во безизлез пред бездна.

981. Од секој од нас зависи до кога вака.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 341-391

982. Страв на страховладеач:
Не мораш да молчиш, само да не си громогласен.

983. За што било чекаш во долг ред кога е тотален неред.

984. Ни глас ни знак од тебе на наша врвица.

985. СОНЧЕВА МАКЕДОНИЈА
(Македонија-Земја на Сонцето).

986. Се разбира дека знам колку вреди моето мислечко и книжевно творештво, но тоа мене лично ми е апсолутно неважно. Особено затоа што е непризнаено, а е грандиозно и единствено на светот.

987. Нема ништо да оставам незавршено, што некој друг ќе треба да го доврши.

988. Направив се што можев за никому да не му пречам.

989. За моето денес и утре одлучувам јас.

990. Напорот е голем, упорноста и доследноста најголеми.

991. Не ми е право, ама не се исправа.

992. Не ми е сеедно, а ми тежи зашто не зависи од мене.

993. И по многу години иста силина на љубов невозвратена.

994. -Ти си гениј!
-Да, сум. И што?

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 294-340

995. Не сум ни стар ни премален, и покрај годиниве. Само што веќе немам младешка сила.

996. Сè тече, ништо не се менува во години на старечко живуркање.

997. Се повеќе од мене без мене.

998. Немам пријатели што ми биле некогаш.

999. Платеничка, предавничка и мафијашка политика против народ во своја земја.

1.000. Народот ве пцуе, ве колне, на нишан сте му, а вие пак замислувате како на избори да го изиграте. Со помош на оние на кои им слугувате.