Потребно време за читање: 13 минути

172. Единство

И едност и единство, но најпрвин единственост во единство. Едноста значи неповторливост, единството значи сплотеност на различни интереси и цели. Единственоста е исто што и неповторливост, но неповторливоста во единство е всушност споделување на вредности како одбрана од минливоста и маргиналноста.

Единство не на различности, туку на единствености. Зашто различноста во однос на друго е суштина на единственоста. Зашто таа значи препознавање, идентитет во меѓучовечките односи. Еднакво во постоењето на народ и опстанок на нација создадена договорно или со сила на интерес.

Луѓето никако да научат дека можат еден без друг, можат сами, но опстануваат и се борат за живот единствено во единство.      

Македонски народни пословици и изреки

Во фамилија се живеј убоо ако живеј во единство, владеј мир и се знај редо.

Жената живеј во и со природата и затоа се сака во својто тело.

Една прачка лесно се кршит, а поеќе мачно.

Еднио едно рекол, друг друго-и се погодиле.

Еднио ја тргат ортомата од еднио крај, другио од другио; кога ќе се скинит, да видиме кој ќе паднит.

Луѓето и кога се заедно не се во едно, нито во единство,

Младите заедно се ем силни ем никој не можи да ги запри.

Пословици и изреки од народи на светот

Вистинска политика на мир тогаш е предуслов за успешна власт на единство. (Француска)

Вистиинската љубов е единство на души, ум и тело. (Италијанска)

Во единство со природата човек ненадејно се открива нов извор на сила и убавина. (Германска)

Единство на Бог и единство на Јас. (Германска)

Прва цел на луѓето заедно, на свој заеднички пат, е единство. (Руска)

Сплотеноста на соседи се темели на чувство на единство. (Холандска)

Латински изреки

Бог не е обично единство, туку заедница.

Вистинско единство се гради врз слобода.

Еднодушно. (Uno animo.)

Силата на народот е во неговото единство.

Силни сме сме обединети, а слаби сме разединети.

Домисла, гесло, мисла водилка

Благодатното време на единството на вљубените дојде кога ја одбележуваме годишнината од обезглавувањето на христијанскиот светец, кога разменуваме стоки и услуги по безумни цени.
Анонимус

Дарот на страста е за интимно единство, но и за споделување на безгранично задоволство.
Анонимус

Дејствителната еднодушност може да предизвика рамнодушност.
Анонимус

Единство на интереси на човек заедно со интереси на луѓе.
Анонимус

Општеството треба да се темели на вредности на емпатија, единство и различност.
Анонимус

Разликите заслепуваат, а единството обврзува.
Анонимус

Човечкото тело конкретно покажува и докажува врвно единство.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако бидам номиниран од која било партија,треба апсолутно да одбијам, дури ако бидам еднодушно избран, треба да одбијам да служам.
Вилијам Шерман

Ако воспоставите правилна влада на единство, создавате ефективна платформа за преземање на решенија затоа што имате поширока поддршка од сопствената партија.
Ехуд Барак

Ако има точка на единство во целото човештво, тоа е дека сите ние сме биле аутсајдери во даден момент од нашиот живот.
Мелинда Гејтс

Ако ние откриеме несовпаѓање меѓу зборовите на човекот и неговиот карактер, целиот впечаток за него станува разбиен и болешлив; тој ја бунтува фантазијата поради недостатокот на единство и дури доброто во него едвај се прифаќа.
Чарлс Кули

Ако некогаш се најдете во тесна, еднодушна група, треба да го кажете своето мислење, дури ако тоа не ѝ се допаѓа на групата.
Ролф Добели

Ако сакате единство во општеството, треба да ги научите луѓето да влегуваат внатре наместо да излегуваат надвор, бидејќи ако сакаат мир треба да го најдат внатре.
Рам Дас

Ако скитањето е ослободување од секоја дадена точка во просторот, а со тоа и концептуалната спротивност на фиксирањето во таква точка, социолошката форма на „непознатиот“ го претставува единството, така да се каже, на овие две карактеристики.
Георг Зимел

Бог, кој постоел пред сите религии, смета на вас, за да го објавите и прославите единството на човечкото семејство.
Дезмонд Туту

Бракот е несовршен. Почнуваме со желба за единство, а потоа ги откриваме нашите разлики. Нашите стравови се возбудуваат од перспективата за сите нешта кои никогаш нема да ги имаме.
Естер Перел

Верата не е еднократен чин, туку непрекинат поглед на срцето кон Троичниот Бог.
Ајден Вилсон Тозер

Верувам дека единството на умот и телото е објективна реалност. Тие не се само делови поврзани на некаков начин меѓусебно, туку неразделна целина додека функционираат. Мозокот без тело не може да мисли.
Моше Фелденкрајс

Взаемната зависност  и взаемното проникнување на сите нешта се гледа кога човек ќе ја напушти двојноста. Единството е централно за сите главни религии и духовни системи како крајна реалност што лежи во основата и во сите форми.
Дејвид Хокинс

Вие марширавте и се организиравте за еднаквост и правда. За нашиот живот и за нашата планета. И тогаш гласавте. Дадовте јасна порака. Вие ги избравте надежта, единството, пристојноста, науката и да, вистината.
Камала Харис

Вистинската емоција е чиста емоција како што се мир, стравопочит, неограничена љубов, сочувство, блаженство, благодат, единство, нежност, еуфорија, радост, добрина или задоволство.
Френк Кинслоу

Власта е духовната димензија на моќта затоа што зависи од верувањето во систем на значења, која ја одредува неопходноста за хиерархиски ред и на тој начин го обезбедува единството на императивната контрола.
Шошана Зубоф

Во единството на нашите нации лежи славната иднина на нашите народи.
Симон Боливар

Во една растегната „неисториска“ средина е многу полесно да го жртвувате својот живот во името на идејата, отколку да го внесете единството на идејата во вашиот живот.
Лев Троцки

Во земја каде што нема обединета нација, односно непоколебливи правила заеднички за сите, никаква идеологија нема да обезбеди единство и прогрес.
Дмитриј Биков

Во моќта на единството суштествата се суштества.
Плотин

Во осаменоста човекот-слабо суштество, а во единство со други-силно.
Јохан Готфрид Хердер

Во суштина, секој човек знае доволно добро дека е единствено суштество, само еднаш на оваа земја; и по никаква исклучителна случајност таков неверојатен живописен дел од разновидноста во единство како што некогаш ќе биде собрано по вторпат.
Фридрих Вилхелм Ниче

Во човекот нема целосно единство и тој речиси никогаш не е сосема искрен или сосема лажен.
Бенџамин Констант

Вселената е различност во единството.
Оноре де Балзак

Ги слушнав вашите ставови. Тие не се хармонизираат со моите. Решението се носи еднодушно.
Шарл де Гол

Го гледам единството на творештвото во уметноста на театарот, филмот, телевизијата, естрадата. Четири музи, а ти си еден…
Анатоли Папанов

Говорот може да постои само меѓу различни делови. А во идеалното Единство царува само идеалната тишина на блаженството.
Дејвид Херберт Лоренс

Голема слика може да ни даде слики на нештата, но релативно мала може најдобро да го пресоздаде мигновеното единство на природата како глетка-единство на кое очите уловуваат со еден поглед.
Клемент Гринберг

Големата „света војна“ е борбата на човекот со непријателите што тој ги носи во себе, односно со сите елементи што го нарушуваат редот и единството во него.
Рене Генон

Го чувствувам единството на светот на ниво на јазик.
Вадим Руднев

Да ви кажам искрено, не разбирам како можеме речиси еднодушно да се согласиме дека убиството е погрешно, но кога станува збор за силување некои луѓе уште гледаат нијанси на сивото.
Меган Голдин

Да ​​станеш христијански верник, значи да бидеш воведен во реалност многу поголема од сè што некогаш сме можеле да си претставиме. Тоа значи заедница со Троичниот Бог.
Синклер Фергусон

Доброто внатре во нас е обвиткано во слој на апатија и ние забораваме колку потенцијал имаме во себе, во секој еден од нас, да го промениме светот на подобро за себе и нашите деца, и на тој начин да донесеме единство.
Шари Арисон

Додека ги заглушуваше двете природни нарушувања, можеше да види како мноштвото бранови на творењето се раствораат во блескав океан, исто како што брановите на морето, кога ќе помине бурата, спокојно се раствораат и се враќаат кон единство.
Парамаханса Јогананда

Долго време имало тоталитарен систем во духот на христијанството. Средниот век го поистоветувал доброто со единство, а злото со различност.
Жак Ле Гоф

Донеси ми црв што може да разбере човек, и тогаш ќе ти покажам човек кој може да го промисли Троичниот Бог.
Џон Весли

Досега луѓето нејасно шпекулираа во однос на единството на универзумите; сега претстои да биде демонстрирано преку расудување од светот на страстите кон материјалниот свет раководен од аналогијата што постои меѓу двата.
Шарл Фурие

Државата е единство на систем од норми кои ги регулираат условите под кои треба да се врши одредена принуда од човек на човек.
Ханс Келсен

Духовноста значи единство на динамиката и формата во моралните и културните акти на човекот.
Пол Тилих

Единствените идеи кои произлегуваат од народи меѓусебно непознати, треба да имаат заедничка основа на вистината.
Џамбатиста Вико

Единствениот начин да се надмине кризата е преку единство и соработка.
Алексис Ципрас

Единствено гледа оној што сите суштества ги гледа во самиот себе.
Рабиндранат Тагоре

Единството на луѓето е основната етичка нишка што нè држи заедно.
Мухамед Јунус

Единството на човекот и природата е основниот принцип на здравото општество.
Шарл Фурие

Единството не може да се прифаќа за даденост.
Џомо Кенијата

Единството треба да биде на умот и срцето, чувството на заедничка припадност и застанување заедно против оние што напаѓаат.
Џавахарлал Нехру

Едно семејство треба да биде поврзано со љубов и признание на она што секој човек го внесува во врската. Единство на срцата и душите каде што за стравот нема место.
Сеџал Бадани

Еднодушноста е господарка на силата.
Алфонс де Ламартин

Еднодушноста е здодевна.
Хулио Кортасар

Живеев живот во страв и научив дека тој не може да се отфрли ако си сам. Единството носи светлина. И светлината ја одбива темнината.
Џејмс Свалоу

Животот бара трпение, постојаност; осознавањето на љубовта, осознавањето на единството, остознавањето на својата слободна кралска позиција во општеството-сето тоа бара храброст, а понекогаш дури херојски постапки.
Антониј Сурожки

Задоволството се заснова на взаемна согласност меѓу нештата, душата и светот, на метафизичката љубов која ѝ дава единство на реалноста.
Умберто Еко

За добро треба да се бориш како војник. А кој војник може сам да добие војна?
Жан-Пол Сартр

За да биде животот толку лесен, колку што е смртта, имате нужда од еднодушност, еднодушност, еднодушност!
Селма Лагерлоф

За единството на масите не се бара заеднички идеал, туку заеднички противник.
Умберто Еко

Законите на честа се исти за сите!
Жулиета Бенцони

Знаењето води кон единство, а незнаењето до различност.
Шри Рамакришна

Знај исто така, уметнику, дека во сè се потребни едноставност и единство.
Хорациј

Знам дека моето единство со сите луѓе не може да биде уништено од национални граници и владини заповеди.
Масару Емото

Има фундаментална грешка при издвојувањето на деловите од целината, грешката да се атомизира она што не треба да се атомизира. Единството и взаемното дополнување ја сочинуваат реалноста.
Вернер Хајзенберг

Имаме потреба од широка влада која ќе носи одлуки, но не влада на национално единство бидејќи сме разделени однатре.
Рувен Ривлин

Импулсот на природата, споен преку личноста на уметникот според законите произлезени од специфичната природа на носителот, го произведува ритамот и личниот израз на делото. Тогаш животот на композицијата се престорува во духовно единство.
Ханс Хофман

Интелектот е убав слуга, но ужасен господар. Интелектот е моќниот инструмент на нашата изделеност. Интуитивното, сочувствителното срце е портата кон нашето единство.
Рам Дас

Интернетот е добар затоа што успеа да собере огромен број луѓе на едно место. Но, тој не може да им даде чувство на единство.
Дејвид Линч

Историјата е стремеж за апсолутна разделба и апсолутно единство.
Александар Николаевич Скрјабин

Историјата на нашиот духовен живот е непрекината потрага по единство меѓу нас и светот.
Рудолф Штајнер

Како што апротивноста на цртите се губи во хармонијата на лицето, така и ние го прогласуваме единството на трпењето и протестот на сите народи на целата површина на Земјата.
Жан (Жак) Баптист Румен

Канада нема културно единство, нема јазично единство, нема религиозно единство, нема економско единство, нема географско единство. Сè што има е единство.
Кенет Болдинг

Кога гледаме надвор од она од кое зависиме, ние го игнорираме нашето единство; гледајќи надвор, гледаме многу лица; погледнете навнатре и сето е една глава. Ако човекот можеше да се преобрати, тој веднаш би го видел Бога и себеси и Сè.
Плотин

Кога сте исполнети со Дух, вие чувствувате поврзаност и единство со сите. Вашата душа ќе има чувство на радост и мир, со фокус на служење на другите.
Џејмс Ван Праг

Кога ќе пукне балонот на незнаењето, јас го сфаќа своето единство со неделивото Јас. Зборовите што произлегуваат од Изворот на вистината имаат вистинско значење. Но, кога луѓето ги изговараат овие зборови како свои, зборовите стануваат бесмислени.
Мехер Баба

Кој не е во единство со себеси, тој не е слободен.
Готфрид Вилхелм фон Лајбниц

Колку посветла се пројавува индивидуалноста, толку повеќе се стреми кон единство со целиот свет.
Рабиндранат Тагоре

Љубовта е одраз на Божјото единство во светот на дуалноста. Тоа го сочинува целото значење на создавањето.
Мехер Баба

Марксизмот е најголемата фантазија на нашиот век. Тоа беше мечта која нуди перспектива за општество на совршено единство, во кое ќе се исполнат сите човечки стремежи и ќе бидат помирени сите вредности.
Лешек Колаковски

Медицината на единствениот дух ги отвора вратите кон невидливата матрица на мудроста кај што е сè испреплетено, кај што секоја наша мисла влијае на секоја клетка во нашето тело и на секоја молекула во космосот.
Алберто Вилолдо

Мирот е нешто повеќе од отсуство на војна. Мирот е единство и согласност. Тој е хармонија.
Лејни Тејлор

Многу е полесно за еднаквите да постигнат единство на целта и да разработуваат општ курс на дејствување. Егалитаризмот овозможува соработка.
Питер Турчин

Мојата секојдневна мантра е: јас сум слободен, јас сум љубов и тоа е мојата намера за секој што го среќавам, бидејќи сите сме едно големо семејство. Го чувствувам единството на битието, заедничката нишка што нè соединува со вистината.
Лин Мектагарт

Мојот активизам не произлегуваше од црното…Расната неправда, која присуствуваше во оваа земја за време на мојата младост, беше предизвикувачко за мојата верба во единството на човечкото семејство.
Бајард Рустин

Набљудувајќи ги морето, небото и ѕвездите, се обидов да ја покажам нивната пластична функција преку множество вкрстени вертикали и хоризонтали. Импресиониран од неизмерноста на природата, јас се обидов да го изразам нејзиното проширување, починка и единство.
Пит Мондријан

Најблагородните мажи од сите епохи, христијанските светци со најтрансцендентната духовност, го постигнале својот прекрасен развој преку духовните зраци на оваа планета поради интензивното чувство на Единство со божественото и со сето она што живее и дише во Вселената.
Макс Хајндел

Најголемото благо е познавањето на единството што го има умот со целата природа.
Барух Спиноза

Нашето единство е нашата сила и нашата различност е нашата сила. Ние го отфрламе митот за „ние“ наспроти „тие“. Ние сме во тоа заедно.
Камала Харис

Нашите напори се пламен на единството, а безразличноста ќе го изгасне.
Сет Греам-Смит

На дното на националното прашање секогаш е интересот на капиталистите. Таму кај што има експлоатација, не може да има национално единство; кај што еден задавува друг не може да има братство.
Едвард Абрамовски

На прво место, на самите нас ни недостасува единство и затоа со завист гледаме на оние кои успеваат да се држат заедно и да не се чувствуваат самотни покрај браќа по крв и култура.
Антон Первушин

Незнаејќи за единството на човекот со самиот себе, светот е уште понезналечки за другите две единства-единството на човекот со Бога и Вселената.
Шарл Фурие

Нема поголемо единство од општата опасност.
Су Лин Тан

Нема среќа без ред, нема ред без власт, нема власт без единство.
Едвард Булвер-Литон

Немаше чувство за единство или другарство во екипа, што се претвора во пригушено ниво на ангажираност.
Патрик Ленциони

Не воспримаме никаква реалност како недостаток на вистинско единство.
Готфрид Вилхелм фон Лајбниц

Не исфрлајте никого од себеси. Не се притеснувајте за грандиозна шема или обединета визија за вашата работа. Не се притеснувајте за единството-она ​​што ја обединува вашата работа е фактот дека сте ја направиле. Еден ден ќе погледнете наназад и сè ќе има смисла.
Остин Клиен

Не може да се спори дека да си математичар е квалитет на умот. Умот е единството на срцето, штедроста, желбата за автентичност својствена за човекот од раѓање.
Франсоаз Долто

Не можеме да сакаме кога чувствуваме страв. Кога ќе го ослободиме страшното минато и ќе им простиме на сите, ќе доживееме целосна љубов и единство со сите.
Џералд Јамполски

Нивните гестови ни кажуваат за гордоста на животот, за остварени луѓе, за начин на приспособување кон светот, за извесно единство, од едниот до другиот брег на тоа море кое беше една татковина на душата.
Даниел Рондо

Ние им придаваме преголемо значење на разликите во веронауката, заборавајќи на тоа дека и Буда и Христос нè учат да им служиме на луѓето-во тоа тие се обединети. Не е важно на каков Бог му се поклонуваш. Важно е дали ти ги следиш Вистинските Добродетели.
Сјуаку Ендо

Ние сме обединети, нашето дело е обединето и ние треба да си помагаме еден на друг, за да успееме.
Фредерик Даглас

Ние честопати ја преценуваме усогласеноста со другите, верувајќи дека сите други мислат и чувствуваат исто како нас. Оваа заблуда се нарекува ефект на лажен консензус.
Ролф Добели

Никогаш не треба да забораваме дека во нејзината основа Европската унија е израз на заедницата-желба за единство за да се спречат конфликти и за да се поттикне взаемна корист.
Алекс Салмонд

Но, во биолошките системи постои длабоко единство помеѓу структурата, функцијата и потеклото. Не можете да постигнете голем напредок во разбирањето на некој од нив, освен ако не обрнете особено внимание на другите две.
Вилајанур Рамачандран

Но, Јас е имено интеграторот; тоа е синтетичкото единство, како што рекол Кант. Тоа е уметникот на животот. Тоа е само мал фактор во целокупната интеракција организам/средина, но игра решавачка улога за пронаоѓањето и создавањето на значењата преку кои растеме.
Пол Гудман

Одиме главно во молк; се плашиме или не можеме да ги споделиме нашите мисли, но наоѓаме мерка за единство едноставно во дишењето на истиот воздух, восхитувањето на една и иста месечина.
Мелани Бенџамин

Одисеја е песна за умот. Кој ќе надвладее? Се разбира, Одисеј и Пенелопа, потпомогнати од Атина, се трите гении на интелектот! Пред нас се наѕира победничкото тројство на древноста: лукавство, постојаност и суверенитет.
Силвен Тесон

Општеството е бран. Бранот се движи напред, но водата од која е составена не. Истата честичка не се издигнува од долината до гребенот. Нејзиното единство е просто феноменално. Луѓето кои денес сочинуваат една нација умираат следната година, како и нивното искуство со нив.
Пол Скот

Општеството е единство во различноста.
Џорџ Херберт Мид

Освен ако не најдете некаков вид лојалност, не можете да најдете единство и мир во вашиот активен живот.
Џосаја Ројс

Паметта го разбива твоето сложно единство на парчиња, а преживеаниот живот на две половини: на она што беше и она што можело да биде.
Карлос Фуентес

Повеќето десни сакаа автократија без ѕвездичка-т.е. мистично единство на монархот и народот-и отфрлија сè повеќе од консултативна Дума, но самиот автократ беше ја создал Думата.
Стивен Коткин

Поединечно ние немавме значење. Но, ако таа зборуваше за единство, тој зборуваше за осаменост.
Маја Лунде

Пред да кажете или направите нешто, запрашајте се: „Дали тоа ќе нè зближи, дали ќе создаде чувство на единство и љубов?“. Ако е така, одлично. Ако не, запрашајте се: „Зошто правам уништување?“.
Клаус Џ. Џоул

Преку верноста ние сме собрани и обединети во единство во себеси, додека бевме распрснати надвор во множество.
Свети Августин

Прецизност, брзина, недвосмисленост, познавање на досиејата, континуитет, дискреција, единство, строга субординација, намалување на триењето и материјални и лични расходи-тие се издигнати до оптималната точка во строго бирократско управување.
Макс Вебер

При шизофренијата светот се разделува, исчезнува илузијата за неговото единство.
Вадим Руднев

Природата е слика преку која човек кој припаѓа на повисока култура им дава единство и значење на директните впечатоци од своите чувства.
Освалд Шпенглер

Пронајдениот во единство со себеси е дури невозможно да се помисли на конфликт.
Екхарт Тол

Разликата меѓу религиите доаѓа од тоа што човекот го разбира Бога само низ призмата на сопственото битие, условно и конечно, додека Бог неуморно го осознава единството на трите света во општата хармонија на Вселената.
Едуард Шуре

Рим остана голем сè додека имаше непријатели кои го принудија на единство, визија и хероизам. Кога ги надмина, тој за миг процвета и потоа почна да умира.
Вил Дјурант

Само во страдањето луѓето се обединети. Во радоста тие се разделени.
Вилијам Саројан

Сега нашата цивилизација е во преодна фаза меѓу епохата на завојуваните империи и новата ера на светско единство и мир.
Џон Бојд Ор

Секогаш кога се чувствуваме одделени од моќта на единството, стравот расте.
Чин-Нин Чу

Секогаш и повторно забележувам дека лошите на овој свет се држат заедно, дури и тогаш кога не се поднесуваат, и тоа е нивната сила. Добрите луѓе се осамени, и тоа е нивна слабост.
Евгениј Евтушенко

Секое семејство си има свои непишани правила. Секое семејство е држава со сопствена власт, каде царуваат закони кои не важат во соседната куќа, десетици мали навики и спогодби кои, сокриени од туѓи погледи, го зацврстуваат единството.
Бернар Миние

Секоја влада треба да ја земе предвид безбедноста на земјата. Тоа е само дел од одговорностите на секоја влада. Но, вистинската безбедност може да произлезе од единството само во земја во која има толку многу етнички националности.
Аун Сан Су Чи

Сите богови се добри и сите луѓе се браќа.
Махатма Ганди

Сите нешта се форми на една и иста универзална реалност, која е едновремено духовна и материјална. Целиот космос е единство и целиот космос е жив.
Фритоф Капра

Сила во дисциплината! Сила во единството! Сила во акција!
Тод Штрасер

Силите кои го водат човештвото кон единство и мир се длабоки и моќни. Тие се материјални и природни, како и морални и интелектуални.
Артур Хендерсон

Силите на индивидуите не можат да се обединат додека не достигнат до единството на својата волја.
Шарл де Монтескје

Современиот човек-макар и единство на телото, умот и душата-пројавува променето сознание: секој израз на неговиот живот денес има различен аспект, односно аспект попозитивно апстрактен.
Пит Мондријан

Создавање како распаѓање на првобитното единство на фрагменти.
Мирчеа Елијаде

Создадени сме да живееме во заедница. Нашето општество е камен свод чии камења се меѓусебно поврзани така што тој ќе се урне ако се извлече некој камен од него.
Луциј Анеј Сенека

Спиењето, сонувањето и екстазата се трите врати кои водат кон другиот свет, од каде што иде науката за душата и уметноста на пророштвото. Еволуцијата е закон на животот. Бројот е закон на Вселената. Единството е Божји закон.
Едуард Шуре

Среќата е свет на единство.
Вадим Руднев

Стилот на живот е единство затоа што пзраснал од тешкотиите на раниот живот и од стремежот кон целта.
Алфред Адлер

Судбина-тоа е пред сè единство и поврзаност на физичките причини меѓу себе.
Жил Делез

Суштината на убавината е единство во различноста.
Феликс Менделсон Бартолди

Суштината на смирението е единството.
Радханат Свами

Таткото не е господар, синот не е роб, не е наемник-тоа е најдлабоката основа врз која е изградено Евангелието, односно врз единството на синовите и татковците.
Николај Фјодоров

Ти живееш од плодовите на своите дејствија, а твоите дејствија се резултат на твоите мисли. Мислите и дејствијата се заедно.
Хенри Милер

Токму оваа концепција за единството на човечката кариера е можеби најголемото постигнување на историското истражување, бидејќи освои место аналогно на она на природната наука.
Џејмс Хенри Брестед

Толпата, независно дали е опасна толпа или дружељубив радосен собир на пикник, не е заедница. Има разум, но нема институции, нема организации, нема согласно единство, нема историја, нема традиции.
Џосаја Ројс

Убавината на космосот не е само единството на различноста, туку и различноста на единството.
Умберто Еко

Усложнувањето доаѓа во три: љубовни триаголници, трети тркала, тројство.
Александра Олива

Халуциногените тогаш ја вршат истата работа како религијата-тие даваат доказ за единство кое е сè уште единствен познат лек за стравот од смртта.
Стивен Котлер

Хорското пеење е корисен и трогателен акт за согледување на моќта на колективот: испреплетени гласови се слеваат и се издигнуваат нагоре по асцедентните потоци на единството и меѓусебната доверба. Тоа е јавна престолнина со музичка придружба.
Мајкл Бут

Христијанското образование го нагласува „единството“ во односите меѓу луѓето.
Џејмс Добсон

Целта на човекот е да го спознае светот во единство на спротивности.
Идрис Аберкан

Човекот е единство на спротивности.
Владимир Мегре

Човекот е она множествено и колективно единство во кое единството на крајната цел и разликите на судбините треба меѓусебно да се разбираат.
Пол Рикер

Чувствувајќи го единството на себе и на универзумот, човекот кој живее во духот веќе не е посебна и егоцентрична индивидуа, туку носител на универзалниот дух.
Сарвепали Радакришнан

Чувството за единство со нацијата е невозможно без самопочит, што од своја страна е невозможно без слобода.
Хариет Бичер Стоу

Што ги издвојува моите уметнички дела, каква е нивната општа карактеристика што им дава тематско единство-сите тие, без исклучок, не се публикувани.
Џонатан Коу