Потребно време за читање: < 1 минута

44. Здрави и прави, нездрави и криви

Сум сретил здрав и сум сретил нездрав. Обајцата не ги гледав прави, ги гледав потсвиткани како со болки во крстовите. Здравиот тврдеше дека е здрав, само што има болки во крстот, а нездравиот тврдеше дека е нездрав зашто има болки во крстот.

Обајцата тврдеа дека не ги боли ништо друго. А тоа дека не ми се гледаат баш прави, според нив тоа е затоа што обајцата не живеат баш здраво. На моето прашање зошто не се лечат и зошто не живеат баш здраво, тие ми одговорија дека толку ги брза нивното време што немаат време ни здив да земат, а камо ли да се лечат и да заживеат баш здраво..

Сум видел прав и сум видел крив. Правиот стоеше цврсто на свои нозе, исправен како свеќа. Ми се гледаше достоинствен, самосвесен, па и горд. И здрав, се разбира. Кривиот, пак, си го виткаше телото лево-десно, напред-назад, како гранки на дрво на ветромет. Одвреме-навреме се виткаше во круг, како да танцува во нечуен ритам.

Прочитај и за ... >>  ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 45

Обајцата тврдеа дека се прави. А тоа дека не ми се гледаат баш исправени како свеќи, тоа нема никаква врска со нивното здравје. Не ми се гледаат затоа што мораат да се прилагодуваат на неминовните промени на сè што не зависи од нив. Исто кога малку зависи.

Сум сретил и сум видел еднаш мнозина, другпат малцина седнати или легнати на гола земја. Истрошени и премалени.