Потребно време за читање: 11 минути

15. Догма-Догматизам

Опфатени сме со догми, заблуди и стереотипи. Непрестано, од најмала возраст до последни години на старост. Од нив, догмите најмногу и најдолго, ако не и до самоти смрт ни го заробуваат умот. Од нив не можеме ни брзо ни лесно да се ослободиме. Како што можеме, ако сакаме, од заблудите и стереотипите.  

Најпрвин умот сами си го заробуваме со наши и општоприфатени догми. Најмниогу како непорекливи, несомнени, а недокажани мисли и пројави.

Како да се ослободиме, да се ослободуваме од нив?

Единствено со критичко мислење, сомневање, несогласување, противење, како и истражување и едновремено создавање, пресоздавање и надградба на создадено. Исто така со неприфаќање на што било како догма или како последна вистина.

Македонски народни пословици и изреки

Не праша и не се прашаш, туку земаш здраво за готово.

Збор што не смеј да се порекни.

Чудесијата што се пишани во Библијата се недокажани оти не може да биле? Ами зошто се чудесија?

На деца нема што да им се докажува. Со учење сами си докажуваат.

Незнаењето ко знање не трпи право знање.

Со опит против недокажано знање.

Пословици и изреки од народи на светот

Луѓе кои слушаат истомисленици се исти, догматични и без самоконтрола. А при судир со политички неистомисленици се склони кон екстремизам. (Англиска)

Грешната љубов е со многу догми, та со време самата станува догма. (Германска)

Луѓето во науката кои се однапред сигурни во одговорите може да се опасни догматици. (Француска)

Најголема догма како најголема заблуда: верувањето дека она што треба да се научи мора да биде научено. (Италијанска)

Секој закон треба да биде водач при дејствие и правење дела. (Чешка)

Латински изреки 

Секоја догма е опасна.

Секое незнаење со догматски тон во гласот.

Верата е непријател на догматизмот.

Учените луѓе меѓусебно никогаш не се согласуваат.

Домисла, гесло, мисла водилка

Прифаќањето на религиска догма без внимателно испитување и внатрешно уверување е сосема бескорисно за развојот на душата. Догмата е секогаш неповолна за душата бидејќи човечкото суштество е спречено да формира мислење за религиската доктрина, па сепак без долабока промисла никакво верско уверување не може да се постигне.
Исус Христос

Најголемата сила на христијаните е силата да ги сакаат своите непријатели. Тоа значи да се познава Бог и Оној што Тој го испрати.
Анонимус

Предлогот не е догма, туку само идеја како да се надмине ограниченоста.
Анонимус

Ум скаменет во круг не може да негира догма зашто таа веќе направила круг околу умот.
Анонимус

Рекле, издумале

А јас ги мразам исповедите, ги мразам жртвите. Ги мразам догмите и вечните вистини. Ја мразам еднозначноста.
Гинтер Грас

Ако догмата го зароби мозокот, секоја интелектуална дејност престанува.
Роберт Вилсон

Ако една мртва догма може да го блокира патот на живата љубов, колку вреди таа љубов?
Мирча Елијаде

Ако религијата пред сè значи богосознание или сознавање на Бога однатре, така и однадвор и второстепено севкупност од верувања, принципи и догми, тогаш, строго кажано, има само една религија во светот бидејќи постои само еден Бог.
Парамаханса Јогананда

Без догми на верата никој не би можел да живее ни момент! Но овие догми со ова никако не се докажани. Животот воопшто не е расправа; меѓу животните услови може да има заблуди.
Фридрих Вилхелм Ниче

Библијата е литература, а не догма.
Џорџ Сантајана

Библијата не е мојата книга, ниту христијанството мојата професија. Никогаш не би можел да се согласам со долгите, сложени тврдења на христијанската догма.
Абрахам Линколн

Будизмот се формира до голема степен во рамките на протестот на живо религиозно и морално чувство наспроти замрзнатиот брамански догматизам и ритуализам.
Евгениј Торчинов

Веројатно трпеливоста се појавува кога луѓето се уморуваат од догми.
Луис де Берние

Внимавајте со насловите кои ви кажуваат што е добро или лошо за вас. Внимателно проверете ги податоците пред да ги прифатите како догма.
Дејвид Ејгус

Во извесна смисла беше чудно што сега се сеќаваше само на луѓето. Во тоа време тој воопшто не размислуваше за луѓето, туку само за проблемите, за теориите, догмите и народните маси, а сега, кога се заврши сè и половина од мозокот му беше изгубен во битката, тој воопшто не размислуваше за проблемите.
Ричард Старк

Во споредба со индивидуите, групите се склони да бидат подогматични, поспособни да ги оправдаат ирационалните дејства, посклони да ги воспримаат своите постапки како силно морални и посклони да формираат стереотипни погледи на надворешни лица.
Ричард Вајсман

Во учебникот по догматика еден човек со ништо не се разликува од друг, но во животот сè е различно.
Херман Хесе

Во моите 20-ти години, кога почнав да патувам низ Европа, најдов утеха во религиозните слики. Иако мојата сопствена вера во католичката догма беше разнишана и ослабена, утврдив дека убавината и богатството на уметноста сè уште ме држат.
Колм Тојбин

Голем дел од привлечноста на догмата во религијата е тоа што на своите следбеници им дава правила кои треба да ги следат за да ги спасат од неопходноста да разберат кои се тие и што навистина мислат.
Керол Пирсон

Да се ​​филозофира значи да се издигнеме од јавната догма до посуштествено лично знаење.
Лео Штраус

Движењето е мојот лек, мојата медитација, мојата метафора и мојот метод, жив јазик на кој можеме да се потпреме за да ни ја каже вистината за тоа кои сме, со кого сме и каде одиме. Во танцот нема догма.
Габриела Рот

Детската вера е вистинска, во неа го нема дефектот на религиозните догматици, овие мрачни приказни за возрасни. Детската вера е волшепство и радост.
Џоан Харис

Дефинитивно е важно да имате визија, да имате некакво чувство за тоа што може да биде возможно, но не и да бидете догматични во однос на вашите верувања односно начини на кој нешто треба да се направи.
Салман Кан

Длабокото незнаење инспирира догматски тон.
Жан Д Ла Бриер

Догма-тоа е искуство да се создаде стап со еден крај.
Габриел Лауб

Догма призната во древноста… (дека) душата ги отсликува своите гревови во темнината на пеколните предели и… потоа… преминува во нови тела, таму за да претрпи нови испити.
Плотин

Догматизмот води до научна анемија.
Гордон Олпорт

Догматската религија не е отворена за луѓе кои имаат директен пристап до овие повисоки сфери.
Ибн Александар

Догмите од тивкото минато не се соодветни за бурната сегашност. Поводот е натрупан со тешкотии и ние треба да се издигнеме со него. Бидејќи нашиот случај е нов, треба да размислиме одново и да дејствуваме одново. Треба да се ослободиме од власта и тогаш ќе си ја спасиме државата.
Абрахам Линколн

Догмите не треба да бидат целосно логични сè додека функционираат.
Дејвид Брин

Догмите се заедничка зандана на човештвото. И тоа е нешто чудно: луѓето ги сакаат своите затворски ќелии. Тие им даваат чувство на безопасност и лажно чувство на „јас знам“.
Екхарт Топ

Догма за „безгрешно зачнување“?
Фридрих Вилхелм Ниче

Догмата е балсамирано мислење.
Божидар Ковачевиќ

Догмата не е ништо друго, освен изречна забрана да се мисли.
Лудвиг Фоербах

Догмата не значи отсуство на мисла, туку нејзин крај.
Гилберт Кит Честертон

Дури ако верувам дека мислењето е вистинито и сум силно уверен во неговата вистинитост, освен ако не биде „целосно, често и бестрашно“ расправано, на крајот на краиштата ќе го прифатам како мртва догма, шаблонизиран и необмислен одговор.
Најџел Ворбертон

Духот на догматската теологија труе сè до што ќе се допре.
Џереми Бентам

Еден просечен човек е сенка на општеството. Тој е целосно прилагоден на животот во стадо, следи рутина, предрасуди и догми признати како корисни за непотизам. Тој е склон да ги имитира другите, навикнат е другите да мислат за него и не е во состојба да формира свои сопствени идеали.
Џон Бејнс

Езуитите се тајно друштво формирано во рамките на Католичката црква за да ја заштити нејзината догма.
Џим Марс

Зборовите одразуваат само интелектуална догма, но изразот на нашите животи ја покажува нашата вистинска догма, која има многу поголемо значење.
Тед Декер

Знам премногу за да бидам скептик и премалку за да бидам догматик.
Пјер Бејл

И не се чувствувајте така како да вршите флагрантно кршење на будистичката догма, само затоа што мислите за себе како за себе.
Роберт Рајт

Идеологијата сака да биде едновремено и наука и филозофија, и религија и практично раководство. Но, таа е премногу пристрасна за да биде наука, премногу произволна за да биде филозофија, премногу ограничена за да биде религија и премногу догматска и априорна за да биде практично раководство.
Јосиф Давидович Левин

Има една забележителна изрека на Паскал според која премалку знаеме за да бидеме догматици и премногу за да бидеме скептици, што прекрасно го изразува она што Платон го пренесува преку своите дијалози.
Лео Штраус

Иронијата може да биде здрав противотров за догматизмот, но може да биде и начин да се избегне одговорност. Безобразните и навредливи тврдења често се следени од тврдењето дека се работи за шега, но по тоа време отруените стрели веќе ја погодиле целта. Иронијата е одличен изговор за неодговорност.
Иан Бурума

Историјата и задачата на иднината веќе не значат класна борба против класа или конфликт меѓу една црковна догма и друга, туку договор меѓу крв и крв, раса и раса, народ и народ. А тоа значи: борба на духовните вредности една против друга.
Алфред Розенберг

Историјата на науката покажува дека напредокот на науката постојано бил попречуван од тиранското влијание на одредени сфаќања кои најнакрај се воспримаат како догми.
Луј де Број

Јас сум многу променлив во својата посветеност. Од доктринарна гледна точка или догматска гледна точка или од гледна точка на строго католички приврзаници, прво треба да кажам дека зборувам како добра игра, но не знам колку сум добар во тоа во практика.
Стивен Колбер

Како што секој човек натрупуваше повеќе информација за својата сопствена гледна точка, секој стануваше подогматичен, а недостатоците во постојните модели на светот се поочигледни.
Дејвид Епштајн

Кравјата балега е покорисна од сите догми-од неа барем може да се направи ѓубре за ниви.
Мао Це Тунг

Кога луѓето ги менуваат своите ирационални верувања во недогматски флексибилни преференции, тие стануваат помалку вознемирени.
Алберт Елис

Кога луѓето се најмалку сигурни, тие често се најдогматични.
Џон Кенет Галбрајт

Логиката на валидноста ни овозможува да се движиме меѓу двете крајности на догматизмот и скептицизмот.
Пол Рикер

Лошата религија е арогантна, самобендисана, догматска и нетолерантна. Како и лошата наука. Но, за разлика од религиозните фундаменталисти, научните фундаменталисти не сфаќаат дека нивните мислења се засноваат на вера. Тие си мислат дека ја знаат вистината.
Руперт Шелдрејк

Многу верници се однесуваат како догматиците да не треба да ги докажуваат од нив декларираните постулати, туку напротив, скептиците се должни да ги побијат.
Александар Панчин

Многу од нашите најсериозни конфликти се конфликти во нас самите. Оние кои претполагаат дека нивните проценки се секогаш последователни се нерефлексивни или догматични.
Џон Ролс

Може да има луѓе кои сметаат дека го напаѓаат христијанството кога го испитуваат историското потекло или моралот на некаква догма. Не мислам така. Чесното истражување може да доведе само до растеж.
Бјорнстерне Бјорнсон

Моите родители ги скршија оковите на догмата.
Франц Ури Боаш

Мора да се каже дека моралот може да се разбере на два сосема различни начина: како религиозен морал, каде што е приврзан кон догмата како свој принцип и му се потчинува, и како филозофски морал, каде што се разгледува како целосно независна форма на човечки живот.
Рене Генон

Ниту една доктрина не победува со догматици и утописти.
Мигел Отеро Силва

На верата не ѝ требаат докази, но постоеја реликвии кои служеа како материјална потврда на она што религиозната догма не можеше да го докаже.
Федерико Андахази

Науката секогаш треба да биде догматска, односно треба да дава строги докази од вистински априорни принципи.
Имануел Кант

Науката е потрага по вистината, тоа е напор да се разбере светот: таа вклучува отфрлање на пристрасност, догма, откровение, но не и отфрлање на моралот.
Линус Карл Полинг

Науките се попречени од претпоставки кои се затврдиле во догми поддржани од моќни табуа. Верувам дека науките ќе се преродат кога ќе бидат ослободени.
Руперт Шелдрејк

Нашата демократска догма ги изедначи не само сите избирачи, туку и сите лидери; ние се радуваме да покажеме дека живите гении се само просечни, а мртвите се митови.
Вил Дурант

Не можеме да се престориме во исти догматици како нашите предци.
Џон Виндам

Ние се однесуваме спрема нашите убедувања со истата пристрасност како и зависниците од дрога кои се обидуваат да земат доза-доза на познатите догми.
Мајкл Толбут

Никаква силна лага нема да биде вистина за мене; никаква задушлива догма нема да ми го задуши перото!
Антон Шандор Ла Веј

Ниту една држава или народ кои се робови на догмите и догматичниот менталитет не можат да напредуваат и за жал нашата држава и народ станаа исклучително догматични и малоуми.
Џавахарлал Нехру

Од суштествено значење за имиџот на конзервативците е идејата дека тие се непријатели на воспоставената ортодоксност, бунтовници против догматската политичка коректност што преовладува кај левицата.
Џејкоб Вајсберг

Оној што е премногу обземен од методот, тој се престорува во догма.
Заха Хадид

Постои фундаментална разлика меѓу религијата заснована на догми и науката заснована на набљудување и логика. Науката победува затоа што таа работи.
Стивен Хокинг

Почнав да разбирам дека треба да се запрашаме себеси: дали религиозните догми се вистинити? И ако се вистинити, дали се добри или не? Ако сакаме да го најдеме Бога, неопходно е да го искорениме незнаењето во себе, обидувајќи се да го запознаеме нашиот свет и вселената.
Филип Кер

Перфекционист, конзервативен и непопустлив човек, емоционално студен; тој ги потиснува негативните емоции во постојан обид да се поддржи континуираниот проток на позитивни емоции. Когнитивниот догматизам (слепилото) и емоционалната студенина (изолацијата) водат до еден и ист резултат-стагнација.
Тал Бен-Шахар

Писателот кој не се противречи на самиот себе-тоа е догматик.
Габриел Гарсија Маркез

Поезијата се спротивставува на академското преправање, исто како што мистеријата на религиозната вера испарува при контакт со догмата.
Патрик Вајт

Постои само една бесмртна сила која преживува династии, догми, класи-тоа е силата на творечкиот труд.
Жан Жорес

Постои јасна врска меѓу апсолутната неоснованост на оваа догма и фанатичната сигурност со која се проповедува.
Кристофер Хиченс

Преџваканото знаење, Лех, е полошо од никакво. Не те учи да размислуваш. Добиваш готови догми, си ја полниш тиквата со закостенети шеми и се обидуваш да живееш според овие шеми. И тогаш се чудиш-зошто навистина не можам да направам ништо?
Олег Дивов

Пример за догматски безжалбен исказ: „Јас сум во право, а секој што не е согласен со мене греши“.
Стивен Кови

Рационалната мисла секогаш ќе ја надминат средновековната догма.
Омер Хикам

Религиите се оправдано догматски за да се повикуваат на авторитет, но тоа е непростливо за уметникот.
Јулијан Семјонов

Религијата без уметност е мртов систем од догми кои немаат ефект на животот.
Анагарика Говинда

Религијата и природната наука водат заедничка битка во непрестан, никогаш непопустлив крстоносен поход против скептицизмот и против догматизмот, против невериеро и суеверијата… [и следствено] „Кон Бога!“
Макс Планк

Римокатоличката црква и нејзините ритуали беа толку многу дел од животот, така што иако моите родители често се сомневаа во мало прашање на догма и никој од нас не изгледаше порелигиозен од секој друг, никој никогаш не ги доведуваше во сомнение ритуалите или основните принципи на верата.
Колм Тојбин

Само индивидуалните мислења се фиксирани и догматски.
Џејмс Редфилд

Слободата на истражување не треба да се соочува со никакви бариери. Во науката нема место за догма.
Роберт Опенхајмер

Секоја догма е семе на неслога и злосторство фрлено меѓу луѓето.
Клод Адријан Хелвециј

Секој човек треба да ги прифати оние [догми] за кои тој, како најдобар судија за себеси, чувствува дека ќе придонесат најмногу за зајакнување во него на љубовта кон правдата.
Барух Спиноза

Секој што е запознат со академскиот живот знае дека тој раѓа идеолошки култови склони кон догма и отпорни на критика.
Стивен Пинкер

Секој што ќе се врати на испробаната формула на догматизмот во свет кој толку брзо се менува, сака проблеми.
Томас Фридман

Се разбира, нема гаранција за тоа дека разумните луѓе ќе постигнат целосна согласност со секој, но можам со сигурност да кажам дека неразумните се осудени да бидат поделени од своите догми.
Сем Харис

Сите догми се само зборови. Она што е важно не е она што нè учат, туку она што го знаеме. Во нашиот мозок; во нашата душа.
Клајв Баркер

Сè додека на секоја душа не ѝ е дозволено слободно да испитува секоја книга, верување и догма за себе, светот не може да биде слободен.
Роберт Ингерсол

Сличностите со христијанството и јудаизмот подоцна се претворија во чувствителна тема, делумно опфатена со догмата дека Мохамед е неписмен. Тоа го изолира од тврдењата дека е запознат со учењата на Тората и Библијата-иако малкумина современици коментираат дека бил „учен“ и ги знаел како Стариот, така и Новиот завет.
Питер Франкопан

Спојувањето на војните за територија и војните што се водат врз основа на верата и догмите со цел духовна надмоќ, одиграа клучна улога на почетокот на продолжителните двесте и повеќе години конфликт што се изразува најмногу во битката за единствената вистинска вера.
Ден Џонс

Следствено, спротивно на сегашната догма, тоа што се нарекува Алцхајмерова болест е всушност заштитен одговор посебно на три различни процеси: воспаление, неоптимални нивоа на хранливи материи и други молекули, поддржувајќи ги синапсите, и токсична експозиција.
Дејл Бредесен

Спектаклот на она што се нарекува религија или во секој случај организирана религија, во Индија и другаде, ме исполни со ужас и јас често сум го осудувал и сум сакал да го избришам. Речиси секогаш се чинеше дека значи слепо верување и реакција, догми и фанатизам, суеверие, експлоатација и зачувување на лични интереси.
Џавахарлал Нехру

Според моето искуство, најцврстите ставови се засноваат на незнаење или прифатена догма, а не на внимателно обмислена натрупување на факти. Колку повеќе ги разоткривате суптилностите и реалностите на ситуацијата, толку помалку јасни стануваат нештата.
Мери Роуч

Современиот човек не љуби, туку бара прибежиште во љубовта; не се надева, туку бара прибежиште во надежта; не верува, туку бара прибежиште во догмата.
Николас Гомез-Давила

Треба духовните слепци да се жалат исто толку, колку и телесните.
Филип Честерфилд

Уште еден религиозен фанатик за кого фактите и реалноста го заземаа второто место пред догмата.
Питер Ф. Хамилтон

Таканареченото безделничење, кое не се состои во бездејствие, туку во правење многу нешта кои не се признати во догматските формулари на владејачката класа, има исто толку право да ја каже својата позиција, колку и самата индустрија.
Роберт Луис Стивенсон

Твоето време е ограничено, немој да го трошиш живеејќи нечиј живот. Немој да допуштиш да те зароби догмата-да се живее како што мислат други. Немој да дозволиш бучавата на туѓите мислења да го стивне твојот внатрешен глас. И најважно, имај храброст да ги следиш своето срце и интуицијата. Тие некако веќе знаат што сакаш да станеш. Сè друго доаѓа на второ место.
Стив Џобс

Теологијата започнува со догми, филозофијата започнува со проблеми. Филозофијата прво го гледа проблемот, теологијата го има одговорот однапред.
Абрахам Џошуа Хешел

Тоа беше прашање на управување на христијанската догма меѓу Сцилата на пантеизмот и Харибдата на материјализмот и нејзиниот логичен заклучок, скептицизмот.
Овен Барфилд

Тоа е мојата единствена догма и јас се придржувам до неа со праведен фанатизам: ако животот ви е здодевен, проблемот не е во животот, туку во вас бидејќи животот е пеколно возбудлив.
Ерик Каплан

Тоталитарното владеење воспоставува непобитни догми и ги менува од ден на ден.
Џорџ Орвел

Фанатизмот во религијата е сојуз на страстите што ги осудува со догмите кои ги исповедува.
Џон Актон

Филозоф, оратор, апостол, законодавец, воин, завојувач на идеи, востановувач на рационални догми, на култ без слики, основач на дваесет земни империи и на една духовна империја: тоа е МУХАМЕД. Што се однесува на сите стандарди со кои може да се измери човечкото величие, можеме да се запрашаме ДАЛИ ИМА НЕКОЈ ПОГОЛЕМ ЧОВЕК ОД НЕГО?
Алфонс де Ламартин

Филозофијата е опасно нешто за секоја догматска религија; таа ги тера луѓето да размислуваат.
Џавахарлал Нехру

Филозофијата започнува кога човек ќе се научи да се сомнева-особено да се сомнева во своите сокриени верувања, во своите догми и во своите аксиоми.
Вил Дурент

Чесноста во играта со карти е неспроведлива догма на поморскиот живот.
Џон Бојн

Човек не може да биде догматичен во врска со правилното решение.
Салман Кан

Човек кој се обидува да ги задоволи сите луѓе, како што ја ослабува својата позиција или прави компромис со своите верувања, на крајот на краиштата нема ниту позиција ниту верувања. Човек треба јасно да го каже она во што верува, без догми и без лукавство.
Пјер Трудо

Човекот не може да биде просветлен со никаква организација, вера, догма, свештеник или ритуал, ниту со некакво филозофско знаење или психолошка техника. Тој треба да го открие преку разбирање на содржината на својот сопствен ум, низ набљудување, а не низ интелектуална анализа или интроспективна дисекција.
Радханат Свами