Потребно време за читање: 2 минути

1. Нема велепредавство без знаени последици. Затоа велепредавникот никогаш не го признава, а убедува дека сторил добро.

2. Да, нужно е широко македонско национално единство, но не со антимакедонска велепредавничка партија и измеќарски политиканти.

3. Мори американска госпоѓо, што не ни објасниш зошто твојата Америка толку запнала да нè напика во куќана на европскана блудница?! Па уште нè уценува со своето геостратешко туторство!

4. Стравувам дека скоро ќе заврши реализацијата на евро-американското сценарио за уништување на Македонците и нивната Македонија.

5. Ние сме во војна за гол опстанок! Ни фали само оружје.

6. Што бараме во ЕУ која ги поддржува наци-фашистичките асимилаторско-окупаторски аспирации на нејзина членка спрема нас?!

7. Слугинската и велепредавничка политика секогаш како бумеранг му се враќа на спроведувачот. Дури и по смртна цена на животот.

8. Поразително е сознанието дека по тебе ќе биде без каква било твоја трага.

9. Моето грандиозно мислечко и книжевно творештво е сѐ поголем проблем, па и нечија некаква пречка, особено зашто е неодминливо во каква било презентација на македонската книжевност?! Затоа што не го дозволувам тоа и оставив аманет да не се дозволува?
Како сега проблем, па и пречка кога тоа беше и е непризнаено, маргинализирано, игнорирано?!

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА XI

10. Често и обично е болно, но секогаш мора со прави зборови на право место.

11. Одговорно тврди, одговорно решавај и одговорно дејствувај. Предуслов за авторитетност.

12. Во секое негово дело еден и единствен.

13. Што сакам? Сакам да сакам уште.

14. Знае тој дека рамнодушноста унижува и поразува, но е сè понемоќен пред неа.

15. Од човек во години сè помалу надевање и сè помалу верба. Но и сè помалу лични задоволства.

16. Веќе неприкриено, подло и лицемерно ја раскрчмуваат Македонија?! Може нешто да остане од неа, но што и колку!?

17. Најчесто прашање во врска со моето грандиозно мислечко и книжевно творештво:
Што со него?
Одговарам:
Обврска (аманет) е тоа целосно да се постави на Интернет-на мојот творечки веб сајт https://panoptikum.mk/, а потоа…Доколку во меѓувреме не се овозможи негово издавање во хартиена форма во целост, тогаш блокирање-оневозможување пристап до него, а можеби и негово бришење.

18. Меѓу политиканти и здравите и болните во умот се прават наудрени.

Прочитај и за ... >>  ОГНИШТЕ,роман во продолженија

19. Надежта последна умира зашто човек без надеж не може да живее.

20. Индијанците во Канада имаат дури своја држава-Нунавут, а се збришани на американскиот континент. (Езгодус, војни, убиства, резервати.)

21. Лидерска средба подразбира не средба на двајца лидери на партии во Парламентот, туку на сите во него. На двајца е бесмислена.

22. Јас понекогаш нешто за мене, а и за тебе ако ти значи нешто.

23. Три мои суштествени посветености:
Читам, учам и пишувам-создавам.

24. Одговорноста не може да се споделува зашто секогаш е и мора да биде лична.

25. Не разбирам зошто умни, учени и опитни дозволија за лидер на партија да им изберат политикантско, простачко и тапоумно човече.

26. Ги сакам сите со мене, но најпрвин те сакам тебе.

27. Многу ми е важно дека си ми пред очи, мој непријателе.

28. Нема иднина народ без свои големи личности со возвишени дела во минатото и денес.

29. Секој направен/објавен избор на дела од повеќе творци е само личен, безначаен и со јасни или прикриени (зло)намери. Затоа мое дело не дозволувам да биде застапено во каков било избор.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА VIII