Потребно време за читање: 7 минути

171. Друштвеност-Дружба

Друштвеноста не исто што и дружбата, но се слични, блиски, може да се рече и едновремени. Притоа, друштвеноста е во човековата природа, суштина на нејзината човечност и очовечување, а дружбата е суштина на заедништвото и единството.

Едно е да другаруваш со самост, според некои тоа е невозможно, како сам со себе, а сосем друго во свет во кој сè или нешто со нешто е во меѓусебна зависност. Се разбира, друштвеноста и или дружбата не може да почива на меѓузависност, туку пред сè на слобода, меѓу луѓе на индивидуалност, но и на едната и на другата им се иманентни споделувањето и спомагањето.

Секој треба да цели кон друштвеност и дружење. За да опстои.

Македонски народни пословици и изреки

Арниот јунак со дружина голема.
         Од арнаутска пословица; „Трими мир, ме шок шум“.

Вива, дружина да је жива.

Господ да те чуа од дива свиња в планина и од лоша дружина.

Дружба си е дружба-служба си е служба.

Нема другарство со будали.

Ти заповедам  во дружбата да бидиш верен. Исто колку во љубовта.

Пословици и изреки од народи на светот

Боли рана од непријател, а вистинска дружба ја брише. (Француска)

Да се јаде заедно е повкусно, да се работи заедно е повесело. (Руска)

Добри луѓе работат за другарство, за да научат повеќе отколку што знаат и да направат кариера. (Норвешка)

Дружбата, исто како љубовта, е дружба постојана. (Италијанска)

Дружба за взаемна помош, а не една рака да мие рака. (Германска)

Дружбата е постојана размена на љубов, време и пари, но пред сè меѓусебно дознавање. (Турска)

Дружбата може да биде и поголема од љубов. (Хрватска)

Кој оди со мудар, станува мудар, а кој се дружи со безумен, станува полош. (Српска)

Посетата секогаш прави задоволство-ако не при доаѓање, тогаш при заминување. (Португалска)

Латински изреки

Без дружба животот е ништо. (Sine amicitia vita nulla est.)

Вистинската дружба е вечна. (Verae amicitiae sempiternae sunt.)

Дружбата поткрепена со чаша во повеќето случаи е нестабилиа. (Amicitia inter pocula contracta plerumque vitrea est.)

Дружба може да има само меѓу добри луѓе. (Amicitia nisi in bonis (inter bonos) esse non potest.)

Дружбата е секогаш корисна, а љубовта може и да навреди. (Amicitia semper prodest, amor et nocet.)

Дружбата е сол на животот. (Vitae sal amicitia.)

Дружбата најдобро се зацврстува со верност. (Amicitiae coagulum unicum est fides.)

Дружбата треба да биде бесмртна, непријателството-мигновено. (Amicitiae immortales, mortales inimicitiae debent esse.)

Дружба-меѓу еднакви. (Inter pares amicitia.)

Дружбата ја користиме почесто од водата и огнот. (Non aqua, non igni pluribus locis utimur, quam amicitia.)

Дружбата е подобра од роднинството. (Praestat amicitia propinquitatati.)

Меѓу еднакви дружбата е најздрава; меѓу господар и роб дружба нема. (Firmissima est inter pares amicitia; inter dominum et servum nulla amicitia est.)

Пријател на човекот, непријател на делото. („Дружбата си е дружба, но сирењето е за пари“; „Брат за брат-сирење за пари“). (Amicus hominis, inimicus causae.)

Природата сама ја создала дружбата. (Amicitiam natura ipsa peperit.)

Чесноста раѓа дружба и ја подржува.(Virtus amicitiam et gignit et continet.)

Домисла, гесло, мисла водилка

Дружба меѓу двајца политичари само ако се сопартијци.
Анонимус

Кај што нема вера, нема дружба.
Анонимус

Малку другарство може да поправи сè.
Анонимус

Незаменлив е пријател со кого си одживеал половина од животот.
Анонимус

Не треба да се заборави дека на општеството му е помило да го забавуваме, отколку да го поучуваме.
Анонимус

Оди во рајот оној што ги весели другарите.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако не спорат, нема вистинска дружба.
Василиј Гросман

Ако трепериш од огорченост од каква било неправда, значи си мој другар.
Че Гевара

Бев скептичен кон сродните души, но можев да поверувам во другарите од книгите, две суштества обврзани од страст за читањето.
Џенет Скеслин Чарлс

Бев такво дете кое се движеше ужасно многу. Немав многу пријатели. Театарот навистина за мене претставуваше другарство.
Френсис Форд Копола

Без оглед колкупати сум бил меѓу луѓе, секогаш сум почувствувал дека сум изгубил понешто од својата личност.
Луциј Анеј Сенека

Бескорисната дружба е една од најдобрите пројави во нашиот живот.
Лидија Чарскаја

Блиската комуникација-ете од каде започнува нежната дружба и силната омраза.
Антоан де Риварол

„Брат“, „сестра“, „другар“ се зборови забранети од колонијалистичката буржоазија, затоа што во нивното размислување мојот брат е мојот паричник, а мојот другар-мојата интрига.
Франц Фанон

Брзата дружба завршува со долго непријателство.
Виктор Суворов

Величествен подвиг во дружбата не е да им ги покажуваме на другите своите недостатоци, туку во тоа да им ги отвориме очите за сопствените.
Франсоа Ла Рошфуко

Верувам во луѓето, верувам во некаква чесност и чувство за другарство што првично им беше вродено-без тоа општеството не би можело да постои.
Ричард Алдингтон

Вистинската дружба не е без облаци.
Мадам де Севињи

Воинот не се срами да плаче над починат другар-се срами да не плаче.
Михаил Успенски

Војната беше основа за силни емоции и чувство за другарство.
Мичел Зукоф

Во дружбата нема ниту должници, ниту добродетели.
Ромен Ролан

Големата општа омраза создава силна дружба.
Тацит Публиј Корнелиј

Да ​​знаеш дека другарот е во опасност не е подобро од тоа да ризикуваш сам.
Ричард Адамс

Денешните непријатели се покажуваат утре најдобри пријатели. Сè зависи од тоа против кого се здружувате.
Сергеј Минаев

Добриот брак се почива на талент и дружба.
Фридрих Вилхелм Ниче

Доволно е да знаете дека во близина има сигурен другар кој е подготвен да ви помогне во секое време.
Максим Фадеев

Другарите се поблиски од пријателите, поблиски од браќата. Нивната врска е различна од онаа на вљубените.
Стивен Амброуз

Дружба-тоа е љубов без крилја.
Џорџ Бајрон

Дружбата-тоа е спокојна и тивка приврзаност, водена и зајакната со навики кои произлегуваат од долгата комуникација и взаемните задолженија.
Дејвид Хјум

Дружбата-пристаниште кон кое се стреми човек, таа претставува радост и спокојство на духот, таа-вдахновение во овој живот и почеток на небесниот живот.
Торквато Тасо

Дружбата-тоа е уметност на дистанцата, како што имаме предвид дека љубовта е уметност на блискост.
Зигмунд Граф

Дружбата е дует во кој по правило пее само еден.
Адријан Декурсел

Дружбата е почвата на која растат семињата на љубовта.
Адам Ј. Џексон

Дружбата е таква реткост колку и љубовта, а не ми требаат познати.
Марина Цветаева

Дружбата е умешност да молчите заедно.
Василиј Аксјонов

Дружбата е училиште за воспитување на човечките чувства.
Василиј Сухомлински

Дружбата и довербата не се купуваат и не се продаваат.
Гаврил Троеполски

Дружбата меѓу маж и жена е невозможна. Страст, непријателство, обожавање, љубов-само не и дружба.
Оскар Фингал Вајлд

Дружбата меѓу мажот и жената многу слабее при настапување на ноќта.
Ото фон Бизмарк

Дружбата не се раѓа, ни во нужда ни во беда.
Варлам Шаламов

Дружбата заснована на бизнис е подобра отколку бизнис заснован на дружба.
Џон Рокфелер

Дружбата се држи не на подароци, туку на ветувања.
Жорж Масон

Дружбата брзо се раѓа во војна.
Морис Друон

Дружбата со самите нас е многу важна бидејќи без неа е невозможна дружбата со други луѓе.
Елинор Рузвелт

Дружбата треба да биде бескорисна радост, таква како што се даровите од уметноста или животот…Дружбата не бидува да се бара, за неа не може да се мечтае, таа не бидува да се сака; таа може да се остварува.
Сајмон Вејл

Дружи се со оној што ќе те направи подобар.
Луциј Анеј Сенека

Друштвеноста се вбројува меѓу опасните склоности зашто нè поврзува со лица од кои повеќето се морално лоши, интелектуално тапи или дури настрани.
Артур Шопенхауер

Душата нема друга желба, освен да има неограничен број бестрашни, радосни соиграчи на пат кон дома.
Пени Пирс

Егоисти-нашите единствени пријатели со кои се дружиме бескорисно.
Анри де Монтерлан

Жената треба да стои до мажот како другар на неговата душа, а не слуга на неговото тело.
Шарлот Гилман

За да ја продолжуваш дружбата нужно е само едно: идентитет.
Јуриј Тинјанов

За да имаш пријатели нужно е да го докажеш своето право на дружба.
Торнтон Вајлдер

За да можете наполно да ја оцените дружбата, нужно е прво да преживеете љубов.
Никола Себастијан Шамфорт

За дружбата е нужно време, за љубовта-место.
Михаил Задорнов

Зборувате за страст, но што ќе кажете за другарството, взаемното уважување, пријателството? Зошто луѓето секогаш се фаќаат за искрата која може да изгасне како мерка за една врска?
Шанел Клејтон

Знак на вистинска дружба е способноста да ги простувате успесите.
Гиљермо дел Торо

И така, одиме, другари, воени браќа: од пораз во пораз…До конечна победа!
Леонардо Падура

И твојата дружба е повредна од љубовта на другите луѓе.
Жорж Санд

Или умееш да победуваш или умееш да се дружиш со победниците.
Фокион

Искреност во односите, вистина во комуникацијата-тоа е дружбата.
Александар Суворов

Јас копнеам по тивкото другарство, кое само една библиотека може да го обезбеди.
Рајли Сагер

Кај секој има мани-кај некои повеќе, а кај други помалку. Ете затоа и дружбата и помошта и комуникацијата би биле невозможни, доколку меѓу нас не постои взаемна трпеливост.
Франческо Гвичардини

Книги-тоа е најдоброто во мојот живот, тоа е духовна поткрепа, верен другар при секакви непријатности.
Варлам Шаламов

Книгите се наши пријатели и другари, така да се каже. Тие се оние кои ме направија успешен и познат.
Сосуке Нацукава

Кој ги издава своите другари, нему му плаќаат со презир!
Отфрид Пројслер

Колку побрзо наоѓате нови пријатели, толку побрзо ќе се покаже дека имате стара дружба.
Ерик Берн

Лидерот ќе биде првиот што ќе ја забележи опасноста што демне; неговата будност и реакцијата ќе ги спаси животите на повеќето негови другари.
Даниел Вилсон

Лошите книги исто така можат да нè разгалат, како и лошите другари.
Хенри Филдинг

Луѓето не би можеле да живеат долго во друштво кога не би можеле да се мамат меѓусебно.
Франсоа Ла Рошфуко

Љубовта без почит и занес-тоа е само дружба.
Жорж Санд

Љубов и дружба-меѓусебно ехо: тие даваат колку што земаат.
Александар Херцен

Љубовта и дружбата никогаш не стареат.
Изабел Аљенде

Меѓу моите другари сретнав најразлични човечки особини-од искреност до резервираност, од добрина, исправност и добрина, до бруталност и подлост.
Георг Брандес

Меѓу религијата и актуелната наука нема ни сродство ни дружба ни непријателство; тие се на различни планети.
Фридрих Вилхелм Ниче

Мизеријата запознава човек со чудни другари во кревет.
Вилијам Шекспир

Младите сега не се дружат како што се дружевме ние. Дружбата излезе од мода.
Ајрис Мардок

Можете да го читате Кант за себе, ако сакате, но веселоста мора да ја поделите со некого.
Роберт Луис Стивенсон

Можно е во тоа да се состои предноста на дружбата со мртвите: чувствата кон нив никогаш не се оладуваат.
Џулијан Барнс

На крајот на краиштата, додека не се појави непријател и не се чувствуваш пред опасност, не можеш докрај да ја оцениш дружбата.
Џејмс Оливер Кервуд

Не постојат зборови на светот способни да ја изразат разликата меѓу осаменост и дружба.
Гилберт Честертон

Нема дружба без доказ за доверба, а еден од нив е искреноста.
Марк Леви

Никогаш не влегувај во дружба со човек кого не можеш да го почитуваш.
Чарлс Дарвин

Никој не може да се фали дека би можел да живее и без луѓе.
Сили Придом

Ништо добро нема да излезе ако го лажете вашиот другар по оружје.
Сабаа Тахир

О, дружбата е големо нешто!
Арчибалд Кронин

Од сè можеш да направиш оружје. Дури од дружбата.
Олга Громико

Оној што е неспособен да престојува во друштво, или кому тоа не му е потребно затоа што е доволен на самиот себеси, не претставува дел од заедницата и самиот е или дива ѕверка или божество.
Аристотел

Оптимална дружба со природата, а не победа над неа.
Лев Гумилјов

Подобро е да живеете сами, нема другарство со глупак.
Макс Милер

Подобро е да си сам, отколку да се дружиш со кого било.
Омар Кајам

Подозрение-единствениот можен вид дружба меѓу две актерки.
Елеонора Дузе

Пријателите-не се секогаш другари.
Михаил Јурјевич Лермонтов

Пријателите треба да живеат во согласност. Насилството може да ја задуши дружбата.
Џефри Чосер

Раскинатата дружба не е скинат чорап што ќе го зашиеш.
Стеван Сремац

Само дружбата може да стане цемент што ќе го сплоти заедно целиот свет.
Вудроу Вилсон

Сега секој има своја трибина. Човек за човек веќе не е пријател, другар и брат. Човек за човек е медиум.
Сергеј Минаев

Секој може да биде наречен „другар“, но некои другари ја имаат власта на животот и смртта над други другари.
Томас Совел

Секој човек започнува нов живот кога меѓу многуте пријатели и другари се појавува единствениот и најпотребниот пријател на светот.
Владислав Крапивин

Сè на светот завршува, другари.
Владимир Набоков

Служба и дружба-две наспоредни линии: не се пресекуваат.
Александар Суворов

Смислата на вистинската дружба е дека радоста се удвојува, а страдањето се дели на половина.
Џозеф Адисон

Страста иде и си оди, а дружбата и взаемното разбирање остануваат.
Николас Спаркс

Три нешта ја заздравуваат дружбата: заедничката трпеза, заедничките тајни и заедничките подароци.
Јулија Латинина

Убавината и глупоста се стари другари.
Бенџамин Франклин

Убаво-тоа е ласка, благодарност и дружба.
Гаврил Троеполски

Утехата на несреќникот има другари во несреќата.
Езоп

Човекот според природата е општествено суштество.
Аристотел

Човештвото отсекогаш талкало или се населувало, се согласувало или се карало во групи и дружини.
Адам Фергусон