Потребно време за читање: 24 минути

137. Себичност-Несебичност (Егоизам-Алтруизам)

Денес е сè попотребна несебичноста-алтруизмот?!  Просто неопходна?! Д! И тоа многу повеќе од вчера, отколку во минатото. Утре можеби најпотребна. Наспроти себичноста-егоизмот. А себичноста-егоизмот не?Да, во извесна мера. Во извесно и во неизвесно. Особено кога е секојдневна личната загроза, особено кога се атакува на творец и негово дело. Извесна како самоодбрана.

Од несебичноста-алтруизмот пред сè друго грижата за друг е секако најпрва, но таа не смее да остане само лично остварување. Затоа што како животна таа-несебичноста-алтруизмоит ги содржи и наклонетоста и љубовта. Особено колективната подготвеност да им се помогне на други, а притоа да се биде над сопствените интереси. Со жртување и одрекување, со заеднички, колективен, општествен, државен интерес. Затоа што е просоцијална.

Македонски народни пословици и изрекиж

Со деца си среќен и не смееш да бидеш себичен.

Себично е да избираш, а да не те избираат. Исто како што е несебично тоа во убост и изгор.

Себичноста иде од омраза оти е секогаш дел од неа.

Несебичното дејание не го ослободува човека од лична себичност, ами докажува дека уште живее човечкото во него.

Себичноста и добрината во човек не само што се спротивни, ами се најчесто една против друга и војуваат една против друга.

Себичниот човек најмногу е учен да се сака себеси, а да не знае да сака други.

Пословици и изреки од народи на светот

Реките не ја пијат својата вода; дрвјата не ги јадат своите плодови; облаците не го голтаат својот дожд. Сè што е големо, секогаш е во корист на други. (Индиска)

Штом ти се ближи крајот, егоизмот и самољубието во тебе растат сè побрзо кон небото. (Арапска)

Парите што ги имаш за богатење значи дека не ти се потребни, а им требаат на други. (Романска)

Заработуваш за да има за себеси и за твоите блиски, но тоа те прави егоист. Зашто на блиските не им даваш сами да заработат за себе. (Кинеска)

Од омраза не простуваш, а простувањето е или себично или несебично. (Турска)

Колку поголема самодоверба, толку помал егоизам. Малата самодоверба е почеток на губење на алтруизам. (Француска)

Почнуваш да го победуваш сопствениот егоизам кога твоето его почнува да станува реално. (Германска)

Суетата и егоизмот стануваат сè поголеми со сè поголеми лични неуспеси, губење на добрината во себе и сè помалку создадени дела за во реален свет. Се случува страшна нерамнотежа на физичкото и духовното. (Холандска)

Раздразлив си и егоистичен, страстен си, непомирлив и нетрпелив кон друг затоа што си го изгубил или го губиш здравјето и си сè понесреќен. (Руска)

Против себичност, алчност и желба за самозадоволство со солидарност, подрршка и заедничка живеачка. (Руска)

Самоубиството е доказ на егоизам. Пред него човек е оставен сам, нема поткрепа од никој, не го придружува никој во животот, та нему никој не му е потребен. (Шведска)

Во љубов без услови, со благодарност без добивка, посветен секогаш повеќе на други.  Без и најмал егоизам. (Норвешка.)

Латински изреки

Мене прво (рече егоистот). (Primo mihi.)

Егоистот е човек кој на самиот си е секогаш попотребен одошто на други.

Додека ги следиш и остваруваш своите цели, не си егоист. Егоист си кога тие се во судир со на други и поради нив си им непријател.

Голема е болката предизвикана од егоизам на оној што гази сè пред себе за прв да стаса на целта.

Себичните простуваат зашто сакаат да бидат исти како несебичните. Иако е тоа невозможно.

Домисла, гесло, мисла водилка

Еден човек беше заслужил поради своите злодела повторно да се роди во тело на демон. Во оваа жална ситуација тој сепак работел на своето усовршување и, верувајќи дека најпосле се ослободил од желбите и илузиите на својата личност, го замолил Буда да го ослободи од пеколот. Тогаш здогледал јаже што се спуштало и брзо фаќајќи се за него почнал да се искачува. Но, наскоро забележал дека јажето е премногу затегнато, па може да се прекине.; погледнувајќи под себе, видел дека и други осуденици очајнички се фатиле за спасувачкото јаже. „Пуштете го моето јаже!“, викнал тој. Јажето наеднаш се прекинало и тој слушнал глас што му рекол: „Ти уште не си заслужил да се спасиш од пеколот. Имаше силна желба сам да се спасиш и таа желба беше поважна од спасувањето на твоите браќа. Ти треба уште да работиш над себеси и да медитираш, пред да дојдеш до пристаништето на спасението“.
Будистичка легенда-според Толстој

Чувајте се од алтруизмот. Тој се темели на самозалажување, тој е корен на многу зла.
Анонимус

Рекле, издумале        

Кога би можеле да ги избришеме „јас“ и „мое“ од религијата, политиката и економијата, наскоро би биле слободни и земјата би ја претвориле во рај.
Махатма Ганди

Службата без скромност е себичност и самоувереност.
Махатма Ганди

Вистинскиот егоист прифаќа други да бидат среќни, дури и ако е тоа во негова корист.
Ерве Ренар

Цел живот бев себично суштество во практиката, иако никогаш во принцип.
Џејн Остин

Ние треба да им простуваме на егоистите. Тие се неизлечиво болни.
Џејн Остин

Секоја дејност на нашиот дух секогаш има постојан извор во егоизмот.
Џакомо Леопарди

Луѓето често грешат спрема себеси, но никогаш не забораваат на себе.
Лорд Џорџ Сарил Халифакс

Егоистот е човек со низок вкус: повеќе се интересира за себе отколку за мене.
Емброуз Бирс

Избегнувајте ги замките на себичноста кои, понекогаш, земаат лик на љубов и пожртвување.
Андре Жид

По оние многу млади, најсебични се оние многу стари.
Бал Такереј

Сметам дека победивме зашто останав жив.
Ролан Доржелес

Кој живее само за себе, тој со право за другите е мртов.
Публилиј Сириј

Контракција значи смрт. Себичноста е контракција. Оној што е себичен, умира.
Свами Вивекананда

Секирата на дрводелецот го молела дрвото да ѝ даде рачка-дрвото ѝ дало.
Рабиндранат Тагоре

Вистинскиот човек, сакајќи да изгради свој сопствен карактер, се обидува, исто така, да го изгради карактерот и на други луѓе и, сакајќи да успее, им помага и на други да успеат.
Конфучиј

Сонцето не чека да ги растури својата светлина и топлина. И ти, исто така, прави го доброто што зависи од тебе, не чекајќи од тебе да го бараат.
Епиктет

Човек никогаш не скока во вода со поголем жар да спаси давеник, отколку кога се присутни оние што нема да рескираат.
Фридрих Вилхелм Ниче

Голема ѕвездо! Што би било твоја среќа да ги нема оние што ги осветлуваш?
Фридрих Вилхелм Ниче

Сè додека човекот ги истакнува „Јас“ и „Мое“, неговите дела се рамни на нула. Кога љубовта спрема „Јас“ и „Мое“ ќе умре, тогаш делото на Бога е извршено.
Дас Кабир

Човековата природа е таква што тој својот расцут може да го достигне само ако работи за расцут, за доброто на целиот свет на своите современици. Ако создава само за себе, може, вистина, да биде прочуен научник, голем мудрец, одличен поет, но никогаш целосен, навистина голем човек.
Карл Маркс

Не пропаѓа само она што не живее само за себе.
ЛаоЦе

Во најдобрите години од мојот живот ги вбројувам оние часови што сум ги минал во работа, непрестано трошејќи го во корист на други она што ми го дала природата и што сум го научил со својата студиозна работа.
Галилео Галилеј

Зачукајте понекогаш на туѓа врата, не да барате, туку да понудите помош.
Душан Радовиќ

Вистински добра нема многу. Само вистински се оние богатства и добра што се богатство и добро за сите.
Лав Толстој

Алтруистот и не барајќи го наоѓа она што егоистот не го наоѓа и кога го бара.
Емил Куе

Биди алтруист-почитувај го егоизмот на другите.
Станислав Јержи Лец

Секој од нас е одговорен за спасение на својот ближен.
Јован Златоуст

Кој ноќе носи светилка си користи на себеси и им користи на други; кој прави добро се спасува себеси и спасува други.
Старецот Силуан

Пред да седнеш за маса да јадеш, погледни дали има некој гладен во твоето соседство.
Мухамед

-Зошто толку смрди?-извика еден дебел средовечен човек. Се разбира, тој не мислеше на себе, бидејќи по природа не беше себичен.
Рејмон Кено

Авторското право е форма на гордост, па дури и егоизам во извесна смисла. Како може човек да ја поседува работата на имагинацијата? Можете исто така да ги поставите авторските права наспроти песните на птици или зори.
Џозеф О’Конор

Агентот на економската теорија е рационален, егоистичен и вкусовите не ги менува.
Даниел Канеман

Јас не го одобрувам недостатокот на апетит-тоа е врв на егоизмот во светот кај што има толку немаштија.
Трејси Шевалие

Јас сум егоист. Жесток сум. Мојот партнер не може да биде помала од мене.
Кетрин Валенте

Јас сум себична, нетрпелива и малку несигурна. Правам грешки, надвор од контрола сум, а понекогаш и се мачам. Но, ако не можете да се справите со мене во мојот најлош случај, тогаш по ѓаволите не ме заслужувате.
Мерилин Монро

Јас сум недоволно егоцентрична. Јас сум жена, мене ми е нужна поддршка.
Џон Фаулс

Јас сум чудна, луда, образована, дива, мека, затворена, штедлива, досадна, романтична, себична, горда, сурова, мрачна, мила. И најважното: со тоа ставам крај на интервјуто.
Винона Рајдер

Јас сум премногу себичен за да имам деца. И така жена ми има доволно грижи со мене.
Кристофер Вокен

Јас сум премногу самокритичен за да бидам егоистичен.
Рик Риордан

Песимистички гледам на развојот на ситуацијата на земјата. И со себичен оптимизам-на сопственото суштествување.
Ирвин Шо

Ако да бидеш хипер-егоцентричен значи да веруваш во тоа што го правиш, во уметноста и музиката, тогаш можете да ме наречете така. Верувам во тоа што го работам и ќе го искажам.
Џон Ленон

Да имаа и малку повеќе себичност, тие ќе се вратеа дома живи.
Артур Милер

Ако сакаш вистински односи и чувства, мора да се откажеш од својот егоизам.
Лаури Илонен

Ако доволно пати им кажете на луѓето дека се мизерни, инфериорни, веројатно луди и дефинитивно себични, сигурно ќе дојде сиво утро кога ќе се разбудат со почетокот на непријатна настинка и ќе се запрашаат дали се осамени, а не просто „сами“.
Сара Мејтланд

Ако нашите теории се егоистични, од тоа воопшто не следи дека тие се неискрени, туку обратно: колку повеќе го храниме нашиот егоизам, толку е поцврсто нашето убедување.
Џорџ Елиот

Да не бев толку себичен, ова немаше да се случи. Сестра ми немаше да биде извалкана. Свекрва ми немаше да умре без јас да ја утешувам. Моите родители немаше да бидат понижени. И за што? За да можам да живеам свој живот? Колку бев егоцентричен!
Алка Џоши

Ако не си егоист, си го трошиш животот.
Кристофер Хајат

Ако не сте егоисти, нема да бидете алтруисти, запомнете го тоа.
Ошо

Ако ние ги егоцентрираме проблемите, тогаш не ги решаваме, туку ги претвораме во личен конфликт.
Макс Лишер

Ако правиш добро, луѓето ќе те обвинат за задни намери и себичност. А сепак прави добро.
Мајка Тереза

Ако сте прилично жестоки, егоцентрични, импулсивни, груби или опсесивни-тоа е растројство на личноста. Растројството на личноста не е болест, а предизвикува необични карактерни црти кои можат да предизвикаат проблеми за човекот или неговата околина.
Каја Нурденген

Ако ти дејствено го сакаш човекот, треба да мислиш за тоа како да му е добро, за тоа што го прави вистински среќен. Ти не треба да бидеш егоист.
Федерико Мока

Ако луѓето не можат да ја задоволат потребата од длабока поврзаност на други начини, тие ќе бидат поприемчиви за лидер кој зборува непречено, кој ги поттикнува да се откажат од животите на „себично моментално задоволство“ и да го следат до „тоа чисто духовно постоење“ во кое се состои нивната вредност како човечки суштества.
Џонатан Хајд

Зад секој чин на алтруизам, херојство и човечка пристојност ќе откриете или себичност или глупост.
Џонатан Хајд

Ако човек сака само уште еден човек и е рамномерен спрема своите ближни, неговата љубов не е љубов, туку симбиотска приврзаност или проширена себичност.
Џермејн Грир

Алчноста и себичноста се чини дека се основни мотиватори на човештвото.
Рејмонд Кури

Алчноста и великодушноста во суштина се многу блиски: и двете сведочат за неубеденост и себичност.
Том Робинс

Анализата сугерира дека луѓето ја максимизираат благосостојбата, како што ја прикажуваат, без разлика дали се егоисти, алтруисти, лојални, злобни или мазохисти. Нивното однесување е напредно и исто така конзистентно во времето.
Гари Бекер

Без контекстот на библиското учење за човекот, смислата и моралот, таквите легитимни согледувања и инструменти како што се демократијата, економските интереси, глобалните односи и техниките заземаат свој сопствен живот. Фанатичната религија ќе ги замени вистината и ангажираноста. Го претвораат човекот во мал бог со чудовишни, необучени, ирационални и незауздани намери, кој има на располагање инструменти за да ја оправда најубиствената конкуренција, себичноста и алчноста.
Френсис Август Шефер

Беше лесно да се види најлошото од човештвото кога сè што видов беше бруталност и егоизам, а овие луѓе ми покажаа дека сè уште има добро во светот. Дури и ако ретко го гледав.
Алан Грац

Болката и љубопитноста се некомпатибилни. Болката е себична, неа не ја интересира целиот свет, но го влече ќебето над себе.
Сју Таунсенд

Бидете добар и проактивен, дури донекаде очаен пациент во свое име-енергично барајте ги најефективните лекови против егоизмот до крајот на вашиот живот. Откријте што ве прави подобри, што отвора и открива во вас најљубената, дарежлива и бестрашна верзија на вас-и следете ги тие нешта, како ништо друго да не е важно. Затоа што навистина нема ништо друго.
Џорџ Сондерс

На долг рок, напредокот и успехот на општеството се незамисливи без иновации и промени. Тие, пак, се невозможни без индивидуализам и подготвеност за нарушување на социјалните норми и да се отфрлат долгогодишните стереотипи; овие квалитети често се придружени од себичност.
Авинаш Диксит

Историски гледано, образованието се однесува на групна обработка: стандардизирајте сè во однос на просеците, рангирајте ги децата, подредете ги за да видите кој добива повеќе и кој навистина не заслужува да биде таму. Проблемот, дури и ако сте само егоист од економска гледна точка, е тоа што не произведуваме таленти од кои имаме потреба.
Тод Роуз

Во нашите убави градови е загушливо, сите знаат сè еден за друг, постојани интриги, завист и омраза и одвратен егоизам.
Клаус Ман

На крајот на краиштата, самосожалувањето е просто друго име за себичност.
Џон Рајт

Во мене има нешто ѓаволско, поради што сакам да го уништам туѓото мислење за мене за да им докажам дека всушност јас сум егоист, горд и лукав, рамнодушен кон луѓето.
Џејмс Џојс

Во наше време лекарите не се подготвени да го жртвуваат своето време за што било. Особено младите. Тие се плашат дека светот ќе стане премногу себичен.
Патриша Корнвел

Во основата на чинот на создавање, се испоставува, секогаш лежи краен егоизам.
Греам Грин

На светот има многу добрина и великодушност-многу повеќе отколку што човек би очекувал ако човечката природа беше вроден егоист.
Раџ Рагунатан

На светот нема ниту грижа, ниту љубов,-рече тој,-само себичност. Тоа го научив од него многу рано.
Јухан Теорин

Во овој свет секогаш кога има светлина, има и сенки. Сè додека постои концепт на победници, мора да има и губитници. Себичната желба да се поддржи мир предизвикува војни, а омразата се раѓа за да се заштити љубовта.
Масаши Кишимото

Нема ништо на овој свет, освен љубов. Колку повеќе ја даваш или шириш, толку таа станува посилна. Колку повеќе добиваш љубов, толку е таа посилна. Колку повеќе љубов даваш, толку стануваш подобар и посилен. Постојат многу форми на љубов. Кога ти ќе ја намалиш, таа станува себична. Себичната љубов носи своја подобност, но го губи своето значење.
Ранбир Капур

Важното не се постапките, туку она што го чувствуваме. Секое оправдано, неправедно, себично чувство нè држи во состојба на несовршеност. И не само ние, туку и оние кои комуницираат со нас.
Хуан Карлос Онети

Веднаш штом ќе откриеме дека работиме за да бидеме незаменливи, измазнувајќи го моделот на ранливост кај нашите најблиски, ние знаеме дека нашата љубов ја примила социјално санкционираната форма на егоизам.
Џермејн Грир

Учтивоста е смоквиниот лист на себичноста.
Артур Шопенхауер

Големата битка во универзумот е секогаш меѓу еволуцијата и егоцентричноста.
Кен Вилбур

Вие не сте егоист, туку творец на сопствената среќа.
Ренди Гејџ

Гледајќи ја неправдата, ја препознавам; многу добро гледам кога некој следи себични интереси, и многу добро гледам кога некој прави трагична грешка и се обидува да избегне одговорност-а тоа е неправедно и никогаш нема да го замолчите гласот на совеста во мене!
Френк Перети

Гледаш жртва таму кај што има само себичност.
Маргарет Роџерсон

Таа отсекогаш ме сметала за олицетворение на човештвото: ладнокрвно сомнително, учтиво нељубезно и тесно егоистично.
Џон Едвард Вилијамс

Времето измерено во пари е најефективниот лек што постои. Го дозираме на скржав и себичен начин за да удавиме секое најмало навестување на искреност.
Хуан Гомез Хурадо

Сè повеќе и повеќе стануваат егоистите: ништо не можеш да направиш.
Жил Ренар

Сите знаат дека егоизмот има граници, дека има минути кога го отфрламе.
Жил Ренар

Секој ден, барем петнаесет минути, бидете себични и уживајте во некое време за вас.
Ранган Чатерџи

Секој човек е за себе. Не секој ќе каже така, но сите се однесуваат така. А оние што не кажуваат толку често, се однесуваат на уште погрубо егоистичен начин.
Адалберт Стифтер

Секој себичен, грешен или снисходлив избор што го правам денес е само семе кое ќе пожнее повеќекратна жетва. И секој чин на послушност е семе кое ќе произведе повеќекратна жетва од благослови во мојот живот и во животите на оние што ги сакам.
Ненси Ли Демос

Секој човек е држава која е целосно управувана од егоизам.
Александар Валентинович Вампилов

Секој човек е егоист. Ако наеднаш си помисли дека е многу пожртвуван, тој е исто така егоист.
Илја Стогоф

Секој човек од акција има силна доза на себичност, гордост, цврстина и лукавство. Но, сите овие нешта ќе се сметаат за високи квалитети ако тој успее да ги претвори во средства за големи цели.
Георгиос Сеферис

Секој човек кој успешно го уредил својот живот е до извесна степен себичен. Оној што не се менува е осуден на неуспех.
Томас Харди

Секој што ќе направи нешто за задоволство, за да се препушти на својата себична душа, сигурно ќе гори во пеколот.
Лени Брус

Сите егоисти ги навредуваат сите други егоисти.
Френсис Барнет

Сите мажи се гордеат со своите деца. Егоизмот на некои мажи е толку голем што се гордеат дури и со своите сопруги.
Хенри Менкен

Сите ние сме големи егоисти и ги цениме само оние книги кои говорат за нас самите.
Теофил Готје

Сите ние сме егоцентрични, а она што на крајот е најреално за секој од нас сме ние самите.
Даглас Хофстадер

Сите ние сме многу добри во рационализирањето на нашите дејствија, така што да одговараат на нашите егоистични мотиви.
Дан Ариели

Сите ние треба да научиме да се помируваме со монструозниот факт на сопствениот егоизам. Нема никакви добродетелства во бескорисното самоказнување.
Рос Мекдоналд

Сите работиме за општиот закон на вселената, кој треба да нè доведе до општа хармонија. Творецот е природата, една општа сила која се нарекува природа, која нè вклучува и ние треба целосно да се сообразиме со неа-тоа е да бидеме апсолутно хармонични, секој да се издига над сопствениот егоизам.
Мајкл Лајтман

Сите сега се бедни или стравуваат да не станат бедни. Војната ги направи луѓето стиснати егоисти.
Агота Кристоф

Сите сме склони да веруваме дека страдањето е белег на вистинска љубов, дека да одбиеш да страдаш е себично и дека ако мажот има проблем, тогаш жената треба да му помогне да се промени.
Робин Норвуд

Сите креативни луѓе се себични. Тие и треба да бидат такви за да го заштитат своето творештво.
Андре Мороа

Сè во природата е потчинето на егоизмот. Живите суштества убиваат за опстанок. Љубовта е механизам за размножување на видот.
Вилијам Николсон

Секоја дискусија што се води од себична гледна точка е расипана од почеток и не може да доведе до апсолутно сигурен заклучок. Егото го става сопствениот интерес на прво место и го извртува секој аргумент, збор, дури факт за да одговара на тој интерес.
Пол Брунтон

Секое слабеење на интелектуалниот живот во општеството неминовно води кон зајакнување на материјалната наклонетост и грдо-егоистичките инстинкти.
Фјодор Тјутчев

Во секоја љубов има себичност, само омразата понекогаш е несебична.
Фјодор Сологуб

Дали е можно да се промени суштината на човекот, такви особини како алчност, завист, жестокост и најважното-егоизмот? Многу се сомневам.
Владимир Познер

Возрасните треба да се стремат да го намалат својот егоцентричен и авторитарен однос кон детето и да усвојат пасивен однос за да го потпомогнат неговиот развој.
Пола Полк Лилард

Воопшто, благосостојбата е можеби најголемиот алтруистички систем што животинскиот свет некогаш би го познал. Како и секој алтруистички систем, тој е инхерентно нестабилен затоа што е незаштитен од злоупотреба од страна на егоистични индивидуи кои се подготвени да го експлоатираат.
Ричард Докинс

Иако гените ја вршат работата, тоа е себично од нивна гледна точка, дури и ако изгледа алтруистично на ниво на организмот.
Роберт Рајт

Иако современиот свет може да знае милион тајни, древниот свет знаел една-и таа била поголема од милион; милион тајни носат смрт, бедотија, тага, себичност, похота и страст, но оваа тајна дава живот, светлина и вистина.
Менли Палмер Хол

Иако технички може да биде „погрешно“ да ги маскираш и контролираш емоциите за својата себична добивка, тоа е едноставно неопходност што треба да ја прифатиш за да ја добиеш играта.
Кара Кинг

Верувањето во судбината станува оправдување за неактивност или оправдување за егоцентрични дејствија.
Л.Е. Модесит Џуниор

Генот е основна единица на егоизам.
Ричард Докинс

Гневот, глупоста и егоизмот, како што откри тој, секогаш ќе победат секој разумен аргумент.
Џон Коноли

Велат дека страдањето го облагородува човекот. Но, ова не е така. Како по правило, тоа го прави човекот дребнав, раздразлив и себичен.
Вилијам Сомерсет Мом

Господ ги задоволува нашите потреби, но не и нашата себичност.
Раусас Џ. Рашдуни

Гревот во дедјствителноста е просто синоним на егоизмот.
Ентони Берџес

Гревот го расипал не само она што го правиме, туку и како размислуваме, кои цели си поставуваме и како се чувствуваме кон себеси и другите. Едноставно промената на она што го правиме нема да промени кои сме. Лекот за егоизмот и стравот, кој контролира толку многу од она што го правиме, не може да се сведе на плитки решенија; треба да научиме како нашите умови нè мамат.
Лоренс Креб

Грижата за себеси не е себична; тоа е самопочит.
Мелоди Бити

Да бидеш глупак, егоист и да имаш добро здравје-ова се три услови неопходни за да се биде среќен. Но, ако првото не е доволно, другите се бескорисни.
Гистав Флобер

Да говориш означува да споделуваш, а тоа е уметност која изискува соработка. И тие не разделуваат, само си себичен.
Урсула Ле Гвин

Да се ​​посветува малку внимание со љубов не е себично. Разумно е. Ако се чувствувате сакани и ценети-дури и само од себеси-тогаш ќе имате повеќе љубов што им ја давате на другите.
Пенелопе Квест

Да не бидеш приврзан за нешто, значи да ја сфатиш неговата апсолутна вредност. Сè што правите треба да се засновува на такво сознание, а не на материјални или егоцентрични идеи за вредност.
Шунрју Сузуки

Да го оставиш настрана она што ти е во главата (себични желби и амбиции); слободно да го раздаваш тоа што ти е во рацете; и никогаш да не трепнеш од ударите на неволјата!
Парамаханса Јогананда

Да им правиме добро на другите затоа што сакаме тие нам да ни прават добро, е во суштина себично. Со текот на времето треба да научиме да правиме добро, без оглед на тоа како другите нè третираат; како што рекол Христос, ние треба да ги сакаме дури и нашите непријатели.
Макс Хајндел

Да правиш нешто за себе не те прави егоист. Моите ученици ми велат дека тоа се нарекува грижа за себеси.
Сара Морган

Да се задлабочиш во читањето е двојно корисно. Прво, им дава на знаење на луѓето да разберат без зборови дека не си расположен за разговор. Да, можеш да бидеш егоист. Второ, тоа е чудесна опција да убиеш време.
Кортни Кол

Да управуваш со себеси-тоа означува да бидеш возрасен. А себичноста е особина на адолесцентите.
Људмила Улицкаја

Тоа што станав мајка му даде смисла на мојот живот. И на крајот бев корисна. Конечно некому му значев. Тоа е себично, се согласувам. Не го пресметав: мајчинството во мене го поправи она што го оштети детството.
Вирџини Грималди

Да толерираме значи да се поднесуваме себеси; толеранцијата што се појавува на грбот на другите повеќе не е толеранција. Да ​​трпиме страданија на други, да трпиме неправда на која не сме ние жртва или злосторство од кое сме поштедени не е толеранција, туку себичност, безразличниост или полошо.
Андре Конт-Спонвил

Да, нема ништо комплицирано и сум во искушение да кажам. Луѓето постојано ги изневеруваат своите сопружници. И причините за овие предавства се секогаш понизни и себични, тоа се изговорите што ги измислуваме, тие се сложени.
Сара Пинбера

Да… Ете како беше да си жив. Да се ​​движиш во облак од незнаење; да одиш угоре-удолу газејќи ги чувствата на оние… за тебе. Да трошиш и губиш време, сакаш да имаш милион години. Да ​​бидеш секогаш на милоста на една или друга егоцентрична страст.
Линда Дилоу

Дали водачот ќе ја одрази грдоста на егоизмот или преобразената слава на Христос Господ?
Освалд Сандерс

Постапувањето на стереотипно женски начини им отежнува на жените да достигнат до истите можности како мажите, но пркосењето на очекувањата и посегнувањето по тие можности води до тоа да бидат оценети како незаслужни и себични.
Шерил Сандберг

Демократија-тоа е форма на манифестација која им овозможува на мал број паметни егоисти да живеат на сметка на наивниот егоизам на мнозинството.
Вилхелм Швебел

Детскиот егоцентризам во суштина е неспособност да се прави разлика меѓу егото и социјалната средина.
Жан Пијаже

Децата не ни се дадени за да се повторуваме себеси, за да ја обезбедат нашата старост и да си ја цениме нашата себичност. Децата ни се дадени за со нивна помош да станеме помудри и да ги решиме нашите проблеми на Земјата!
Анатолиј Некрасов

Денес маските веќе паднаа: на Запад економистите, социолозите и филозофите се удавија во „научното оправдување“ на пороците, страстите, егоизмот како главни двигатели на економијата и прогресот.
Валентин Катасонов

Денес не забележуваме нечија туѓа себичност, додека самите не се сретнеме со неа.
Џејмс Балард

До одреден степен на трагичен ужас, заситениот човечки дух реагира со рамнодушност и себичност.
Ирина Немировски

Во ред е да бидам малку себичен во однос на моите приоритети.
Шон Кови

Добрата смеа, добрата смисла за хумор се показатели за духовното здравје на човекот. Способноста да се смеете на секакви себични пројави во себе е неопходен елемент на развојот на целиот духовен пат на човекот.
Мајкл Лајтман

Добрина, немање во себе зло, егоистично начело е празна, сонлива добрина.
Џејкоб Боем

Зборот себичност, како и зборот љубов се многу општи; може да биде гнасна љубов, може да биде висок егоизам. Егоизмот на развитокот, мислејќи дека човекот е благороден, е и љубов кон науката, кон уметноста, кон ближниот, кон широчината на животот, кон независноста; љубовта на ограничениот дивјак, дури и љубовта на Отело-висок егоизам.
Александар Херцен

Себичноста е симптом на недостаток на самољубие. Оној кој не се сака себеси е секогаш загрижен за себе.
Ерих Фром

Себичноста и самољубието не само што не се исти, туку се дијаметрално спротивни концепти.
Ерих Фром

Себичниот човек се сака себеси не пресилно, туку преслабо, а всушност се мрази себеси.
Ерих Фром

Себичноста нè тера да се стремиме кон она што им се допаѓа на другите.
Франц Брентано

Себичноста нè прицврстува на земјата како законот за универзална привлечност.
Сирил Коноли

Егоизмот е основната причина за рак на душата.
Василиј Сухомлински

Себичноста-тоа е единствениот грев, подлоста-единствениот порок, омразата-единственото злосторство. Сè друго лесно се претвора во добро, но овие тврдоглаво се спротивставуваат на божественото.
Шри Ауробиндо

Себичноста е еден од главните плодови на расипаноста на човековата природа; и очигледно е дека себичноста нѐ тера да ги преценуваме нашите добри особини и да ги превидиме или да ги ублажиме нашите недостатоци.
Вилијам Вилберфорс

Егоизмот е инвентивен, како камелеон.
Василиј Кључевски

Егоизмот е или егоцентричен или самораширен.
Бхактиведанта Свами Прабхупада

Себичноста е коренот на тиранијата. Оваа себичност е грев.
Кели Барнхил

Себичноста е најголемото проклетство на човечкиот род.
Вилијам Гледстон

Себичноста е најнадежната основа за среќа.
Виктор Иго

Себичноста е непријатна дури и за себичните луѓе. Оттука и подемот на затворените заедници: привилегираните не сакаат да се потсетуваат на нивните привилегии-ако носат морално сомнителни конотации.
Тони Џад

Егоизмот е омразен и оние кои не го потиснуваат, а само го прикриваат, секогаш се достојни за омраза.
Блез Паскал

Себичноста е само начин да бидете спокојни. Ако вие сте слободни, вие не треба да бидете себични.
Жерар Депардје

Себичноста на поединецот ја обезличува неговата душа, себичноста на човечкиот род води до негово уништување.
Дејвид Мичел

Стабилниот или крутиот егоизам по правило е погорчливо навредувачки од понепроменливиот вид, главно, без сомнение, затоа што има повеќе континуитет и цел, тој е пострашен.
Чарлс Кули

Себичноста, контролата и стравот ќе уништат речиси секоја врска. Дарежливоста, слободата и љубовта ќе ја создадат најубавата врска: непрестаната романса.
Мигел Руиз

Себичноста и самоуништувањето јаваат рака под рака, како што тоа често го правеа.
Ерика Јохансен

Егоист не треба да се нарекува оној што мисли премногу за себе, туку оној што мисли премалку за другите.
Џон Максвел

Егоистот наместо „Оче наш“ вели „Мојот Бог“.
Вернер Мич

Егоисти-нашите единствени пријатели со кои се дружиме бескорисно.
Анри де Монтерлан

Себичните луѓе се секогаш такви-сакаат да бидат со големите, а потоа сакаат да ги понижат.
Тери Гудкајнд

Егоистот постојано се искачува до центарот на сцената, дури и ако претставата не е за него.
Кендис Бушнел

Егоистот е човек кој се сака себеси повеќе отколку другите егоисти.
Генадиј Малкин

Егоцентризмот е наш најголем непријател. Размислете за тоа-тоа ​​што нè ослабува е да се чувствуваме навредени од делата и неправдите на нашите ближни. Нашата самодоверба бара поголемиот дел од животот да го поминеме навредени од некого.
Карлос Кастанеда

Егоцентризмот ни се јавува како форма на однесување посредно меѓу чисто индивидуалното и социјализираното однесување.
Жан Пијаже

Егоцентризмот, рамнодушноста кон другите и кон светот се претворија во норма за многу луѓе.
Фредерик Леноар

Егоцентричноста е естетствена на тагата, а не на благосостојбата.
Мартин Селигман

Дури кога ќе остариме, ја осознаваме сериозноста на некои зборови, и сето она што сме го изгубиле-поради површност, себичност, брзање-ни тежи на срцата, но времето веќе поминало и нема да се врати назад.
Сузана Тамаро

Еден вид алтруизам заснован на егоизам: несреќата на другите го допира толку многу што меланхоличниот практично не може да го поднесе.
Елисавета Романцева

Вистински слободен човек не може да биде слободен во себична смисла на зборот.
Андреј Тарковски

Еден филозоф, на пример, вели дека само егоистот не дава љубов без остаток.
Шјусаку Ендо

Единствената цврста основа на големата држава е државниот егоизам, а не романтиката, и е недостојно голема држава да се бори за дело што не се однесува на нејзиниот сопствен и личен интерес.
Ото фон Бизмарк

Единствената сила способна да го ограничи индивидуалниот егоизам е силата на групата.
Емил Диркем

Жената има девет месеци за постепено да премине од една форма на себичност во друга.
Доналд Виникот

Експлоататорите и манипулаторите отсекогаш самоволно ја користеле религијата за да ги постигнат своите себични цели.
Тарик Али

Емоционално имаме многу проблеми, но овие проблеми не се дејствителни проблеми; тие се нешто создадено; тие се проблеми на кои укажуваат нашите егоцентрични идеи или ставови.
Шунрју Сузуки

Желбата за личен духовен растеж, медитација и слично е секако прекрасна, но може да ја прикрие опасноста од растечки егоизам и гордост, а понекогаш најдобрата духовна практика е собирање ѓубре во најблиската шума.
Викторија Раидос

Живееме во време на нарцизам, прокламиран и признаен од општеството, дури култивиран. Нашата ера е ера на егоцентризам, а светот денес е светло „јас“ кое постојано се поддржува и се афирмира, но никој не сака да учествува во поддршката и афирмирањето на другите. Ние сме повеќе сами од кога било во историјата.
Михајло Пантиќ

За да бидеш најдобар, нужно е да бидеш егоист.
Гери Олдман

За да преживеете, треба да станете егоист.
Јан Мекјуан

За што е семејството? За надминување на егоизмот. Тоа мора да стане чиста, светла, вистинска љубов. Но, за да ја победите осаменоста треба да се борите со егоизмот многу пред да имате намера да создадете семејство.
Олег Торсунов

На психологот му е јасно дека луѓето не се ниту целосно рационални, ниту целосно себични и дека нивните вкусови се сè, само не стабилни.
Даниел Канеман

Егоцентризмот е карактеристичен за луѓето воопшто.
Агата Кристи

За среќа се потребни три нешта-глупост, себичност и добро здравје.
Џулијан Барнс

Смешно е како себичноста може да доведе до уништување или спасение.
Џенифер Албин

Зошто невротичните, себичните, незрелите луѓе наеднаш стануваат ангели кога ќе се вљубат…?
Дени де Ружмон

Затоа што на крајот човек е нужно себичен во жалост, себичен и сам; никој не може да стигне до нас таму. Некои се обидуваат да се доближат, да направат чекори во наша насока, бараат зборови, гестови, но тоа не тежи ништо, тоа е ветер, песок. Таму сме во апсолутна, недопирлива осаменост.
Филип Бесон

Затоа што тоа беше себична молитва, а себичните молитви не се одговорени.
Нора Рали Баскин

Здравиот разум-тоа е далекувиден егоизам.
Вилхелм Швебел

Здравиот двигател за самоусовршување е егоцентричен-како можам да станам подобар? Перфекционизмот е насочен кон другите-што ќе мислат?
Брене Браун

Земјината топка се врти околу егоцентризмот.
Владимир Караткјевич

Злото е егоцентричност на највисок степен и ништо повеќе.
Максим Четам

А оваа негова супер учтивост беше другата страна на неговиот суперегоизам.
Примо Леви

Се чини дека постојат три избори: да се откажеш од обидот да сакаш некого, да престанеш да бидеш егоист или да научиш да сакаш некого додека продолжуваш да бидеш егоист.
Лидија Дејвис

Уметностите и дисциплините од тој вид се коренито егоистични; сите тие се создадени за доброто на ученикот, а не на светот.
Даниел Квин

Уметноста е себичност и слобода.
Јулиус Евола

Исполнувањето на нечии земни одговорности не е неопходно за да го издвојуваат човекот од Бога, под услов тој да ја одржува менталната необврзност со егоистични желби и да игра своја улога во животот како доброволно орудие на Божественото.
Парамаханса Јогананда

Има нешта во вашиот живот, особено ако имате творечки амбиции, кај што е неопходна себичност.
Крис Кристоферсон

Имав среќа-лично не познавав ниту еден писател. Знам дека се суетни, дребнави, интригантски, егоцентрични и неподносливи. И ако ги земеме Шпанците, згора на тоа се завидливи и кукавички.
Енрике Виља-Матас

Имено, егоистите, колку и да се чудни, се способни за голема љубов.
Френсис Скот Фицџералд

Индивидуализмот, главната вредност на современото општество, започнува незабележливо да преминува од гордата независност на слободните луѓе во еден вид затворен егоизам, за кој целта е да се максимизира личната слобода, без да се внимава на одговорноста кон другите луѓе.
Френсис Фукујама

Интелигентните алтруисти, макар и помалку алтруистички од неинтелигентните алтруисти, ќе бидат поподобни од неинтелигентните алтруисти и егоистичните индивидуи.
Херберт Сајмон

Сакам грижа и нежност, но наместо тоа водам глупав, бесмислен разговор со егоист.
Ширли Џексон

Вистинската љубов не е беспомошната желба да се поседува негуваниот предмет на нечија пламена наклонетост; вистинската љубов е дисциплинирана великодушност што ја бараме од себеси во името на друг, кога повеќе би сакале да бидеме егоисти; барем така научив да ја сакам жена ми.
Стивен Картер

Вистинската љубов значи откажување од егоизам, и не желба, а поскоро несебична љубов што гради мост кон срцето на друг човек.
Алберт Хофман

Вистинска радост во животот е да бидеш сила на среќа, наместо трескавична, себична грутка од болест и оплакувања, да се жалиш дека светот нема да се посвети на тоа да те направи среќен.
Анџела Дакворт

Вистинското воспитание треба да го трансформира нашето „его“ во нешто извонредно-на пример, егоизам кој нè поврзува со целото човештво.
Ненси Астор

Вистинскиот увид не се состои во стекнување информација, туку доаѓа од совладување на егоизмот и нашата алчност.
Карен Армстронг

Вистинското смирение се појавува од чувството на чудење и стравопочит. Почитување е дека нашето време на земјата е ограничено, но дека има нешто безвременско во основата на секое суштество. Прифаќањето на смирението нè ослободува од егоизмот, што го движи како перфекционизмот, така и самосаботажата, отворајќи нè за подлабоко изразување на сопствената стојност.
Мајкл Гелб

Велам дека немате потреба од религија или политичка идеологија за да ја разберете човечката природа. Науката открива дека човековата природа е алчна и себична, алтруистичка и полезна.
Мајкл Шермер

Како може рационалните луѓе, кои имаат сопствени интереси во своето срце, да се допаднат на харизматични моќници кои им го ветуваат невозможното, додека проследуваат вредни планови и корумпирани себични интереси?
Томас Чаморо-Премузик

Што е убавото кај егоистите? Тие не ги озборуваат другите луѓе.
Џорџ Карлин

Како што себичноста и жалбите добиваат предност и го заматуваат умот, така и љубовта со својата наслада го избиструва и изострува видот.
Хелен Келер

Како љубовта, така и вистинското пријателство се повеќе од начин да се знае дека му значиме на некој друг. Тие се начин да имаме значење за светот, доведувајќи го Бога во свет кој инаку би бил долина на себичност и осаменост.
Харолд Кушнер

Како едноставен егоист, тој сакаше да разговара со неа за себе.
Дејвид Херберт Лоренс

Кога вашиот живот е загрозен, сожалувањето веднаш го отстапува местото на ужасното себично чувство-жедта за самоодржување.
Јан Мартел

Кога зборувам за љубовта, мислам на несебична љубов. Сексот може да се купи и продаде, како сè друго. Но, јас мислам дека вистинската љубов значи да се дава и да не се очекува ништо за возврат.
Боно

Кога не си задоволен од вашиот живот, стануваш посебичен со него.
Мигел Сихуко

Кога нашите потреби ќе бидат задоволени, ние растеме, созреваме, лечиме и возвраќаме со благодарност. Кога нашата себичност е исполнета, стануваме понезрели, поболни и поегоцентрични. Тоа е голем контраст.
Џон Таунсенд

Кога победувате, често губите, тоа е просто факт. Не постои валута што може да исправи изопачен дух или да отвори затворено срце, себично срце.
Абрахам Вергезе

Кога се плашиме од себеси и од привидна закана, што ја претставува светот, тогаш стануваме исклучително егоистични. Сакаме да изградиме наши сопствени мали гнезда, наши сопствени кожурци, за да можеме да живееме сами на сигурен начин.
Чогјам Трунгпа

Кога си опкружен од толку многу осамени луѓе, би било крајно себично да бидеш сам.
Тенеси Вилијамс

Кога свеста е ослободена од егоизмот, таа се собира и се раствора во вода.
Мајкл Гира

Кога луѓето се ранливи на контрола, тие чувствуваат дека се себични во одлучувањето што да прават со сопствениот имот. Всушност, самоопределувањето е единствен начин да имаме вистинска љубов, бидејќи тогаш сме слободни.
Хенри Клауд

Кога човек е среќен, тој секогаш станува себичен.
Маргарет Мичел

Кој сака да слушне за маката на некој друг? Сите себични предавници наоколу.
Павел Санаев

Кој рече дека е добро да го слушате вашето срце? Ова е чист егоизам, желба сè да потчинуваме на своите страсти.
Пола Хокинс

Кој е лишен од желби, приврзаност, пороци, омраза, стремеж и себичност, тој го достигнува Бога.
Свами Шивананда Сарасвати

Колку е неинтересна радоста! Но, колку е себична маката!
Едвард Булвер-Литон

Колку само себичност во љубовта.
Емили Бронте

Колку и да сакате да почитувате нечија слобода (дури и кога мислите дека е себична), вие сè уште имате своја болка, гнев и меланхолија со кои треба да се борите.
Филип Бесон

Колку поискрено сочувствувате со луѓето во нужда, толку повеќе себичноста лежи во основата на вашата желба да ги ублажите нивните маки.
Мет Ридли

Колку сме покреативни, толку е полесно да смислиме добра приказна која ќе ни помогне да ги оправдаме нашите себични интереси.
Ден Ариели

Колку поправилни се цртите на лицето на човекот, толку е тој поегоистичен.
Џон Голсворти

Убавите мажи се секогаш себични.
Џон Голсворти

Потрошувачките реклами ни ги перат мозоците во индивидуалистичко и егоистично самољубие.
Фатима Мерниси

Убавината е себична. Љубовта е себична. Крвта е себична.
Мет Хејг

Личната себичност е роден татко на подлоста.
Максим Горки

Личното значење или преземањето на нештата лично е краен израз на себичност затоа што ја правиме претпоставката дека сè е поврзано со „јас“.
Мигел Руиз

Љубов-само случајна и многу кратка состојба на поместување на сопствената себичност во корист на себичноста на друго лице.
Јануш Вишневски

Љубовта-тоа е себичност на двајца.
Ана Стал

Љубовта е секогаш малку себична. Невозможно е просто да се натераш да сакаш. Една желба не е доволна.
Априлин Штука

Љубовта е врвен чин на себичност, најдобар подарок што можеш да си го дадеш на себеси.
Бернард Вербер

Љубовта е себичност за двајца.
Франц Кафка

Љубовта кон другите нè одвлекува од себичното страдање.
Марсел Пруст

Младоста завршува заедно со егоизмот, староста започнува со живот за други.
Херман Хесе

Мудрата влада се стреми да обезбеди можност со која може да се постигне најдоброто од индивидуалните достигнувања, додека во исто време се обидува да ја отстрани таквата пречка, неправда која произлегува од себични човечки мотиви.
Френклин Рузвелт

Најинтелигентна форма на егоизам е алтруизмот.
Жак Атали

Зарем егоцентричноста не е првиот знак за ментална болест?
Надежда Манделштам

Не треба да бидеш себичен со оние што ги сакаш.
Тони Морисон

Никој не ја заслужува судбината да умре рано во своето време и поради глупоста и себичноста на другите луѓе.
Мелани Милбурн

Во суштина, сите ние сме банда егоисти.
Хулио Кортасар

Религиите се сите до една неубави: нивниот морал се потпира на децата, а нивните ветувања се себични и чудовишно глупави.
Ги де Мопасан

Страдањето нè прави себични затоа што нè троши целосно и дури подоцна, кога ќе се препуштиме на спомените, нè учи на сочувство.
Маргерит Јурсенар

Постои љубомора речиси без оган-тоа не е дури ни страст, туку нешто како мувла што расте во мрачната незаситност на незадоволната себичност.
Џорџ Елиот

Овде мораме да ѝ оддадеме почит на човечката природа: ако себичноста не се појави на сцената, таа е повеќе подготвена да сака отколку да мрази.
Натаниел Хоторн

Уметникот мора да биде егоист. Должен е да внимава на секоја секунда од своето време.
Ирвинг Стоун

Човек кој е ослепен од егоизам станува недоволно претпазлив дури и во она што се однесува на неговите сопствени интереси.
Жан Батист Ламарк

Среќата е себична.
Ежен Јонеско

Автентичната среќа може да дојде само од долгорочно негување на мудрост, алтруизам и сестрадание и од целосното искоренување на умствените токсини како што се омразата, фаќањето и незнаењето.
Кармин Гало

Ако немате алтруизам, внатрешна сила, внатрешен мир, внимание, тоа е траума. Тоа го прави тежок животот за вас и за другите.
Матје Рикар

Ако образованието стане нешто повеќе од подготовка за пазарот на трудот и потрошувачката, тоа не може да произведе општествено одговорни и алтруистички граѓани.
Гај Стендинг

Алтруизмот е маскиран со личниот интерес. Агресивниот личен интерес е маскиран порив за самоуништување.
Грег Бер

Војните никогаш не се водат од алтруистички причини.
Арундати Рој

Сите човечки постапки се мешавина од алтруизам и личен интерес.
Хелен Филдинг

Да веруваш во она што го гледаш и да се осмелуваш да се обложиш на она што го гледаш е единствената форма на алтруизам што светот моли да ја прифатиш. Обложувајте се само на она што е ваше.
Педро Чагас Фрејтас

Да простуваш не е просто да бидеш алтруист.
Дезмонд Туту

Или свесниот интелект е импотентен, или не е доволно силен, или не е фактор позитивно поврзан со алтруистичките појави воопшто или со нивната возвишена форма особено.
П.А. Сорокин

Можеби кај секого има капка алтруизам, дури и ако не го знае тоа.
Вероника Рот

Мојот алтруизам завршува со мојот работен ден.
Адам Кеј

Најмалите деца имаат голем капацитет за емпатија и алтруизам. Има една неодамнешна студија која покажува дека дури и 14-месечни деца ќе се качат преку куп перници и ќе поминат низ просторијата за да ви дадат пенкало ако го испуштите.
Алисон Гопник

Нашиот алтруизам и добрина се засноваат на способноста да го замислиме светот како што другите го гледаат. Но, таква е и нашата жестокост и манипулација. Друго име за оваа способност да се читаат мислите на другите е „макијавелистичка интелигенција“, а името ја доловува темната страна на оваа моќ.
Пол Блум

Нашиот вид е способен за алтруизам, секако, но тоа не е игра што ја играме доброволно, а камоли добро.
Ерика Јохансен

Спротивставеноста на егоизмот и алтруизмот само по себе е признак за ниско ниво на развој на личноста.
Абрахам Маслоу

Тој го имаше тој основен интегритет што е толку редок што може да се помеша со алтруизам.
Кен Бруен