Потребно време за читање: 17 минути

162. Возбуда

Човек се возбудува одвреме-навреме за сенешто. Никако не непрестано со иста силина, ритам и содржина. Притоа, не заборавајќи на спокојството затоа што е тоа во неговата природа и во суштината на неговото постоење. Се разбира, тоа е кога обете, и возбудата и спокојството се во рамновесие. Кога не се, ако не се, поготово кога или ако надвладеала возбудата, тогаш му се загрозува или си го загрозува здравјето. Дури личниот овоземен опстанок.

Кога е збор за возбудата, поточно е да се каже возбуди зашто има различни, причински и последични, позитивни и негативни. Не само при бранување на емоциите, за надвладување од нив на физичкото, на дејствувачкото, туку и кога е краткотрајна, дури мигновена реакција на собитие, ситуација, непријатност, расположба. Негативните не смеат да траат предолго, толку долго што човек да не може да се поврати во „нормална“ состојба; каков што е, каков што се препознава себеси во светот..

Возбуда во рамновесие со спокојството, значи човек е одвреме-навреме возбуден, но секогаш му е близу, „при рака“ спокојството.

Мора да се издели од другите возбудата од, пред и со убавината. Затоа што само таа ја докажува човечноста во човекот. Дури кога и според траењето и според силината е над спокојството.         

Македонски народни пословици и изреки

Го западна возбуда.

Од среќа возбуда, воочлива и невоздржана.

Која душа ти иде со возбуда, силата на твојата тага не може да ѝ се противи на твојата радост.

Не е ништо повозбудливо од растењето на човекот и неговото наспоредно откривање на светот.

Возбуда од награда за дело прва или втора според силината со наградата за цел живот?

Се возбуди творец оти успеа во свое ново дело да спои што вистина се случило со од него смислено.

Цел живот исполнет со возбуда и борба-живот вистински.

Возбудата е второ име за среќа како лек за сите.

Пословици и изреки од народи на светот

Успевате оти сте со многу луѓе секој ден. Со многу! (Француска)

Твојата големина, човеку, најмногу зависи од тоа што те возбудува. (Германска)

Не се живее во минатото, најпрвин зашто се поважни нашите радости и возбуди што ги доживуваме овде и сега. (Германска)

Чудото најмногу и најбрзо од сè ги возбудува луѓето. (Италијанска)

Детето секогаш со возбуди и грижи, секогаш за грижи и возбуди. (Холандска)

Твоето движење низ животот може да се смени преку ноќ, ако ѝ се препуштиш на возбудата. (Данска)  

Многу е полесно да се возбудиш од нешто што не ти се допаѓа, одошто тоа да ти се допадне. (Романска)

Младоста полесно од староста ги претвора животните тешкотии во возбудливи авантури. (Словенечка)

Латински изреки

Човекот не го возбудува она што е често. (Ab assuetis non fit passio.)

Децата го разбираат она што го учат со споредување со нешта кои веќе ги знаат. И тоа многу ги возбудува.

Направи сега, па возбудувај се потоа.

Повеќето од причините за возбуда се дребнулии.

Изгледаш многу возбуден од што си заплашен.

Не може да ти се верува кога си повеќе возбуден од успех, отколку од она што го правиш за да бидеш успешен.

Домисла, гесло, мисла водилка

Постои очигледна возбуда во момент на најмало откритие.
Анонимус

Секогаш сум возбуден поради она што го правам. Не би правел нешто што навистина не ме возбудува.
Анонимус

Највозбудливо во осаменоста е внатрешниот глас кој ви кажува дека сте со некого што допрва ќе го најдете. Може дури да ве измачува.
Анонимус

Реалноста возбудува кога си во неа со затворени очи.
Анонимус

Дури го бараме правилното, нашиот живот се врти во незамисливо нови возбудливи правци.
Анонимус

Возбудува смислата на животот во ден по ден, во час по час, правејќи што било. Она што е важно не е што правам, туку како мислам за себеси додека го правам.
Анонимус

Поважно од „Што сакам?“ и „Какви цели имам?“ е „Што може да ме возбуди?“
Анонимус

Преместувањето на некое ново место е секогаш возбудливо.
Анонимус

Сè што ги возбудува нашите сетила е примамливо и неизбежно.
Анонимус

Вљубувањето е почетна цена на среќата-возбудлива, но стресна етапа до достигнување на врските што нè задоволуваат.
Анонимус

Оној што гладува не се возбудува од среќа или самореализација.
Анонимус

Рекле, издумале        

Ако делото не го возбудува самиот автор, што може да очекува од публиката?
Чарли Чаплин

Ако се возбудувате за сите глупости во животот, немате простор за возбуда во сериозни прилики.
Марк Менсон

Ако животот го третирате како возбудлив експеримент, како игра, многу работи изгледаат поедноставни: загубата повеќе не е загуба, туку можност за маневрирање.
Нина Рубштајн

Ако уметничкото дело не ве возбудува, тоа значи дека тоа не ја достигнало вистинската цел на уметноста.
Гистав Флобер

Балетот е спектакл кој воодушевува, но не возбудува.
Френсис Скот Фицџералд

Брзо распространувачка и превозбудена цивилизација засекогаш ја нарушува тишината на морињата.
Клод Леви-Строс

Вашиот живот треба да биде приказна која ќе ја раскажете со возбуда.
Адам Браун

Ви ја посакувам сета пријатна возбуда што човек може да ја предизвика, без да ги повредите другите и сопственото достоинство.
Норберт Елијас

Вистинската тајна на успехот е ентузијазмот. Да, повеќе од ентузијазам, би рекол возбуда. Сакам да гледам мажи да се возбудуваат. Кога се возбудуваат, тие постигнуваат успех во својот живот.
Волтер Крајслер

Вистинскиот лидер секогаш држи во ракавот елемент на изненадување кој другите не можат да го сфатат, но кој ја подржува неговата општественост возбудена и без здив.
Шарл де Гол

Вистинска возбуда е да се соработува со компјутерски научници и невролози и да започнеме детално да разбираме како децата учат толку многу брзо.
Алисон Гопник

Во последно време размислувам дека навистина го сакам она што не се гледа на снимка. Вистинска физичка темнина. И за мене е многу возбудливо одново да ја видам темнината.
Дијана Арбус

Вознемиреноста и возбудата привлекуваат сè повеќе вознемиреност и возбуда, една измама води кон друга и таоа се престорува во навика.
Банана Јошимото

Ги предупредувам моите пациенти дека не постои нешто како „безопасен секс“.
Естер Перел

Возбудата никогаш не е удобна. Кога ќе дојде, просто се закачувате и се надевате дека нема да паднете.
Карен Хокинс

Возбудата нема да ме спречи на патот кон успехот.
Деми Ловато

Возбудата што го предизвикува науката е нејзината способност да одговара на големи прашања.
Лин Мектагарт

Возбудата предизвикана од стравот е пропорционална не на опасноста, туку на нашето претчувство за бедата од која се плашиме, без оглед дали е таа реална или замислена.
Бернард Мандевил

Возрасните понекогаш страшно се возбудуваат од дребнулии, но понекогаш пропуштаат важни и сериозни нешта.
Ирина Токмакова

Всушност е многу просто. Ќе ти кажам една вистина: ако животот ме научил на нешто, тоа е дека треба да го правиш само она што те возбудува. Сè останато е губење време.
Шарлот Лукас

Ги претпочитам возбудите со слободата пред спокојството на ропството.
Жан-Жак Русо

Ги сакав музиката и танцот, и тоа беше возбудливо за мене.
Деби Рејнолдс

Го читав „Големиот Гетсби“ во гимназијата и бев маѓепсан од убавината на речениците и возбуден од приказната за неповратноста на изгубената љубов.
Том Перота

Дали некогаш сте биле толку возбудени да прочитате книга што дури не можете ни да ја започнете?
Бет О’Лири

Да ​​бидеш без врска, односно да си сам со себе може да се доживее како полошо отколку да бидеш во најголемата болка што ја предизвикува врската. Бидејќи да бидеш сам, тоа значи да ја чувствуваш возбудата на големата болка од минатото, во комбинација со таа на сегашноста.
Робин Норвуд

Да не се возбудуваш, значи да си го пропуштил целиот смисол на животот.
Стив Чендлер

Детство е да покажуваш брзина и возбуда во работата што не може да биде избегната.
Сабахатин Али

До тој момент тој никогаш не се посомневал дека поезијата е толку возбудливо нешто.
Хозе Карлос Сомоза

Дури да немате пари или време или времето да е лошо, можете да живеете возбудлив живот ако се обидете.
Аби Хименез

Душевната возбуда нè тера да заборавиме на претпазливоста.
Волтер Скот

Е, јас се возбудувам од музика.
Ентони Киедис

Еден од највозбудливите моменти беше да стоиш на врвот на светот, 30 секунди пред да слезеш.
Феликс Баумгартнер

Еден од карактеристичните белези на екипата е тоа чувство да најдеш грешка. Тоа е љубопитноста и чувството за истражување. Станува збор за тоа да се возбудиш дека грешипш затоа што тогаш си открил нешто ново.
Џони Ајв

Желбата да ја задоволите вашата љубопитност може да прерасне во најважната, највозбудливата од сите емоции.
Џек Фини

Живееме во возбудливо време во кое науката е на пат да ги распадне старите митови и да ги преработи основните верувања на човечката цивилизација.
Брус Липтон

Живееме низ највозбудливото, предизвикувачкото и најкритичното време во човечката историја. Никогаш порано не било можно толку многу; и никогаш досега не било заложено толку многу.
Питер Расел

Живејте го животот како авантура. Живејте како херој на возбудлив роман.
Дејвид Алмонд

Животот е возбудлива авантура, а најубавиот живот е животот што се живее за другите луѓе.
Хелен Келер

Животот е полн со такви настани кои се мешавина од случајни и возбудливи закономерности!
Салвадор Дали

Животот на секој човек е подреден како возбудлив роман. Неизвесноста, вистината што секој мора сам да ја открие е како да бидеме среќни.
Марк Фишер

Животот не секогаш протекува како роман, но тоа не го прави помалку возбудлив и интересен.
Софија Каспари

Животот низ објективот на уметноста изгледаше неверојатно возбудлив. Останува нејасно: зошто мажите се толку убаво способни да зборуваат за љубов и толку лоши да се поврзуваат со жена во реалниот живот?
Елизавета Бута

Забележав дека учителите често го мешаат возбудливото со здодевното.
Сара Пенипекер

Задачата на уметноста е да ги возбудува срцата.
Клод Адријан Хелвециј

Задоволството што го добиваме да критикуваме нè лишува од возбуда од многу убави нешта.
Жан д Лабрие

За мене беше многу возбудливо да придонесам за разбирањето на општеството колку е богата и прекрасна науката.
Брајан Грин

За мене е многу возбудливо кога некој друг ќе направи нешто големо, а тоа не сум јас.
Луис Си Кеј

Идејата дека можеби ме бараат, имајќи време да размислувам за желбата или интересот навистина да ме најдат, ме возбудува и ја утешува самоста што ја чувствувам.
Алберто Бевилакуа

Избирам прашања за работа според тоа колку ме возбудуваат.
Ерик Маскин

Изгледа дека нема ограничување за возбудливите можности кои идат од комбинирањето на техничките иновации, интернетот и социјалните медиуми.
Мохамед Ел-Еријан

Има благородни тонови, едноставни, спокојни хармонии, утешителни, други кои возбудуваат со својата сила.
Пол Гоген

Има книги кои ве забавуваат, но всушност не ве возбудуваат. А потоа има книги кои ве тераат да се сомневате, ви даваат надеж, го прошируваат светот и ве водат во бездни. Овие книги се она што се брои.
Џон Калман Стефансон

Има многу, многу нешта кои се тешки во овој живот, но едно нешто што воопшто не е тешко е да се разбере дали некој е возбуден или не кога ќе отвори подарок.
Даниел Хендлер

Има некои луѓе кои имаат толку силен ефект врз вас кои, дури и да сте поминале многу малку време со нив, ќе останат втиснати во вас и секое нивно навестување, секое случајно спомнување создава ненадејна возбуда кај вас.
Мег Волицер

Има тоналности кои се благородни и други кои се вулгарни, хармонии кои се мирни или утешителни и други возбудливи поради својата смелост.
Пол Гоген

Искористете го максимумот од секој момент. Возбудувајте се за секое мало нешто.
Бетани Франкел

Историјата веќе не возбудува никого. Сè што прават е да ги гонат и гонат последните новини.
Тес Геритсон

Исцрпувачката и возбудлива желба за познание нè води по врвица која нема крај.
Антонија Сузан Бајат

Јазикот ме возбудува. Ирационалната мисла ме возбудува. Поминувам поголем дел од моето време во слушање наместо во пишување. Може да дојде дел од јазикот: фраза, збор, анаграм, и јас просто ќе го држам во џебот, како мало семе што ми се загрева во тупаница.
Оушн Вуонг

Кај плитките луѓе рибата на малите мисли предизвикува многу возбуда. Во океанските умови китовите на вдахновението едвај создаваат возбуда.
Парамаханса Јогананда

Книгите можат да ни дадат знаења, мудрост, вредности, поглед на светот и многу повеќе. Радоста да научиш нешто што не си го знаел претходно и да ги гледаш нештата на сосема нов начин е возбудлива. Но, некако верував дека ни дадоа нешто поважно од тоа.
Сосуке Нацукава

Книжевната репутација се дави во брановите на успехот. Реклама, побарувачка, возбуда-сè се врти против книгата, нејзиниот автор.
Сирил Коноли

Кога би се заљубиле само во луѓе кои се совршени за нас… тогаш воопшто немаше да има толкава возбуда за љубовта.
Ејмер Таулс

Кога наплаќате со цел, вие ја откривате возбудата во секојдневјето, страста во секојдневјето, необичното во обичното.
Џон Гордон

Кога имате сè што сакате, има малку нешта што ви се чинат фасцинантни и возбудливи.
Нора Робертс

Кога повеќето луѓе зборуваат непријатности, тие обично зборуваат за нешто возбудливо.
Кетрин Мекги

Кога сте возбудени од постигнување цел, вие сте поврзани со изворот на животот. Многу луѓе ја преценуваат или ја отфрлаат страста како самодоволна, но автентичната страст нè тера да ја исполниме мисијата на нашата душа, да привлечеме изобилство и успех и да му служиме на човештвото.
Алан Коен

Кога ќе се сетам на моите омилени учители, веќе не помнам многу од она што ме научија, но со сигурност си спомнувам дека бев возбуден што го научив. Она што остана со мене не беа фактите што ги пренесоа, туку возбудата од учењето што ја вдахновуваа.
Томас Фридман

Кога ќе престанеме да веруваме во виденото и ќе почнеме да веруваме во невиденото, тогаш животот станува возбудлив.
Бхакти Вигјана Госвами

Кога сте теоретичар, двете најзависни состојби во кои треба да бидете се возбудени и збунети.
Лоренс Краус

Кога луѓето се многу возбудени, тие често кажуваат неверојатни нешта. Понекогаш дури се изненадуваат самите себеси.
Џејмс Болдвин

Која е тајната на вашата долговечност? Секој ден десетина впечатоци ми ја возбудуваат душата. Тоа е тајната на долговечноста.
Масару Емото

Колку и да е возбудливо, тешко и незаборавно нашето минато, иде момент во кој треба да продолжиме да живееме.
Патрик Карман

Комплексноста е она што го прави животот интересен и возбудлив.
Ендрју Метјус

Концентрацијата е единственото нешто што може да ја компензира нервната возбуда пред нова задача.
Вилијам Гибсон

Креативно изразување. Вклучувањето во творечки активности денес води до повеќе енергија, возбуда и ентузијазам утре.
Емили Нагоски

Луѓето беа возбудени од насилство. На крајот на краиштата, каков беше сексуалниот чин освен претрпено доброволно поседување, моментна смрт?
П.Д. Џејмс

Луѓето не се возбудуваат од околности или надворешни сили, тие претрпуваат пораз внтре во себе.
Банана Јошимото

Љубовта за луѓето е како дрога, тие се исплашени и возбудени во исто време.
Јануш Вишњевски

Мачка и глушец е една од највозбудливите игри во светот, особено ако ја играте улогата на лукава мачка.
Џејн Ен Кренц

Многу е возбудливо да се чувствуваш како поинаква жена со нов идентитет.
Трини Вудал

Многу се зборува во корист на неуспехот. Во секој случај, тој е многу повозбудлив од успехот.
Макс Бирбом

Можеби страста и возбудата требаше да бидат второстепени за стабилниот возрасен живот.
Бали Каур Џасвал

Може ли да има нешто поапсурдно од да бидеш возбуден од желба која нема можен објект?
Паскал Мерсие

Можеме да си претставиме една приказна како црна кутија со големина на соба. Целта на писателот е да го натера читателот да влезе во таа кутија во една состојба на умот и да излезе во друга. Она што се случува таму треба да биде возбудливо и нетривијално.
Џорџ Сондерс

Можностите се возбудливи и бескрајни. Реалностите се конечни. Нема да има повеќе „што ако“, нема повеќе „може да биде“, нема повеќе мечти.
Кејси Вест

Моите романи се секако повозбудливи од мојот сопствен живот.
Том Перота

Моќта на давање е толку силна што возбудата и добрите чувства често се поголеми за оној што дава, отколку за примачот.
Џен Синсеро

Неверојатно е како луѓето можат толку многу да се возбудуваат од ракета до Месечината и да не се погрижат за смогот, излевањето нафта, опустошувањата на средината со пестициди, гладот, болестите.
Цезар Чавез

Навистина се возбудуваме кога ќе најдеме начин да ги подобриме невронските мрежи-и кога е тоа тесно поврзано со начинот како работи мозокот.
Џефри Хинтон

Надежта е највозбудливото нешто во животот; ако чесно веруваш дека љубовта е таму, таа ќе дојде. А и ако таа не дојде, кај тебе има шанси тоа да се случи наскоро.
Џош Хартнет

Највозбудливите моменти треба да ги планирате сами.
Кери Мејер

Најдобриот ефект од секоја книга е тоа што го возбудува читателот кон независна активност.
Томас Карлајл

Најстарата емоција на светот може да биде онаа да бидеш возбуден; но да го опишеш-само да го именуваш-треба да е како да се обидуваш да сфатиш нешто невидливо.
Никол Краус

Народот не чита книги. Народот плука на филозофијата. Народот го возбудува само едно. Сè што им треба на луѓето од нивната влада е плата која постојано расте и расте.
Хју Лори

Нас мошне ретко вистински нè возбудува смртта која не нè засега нас лично и која ние не ја гледаме со свои очи.
Хауард Лавкрафт

Невиноста е едно од највозбудливите нешта на светот.
Ерта Кит

Не е грев да ве возбудуваат страстите, но е лошо да бидете во нивна моќ.
Вилијам Блејк

Не можете да ставите цена на ритуалите на љубовта бидејќи никогаш не знаете што ќе се случи потоа. Претполагам дека стравот е дел од возбудата и не можеме да го имаме едното без другото.
Сајмон ван Буј

Не обрнувајте внимание на чувствата-тие не ја одразуваат реалноста. Спомените се нешто друго, а сè друго е само празна возбуда.
Џенифер Л. Арментроут

Не се возбудувајте премногу. На крајот не е ниту добро, ниту лошо.
Согјал Ринпоче

Не се возбудувај дека ќе го нарушиш поредокот и ќе го превртиш животот со главата надолу. Од каде знаеш дека „дното“ на животот нема да биде подобро отколку „врвот“.
Шамс Табризи

Не е зборот да размислуваш многу, туку да сакаш многу, така што правете сè што најмногу ве возбудува.
Тереза ​​Авилска

Не треба да се возбудуваш. На светот нема ништо пострашно од нас самите.
Туве Јансон

Не постои книга во светот што е толку возбудлива, трогателна и инспиративна како Упанишадите.
Фридрих Макс Милер

Не цел, туку повисока мисија ја возбудува нашата вообразба, мотивирајќи нè да ги достигнеме најголемите височини.
Нил Фиоре

Не одам никаде без дневникот. Во возот секогаш треба да има нешто возбудливо за читање.
Оскар Фингал Вајлд

Некои луѓе бараат возбуда како што свињите бараат тартуфи.
Ерик Берн

Нема море, нема и возбуда.
Кнут Хамсун

Ненадејната мисла ме возбудува. Но, радоста се заменува со страв од отфрлање.
Лори Нелсон Шпилман

Нешто што мене дејствувачко ме возбудува е исполнувањето на мисијата за создавање отворено општество.
Марк Цукерберг

Ние сме најсилно возбудени кога сме малку неурамнотежени, несигурни, „поставени на опасниот раб помеѓу екстаза и катастрофа“.
Естер Перел

Ние треба да ја откриеме нашата автентична природа-состојбата во која сме вдахновени од себеси, вклучени, осветлени и возбудени од тоа што сме.
Деби Форд

Никогаш не е возбудливо кога си во средината. Едноставно е тешко. Нијансата станува видлива едвај многу подоцна.
Софија Лундберг

Никогаш не се вобудувајте за она што е направено, возбудувајте се само за она што ќе биде.
Џо Аберкромби

Никогаш не се возбудувај за она што не си во состојба да го промениш.
Џејмс Клавел

Никогаш не се мажи за човек кој не е пријател на твојата возбуда.
Натаниел Брендон

Никогаш не мешајте книги и кревет. Во спектарот на возбудата сексот и мислата беа на спротивните краишта. Треба да се користат обете, но никогаш во исто време.
Јан Колдвел

Ништо не е тешко да направите, ако не се вознемирите или возбудите.
Ширли Џексон

Но, да умреш во возбудлива ситуација е многу подобро отколку да живееш во здодевна.
Артур Кларк

Ноќта која не возбудува е бескорисна ноќ!
Мајлин Фармер

Обично, жените се возбудуваат од нашата вообразба.
Оскар Фингал Вајлд

Обрнете внимание на нештата кои ве возбудуваат. Ќе ви раскажат многу за вас.
Тери Мекмилан

Ова е мојата единствена догма и јас се придржувам кон неа со праведен фанатизам: ако животот ви е здодевен, проблемот не е во животот, туку во вас затоа што животот е возбудлив како пекол.
Ерик Каплан

Ова се десетте принципи кои ме возбудуваат како неопходни за вистинско лидерство: оптимизам, храброст, фокус, решителност, љубопитство, праведност, внимателност, автентичност, безмилосен стремеж кон совршенство и интегритет.
Роберт Ајгер

Од секој од нас зависи дали ќе пееме додека се чувствуваме возбудени од целосната песна на животот.
Денг Минг-Дао

Од силна возбуда тој цврсто и слатко спиеше цела ноќ.
Јуриј Олеша

Одбележувајќи ги сите овие нешта со големото задоволство што го дава учењето, не можеме да не бидеме возбудени од овие откритија додека размислуваме за нивното влијание едно по едно.
Витрувиј

Озборувањата не ме возбудуваат. Знам дека сум најдобрата!
Парис Хилтон

Она што сè уште ме возбудува најмногу е: дали сум на прав пат, дали напредувам, правам ли грешки во уметноста?
Пол Гоген

Она што ги возбудува лирските поети во нивните најдобри полети не е ниту задоволството на сетилата, ниту плодотворното задоволство на легната двојка; не задоволувањето од љубовта, туку нејзината страст. А страста означува страдање.
Дени де Ружмон

Она што го возбудува лошиот вкус е аристократското задоволство да се предаваш.
Шарл Бодлер

Она што го сакам во творечкиот процес, и тоа може да звучи наивно, е идејата дека еден ден нема идеја и решение, но следниот ден има идеја. Тоа го сметам за неверојатно возбудувачко и концептуално всушност забележително.
Џони Ајв

Оние луѓе кои се возбудуваат особено од страстите, повеќе од сè можат да уживаат во животот.
Рене Декарт

Оној што не ја доживеал возбудата од едвај чујното дишење на заспана млада жена, нема да разбере што е тоа нежност.
Константин Паустовски

Опкружен сум со такво спокојство и во исто време толку возбуден што сакам да пррегрнам некого.
Рајнхолд Меснер

Откраднатите задоволства се секогаш повозбудливи од оние што доаѓаат чесно.
Ана Лири

Очекувањето е скоро секогаш повозбудливо од она што всушност се случува потоа.
Милена Бускетс

Парите не ме возбудуваат и никогаш нема да ме возбудуваат, ниту ќе ме мотивираат затоа што го правиме вистинското нешто за животните и за оние кои ги сакаат.
Ноел Фицпатрик

Потсети нè колку беше возбудливо да ја изоставиме безбедноста и да бегаме кон животот што чека.
Рут Рајшил

Почнуваме да јадеме, да гледаме телевизија, да сурфаме на Интернет или да пазаруваме и купуваме нешто. Тоа ни дава наплив на чувства, малку адреналин и возбуда.
Џинин Рот

Победата во политиката е секогаш крај и во исто време почеток, поради што возбудата од неа преминува во зашеметувачка еуфорија.
Лоран Бине

Погрижете се повеќе за зрно вера, отколку за многу возбуда.
Чарлс Х. Спарџон

Понеделник е како да скокате во ледена вода, но вие сте едновремено шокирани и возбудени. Во вторник сè уште седите во водата, но шокот поминал и веќе ви е студено.
Ники Френч

Последователноста на геномот на шимпанзото е историско достигнување кое е предодредено да доведе до многу повозбудливи откритија со последици по човечкото здравје.
Френсис Колинс

Поставете си за цел да постигнете нешто толку големо, толку возбудливо, што ќе ве возбудува и плаши едновремено.
Боб Проктор

Предизвикот е она што го правеше возбудливо. Не сакате да правите нешто што е премногу лесно или ќе знаете дека можете да се повлечете, инаку навистина не вреди да го правите.
Роберт Родригез

Пред ноќта на улиците се чувствувате како учесник во друг, втор живот, многу повозбудлив од првиот. Или просто си го вообразуварте.
Патрик Модијано

Претполагам дека гласините се повозбудливи од вистината.
Венус Вилијамс

Првите чекори на патот кон високата планина се секогаш возбудливи.
Рајнхолд Меснер

Промената не е нешто на кое треба да се спротивставиме; тоа е нешто што треба да нè возбудува.
Грант Кардон

Просто има некои нешта кои се повозбудливи кога се тајна.
Пенелопе Даглас

Просто сакав малку возбуда во мојот живот. Дали претерав и посакав премногу?
Мира Грант

Работите што луѓето ги понесоа со себе даваат некаква претстава за чувствата што ги возбудуваат нивните сопственици во тој момент.
Волтер Лорд

Рајот без усилба не го возбудува верникот.
Пио Бароха

Сакам да живеам што е можно подолго, но сакам да живеам и возбудлив живот онолку долго, колку што можам.
Катарина Ингелман-Сундберг

Сакам твојот живот да ме исполнува и возбудува. Ја сакам твојата среќа под моето срце и твоите маки во моите очи и твојот мир во прстите на мојата рака.
Малколм Лори

Самите вие не пипате лопата, така што зошто се возбудувате?
Џек Ванс

Светот на звуците е толку возбудлив и загадочен! Можеби дури позагадочен од видливиот свет?
Јан-Филип Зендкер

Сега одвојте малку време за да се оттргнете од таква возбудлива активност како уживањето во проблеми и да се погледнете однадвор. Поврзете се со реалноста, со вашиот реален живот, а не со емоционален опис на вашата сопствена судбина.
Гери Џон Бишоп

Секогаш со возбуда се будам наутро, чудејќи се што ќе ми нафрли мојата интуиција, како подароци од морето. Работам со неа и се потпирам на неа. Тоа е мојот партнер.
Џонас Солк

Секое возбудливо патување или потфат секогаш има лоши периоди.
Ерик Бертранд Ларсен

Се возбудувам, следствено суштествувам.
Роберт Соер

Се забавувам. Дури и кога се борам, јас уживам во тоа: мислам дека нема ништо повозбудливо од бранење на она што ти е драго.
Вандана Шива

Се случува да зборувам премногу силно кога се возбудувам.
Џером Дејвид Селинџер

Се чини дека секогаш почнуваме одново, на навистина возбудлив начин.
Џони Ајв

Сепак, навистина возбудливиот живот е имагинарен.
Вирџинија Вулф

Сè е прекрасно и нема потреба да се возбудуваш од ништо на светот.
Џек Керуак

Сè пред да наполните триесет и пет е ново и возбудливо и тогаш тоа е доказ дека светот оди во пеколот.
Даниел Суарез

Сè уште имам живописен спомен за мојата возбуда кога првпат видов дијаграм на периодната таблица со елементи. Редот во Вселената изгледаше чудотворен.
Џозеф Мареј

Сета чувствителност доаѓа од првата болка. Сите ваши преживувања и моменти кои ве возбудуваат многу повеќе од другите се родени од некаков прв случај што ви го скршил срцето.
Кристин Њуман

Силната возбуда го истоштува умот и го остава исушен и стерилен.
Франсоа Фенелон

Сите возбуди на забранетата книга го имаа своето вообичаено дејствие, едно од кои, како секогаш, е да се разоткрие фактот дека цензорите не знаат за што зборуваат.
Кристофер Хиченс

Сите креативни луѓе имат потреба од нешто против кое ќе се побунат, тоа е она што му придава возбуда на животот, а креативните луѓе се тие што го прават животот на клиентите возбудлив.
Пол Арден

Сите треба да очекуваме со нетрпение едно возбудливо патување.
Алекс Салмонд

Слобода-тоа е како волнено ќебе: го влечеш околу вратот-ги одврзуваш нозете.
Џон Апдајк

Слободата е застрашувачка, но и возбудлива.
Џермејн Грир

Слободата создава чувство на некаква радосна возбуда, додека не почне да предизвикува досада.
Елијаху М. Голдрат

Смртта на крајот на краиштата е највозбудливиот спектакл секаде во светот.
Валерио Масимо Манфреди

Со возбуда не можеш да добиеш процес.
Франц Кафка

Сожалувам човек кој не може вистински да се возбуди од својата работа. Тој не само што никогаш нема да биде задоволен, туку и никогаш нема да постигне нешто вредно.
Волтер Крајслер

Соништата и фантазиите можат да возбудат и плашат повеќе од секоја реалност, а мислите можат да го натерааат срцето да почне да чука уште поинтензивно од најтешката работа.
Јан-Филип Зендкер

Составувањето на историјата за иднината-возбудливо искуство.
Јарослав Хашек

Сочувството носи задоволување во срцето. Себичните желби просто го возбудуваат срцето.
Радханат Свами

Спокојството може да достигне повеќе од излишна возбуда и нервоза.
Артур Хејли

Спомените често кријат во себе нешто повозбудливо и полошо од реалноста.
Хауард Лавкрафт

Среќата беше компромитирана од мали решенија кои ве приближуваат до вашите мечти. Пред да можете да бидете среќен, требаше да си го претставите животот како возбудлив роман со среќен крај.
Марио Ескобар

Станувам многу рано и си легнувам многу доцна. Понекогаш се уморувам, но не е важно. Имам возбудливо постоење и имам толку многу работа.
Марта Стјуарт

Стимулираното и возбудено сознание е многу поподатливо за нови мисли, отколку умореното од мали нешта и забрани.
Џон Кехо

Стравот често е возбуда со вклучени сопирачки. Тоа е просто енергија. Стравот може да биде поучен и директивен. Тоа е водич кој ќе ви покаже точно каде треба да отидете.
Мари Форлео

Стресот не е нужно нешто лошо, сè зависи од тоа како го прифаќате. Стресот од возбудлива, творечка успешна работа е корисен, додека стресот од неуспех, понижување или инфекција е штетен.
Ханс Сеље

Срцевата непостојаност е непрестан извор на грижи и возбуди.
Мурасаки Шикибу

Срцето беше извадено од сексот и тој се претвори во нешто повозбудливо не повеќе од миењето заби.
Џенет Фич

Таа никогаш не сакаше подароци. Од тебе очекуваат да покажеш возбуда, да се насмееш и да благодариш.
Луиза Волтерс

Таа секогаш ги сметаше за повозбудливи злодејците од хероите. Имаа амбиција, страст. Тие правеа приказните да се случуваат. Злодејците не се плашеа од смртта. Не, тие се вовлекоа во смртта како во оклопи!
Соман Чејнани

Тајната на толку многу уметници кои живеат толку долго е дека секоја слика е нова авантура. Така што, разбирате, тие секогаш гледаат напред  кон  нешто ново и возбудливо. Тајната е да не погледнеш назад.
Норман Роквел

Така ли почна? Една глупава жена со оган во крвта, која ги возбудува срцата на легион будали?
Хју Хауи

Творештвото не е помалку предизвикувачко или возбудувачко, кога мистеријата е лишена од творечкиот процес. Најубавите цвеќиња растат кога внимателно се одгледуваат од обична почва.
Херберт Сајмон

Тешко е да се распространува заразата од возбуда, без да имате чувство за цел и насока.
Даниел Голман

Тоа е чудна работа. Во време на голема потреба, кога се бара моќно лидерство, луѓето-збунети и возбудени-ги слушаат само строгите гласови на дрските и одбиваат да го слушаат гласот на мудроста, која, ако е мудра, е умерена.
Лојд Даглас

Тој не чувствуваше дури и малку вознемиреност што ја чувствуваа луѓето кои го опкружуваа. Неговиот живот беше премногу заситен и полн со возбуда за да падне со духот.
Гај Гавриел Кај

Ќе ти кажам една вистина: ако животот ме научил на нешто, тоа е дека треба да го правиш само она што те возбудува. Сè друго е губење време. Никој не треба да постапува против своето срце и сопствените убедувања.
Шарлот Лукас

Уживам да читам уметничка литература за луѓе кои се поврзуваат интелектуално. Сметам дека е тоа возбудливо.
Лили Кинг

Уметноста е израз на оние убавини и емоции кои ја возбудуваат човечката душа.
Хауард Пајл

Умот потопен во надреализмот го доживува со горлива возбуда најубавиот дел од детството.
Андре Бретон

Фигурите се единственото во сликарството што ме возбудува до длабочината на душата: тие се посилни од сè друго, давајќи ми да ја почувствувам бескрајноста.
Винсент ван Гог

Филозофите не ја трошат силата и страста, освен ако тие самите не се засегнати. Душата комуницира со себеси само кога срцето е возбудено.
Ејбрахам Џошуа Хешел

Целата литература е збир од суви формули кои не можете ниту да ги сакате, ниту да ги мразите. Не возбудливата литература!
Владимир Тендрјаков

Целиот наш живот-темна возбуда од крв и нервни трепети.
Роберт Пен Ворен

Чистата поезија е достапна само за малкумина; за обичните луѓе таа треба да се комбинира со речиси физичка возбуда што создава драма.
Алфред де Вињи

Читателот не треба да се возбудува дали постојам или не.
Алан Мур

Читањето е неверојатен ризик и книгата треба да е толку возбудлива што откако започнал човек веќе не може да му одолее на искушението да продолжи да чита.
Бен Елтон

Човек се раѓа за да живее, а не да се подготвува за живот. И самиот живот, феноменот на животот, дарот на животот е толку возбудливо бучен!
Борис Пастернак

Човечките дејствија можат да ме возбудуваат, но тие никогаш нема да предизвикаат во мене ниту одобрување, ниту протест!
Венедикт Ерофеев

Човештвото е поделено на два главни вида: оние кои непознатата иднина ги заплашува и оние на кои им е возбудлива. Раздорот меѓу тие две земји беше причина за повеќето крвопролевања во историјата.
Спајдер Робинсон

Чудно нешто е срцето, колку лесно се возбудува.
Сеи Шонагон

Што оставаме зад себеси кога преминуваме секоја граница? Секој момент изгледа поделен на два дела: меланхолија за она што е оставено назад и возбуда од влегувањето во нова земја.
Че Гевара