Потребно време за читање: 3 минути

616. Моето грандиозно творештво е непризнаено во Македонија и му е непознато на светот? Баш ме заболе!

617. Најмоќно оружје во борбата против корумпирана, криминална и мафијашка власт е чесноста!

618. Гнаси на власт-Гнасна власт!

619. Опозицијо,
Граѓанската непослушност е силен отпор против ненародна власт. Не индивидуална, туку организирана и предводена.

620. Народе,
Спремај се за долга, макотрпна, исцрпувачка, жртвувачка и саможртвувачка борба за опстанок на оваа твоја исконска земја.

621. Немаат иднина држава и општество со натурена мафијашка власт и неосвестен народ.

622. Трагично и безнадежно е кога личниот интерес е над сè, а не постои никаков заеднички/колективен/обединувачки.

623. Знајно и несомнено:
Бугарите имаат турко-монголско потекло или се македонски изроди.

624. Не сум со вас оти вие тоа не го заслужувате!

625. Некои сакаат да контролираат други, а тие да не бидат контролирани од трети.

626. Неразбирливо:
Се прави паметен, а е докажан голем будала.

627. И цензура и самоцензура против слободоумноста.

628. А зошто само партии да се борат за власт?! Зошто не и движења, организации, институции, друштва, групи, поединци?

629. На власт за власт со власт.

630. Крадат и лажат дури им се дозволува.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 101-126

631. Мене во живот никој не ми диктирал, ниту некому ќе му го дозволам тоа дури сум жив.

632. Со асимилаторско-окупаторските дејанија кон Македонците, Бугарија е голем срам за ЕУ. Дали ја поддржува штом никако не реагира!?

633. Властодржец подлизурко, измеќар, платеник и идиот со тапија!

634. Ако не знаеш, треба да те научат да се повлечеш совреме.

635. Некои што ме знаат сакаат и да ме видат и да ме запознаат. Жалам што е тоа просто невозможно.

636. Не избирам од две зла помало. Ќе избирам кога ќе има најмалку две големи добра.

637. Никому не му е забавно и интересно во нов циркуз со стари циркузанти.

638. Можеби некоја од старите љубови уште жива во спомени.

639. Нашле село без кучиња, па му ги угаснале сите домашни огништа.

640. Трагично:
Лица замислени, загрижени, намуртени, лути. На нив ни трага од ведрина, радост, задоволство.

641. Значи, може уште вака штом е.

642. Речиси збришан веќе заборавен.

643. Ме брзаат времето и годините, а јас нигде не брзам.

644. Само личен интерес на политикант од почеток до крај на власт.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 127-164

645. Сè порамнодушен спрема сè што се однесува на мене. Ама не и предаден на играта на судбината.

646. Правата љубов е чиста, искрена и доблесна.

647. Мафија на власт со народот секако зашто единствено од него стравува за својата иднина.

648. Не е добро она што не трае долго.

649. Беден е сечиј живот сега за сега.

650. Ниедно дело не е завршено додека не го заврши неговиот творец. И тоа нема врска со неговата објава.

651. Никаде не сме заедно зашто ниту сме биле негде, ниту ќе бидеме.

652. Играш во политички игри и веќе си толку извалкан, што не се препознаваш себеси.

653. Македонија е во хибридна војна со Северџганија, асимилаторскиот источен и геноцидниот јужен сосед.

654. Моето грандиозно мислечко и книжевно творештво само на социјална мрежа Фејсбук и на мојот творечки сајт на Интернет? Да, засега.

655. Од мене многу совреме, па и предвреме, а преземено од друг како свое. Ако. Само да знам зошто.

656. Македонија може да стане асолна држава и цивилизирано општество само ако се на власт чесни, умни, учени и искусни личности.

657. Докажано постојам. Сè уште.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 827-879

658. Мислам и создавам, значи постојам денес и можеби утре.

659. Денес стана најтешко да се одбрани личниот спокој. Ни до утре.

660. Посакувам да сме макар миг.

661. Ех, моја жална Македонијо!
Ѓубриња непрокопсани страховладеат во тебе! Збришана се! Не постоиш! Само уште во срцата македонски си!

662. Со мафијаши и туѓински платеници на власт е многу тешко, а допрва ќе биде уште потешко.

663. Стар бел дедо не се умори од зборење, ами не збори оти нема кој да го слуша.

664. Големи игри за мали, невешти и безначајни играчи.

665. Сал со вредности вреден живот.

666. Со љубов напред. Со неа никогаш стој во место или назад.

667. Си создал дело? Што дека, кога нема за кого.

668. Ем празни лејки ем големи стомаци.

669. Јас не постојам ни како човек, а камо ли како мислител и творец? Добро. И?!

670. Од лошо полошо, а најлошо допрва.

671. Со одговорности и права до слобода.

672. Ако сакаш сè, немаш здравје.

673. Добро ми е? Добро, лошо, тоа е.

674. Да, можам. Но зошто?!

675. Не се поправа зашто требало да се расипе.