Антарктик Antarktik
Потребно време за читање: 2 минути

Туристите сѐ повеќе го посетуваат Антарктикот, континентот на кој се наоѓа Јужниот пол, најстуденото место на Земјата, речиси секогаш покриено со лед, но поради непостоење на законска регулатива стручњаците се плашат дека тоа би можело да доведе до погубни еколошки последици.

Арктички договор

„Според еколошкиот протокол на Секретаријатот на Арктичкиот договор, целиот Антарктик се смета за резерват“, изјави за Ројтерс Џим Барнс, извршен директор на Коалицијата на Антарктик и Јужниот океан.

Седум држави полагаат право на Антарктик, па дури и на исти делови од континентот, но засега сопствеништвото над Јужниот пол не е регулирано.

Со 14,4 милиони квадратни километри тој е петти најголем континент, зад Азија, Северна и Јужна Америка, а само Европа и Австралија се помали од него. Околу 98% од површината на Антарктикот се прекриени со лед, чија просечна дебелина е околу 1,6 километри.

Антарктик е најстудениот, најсувиот и најветровитиот континент на светот, а исто така е континент со најголема просечна надморска височина. Поради малите врнежи, целиот континент е технички најголема пустина на светот.

Прочитај и за ... >>  Актуелно на Балканот: продажба на недвижности

На него не постојат постојани човечки населби, а го населуваат само растенија и животни прилагодени на високиот студ-пингвините, морските мечки, мов, лишаи и многу видови на алги.

Договорот за Антарктикот е потпишан во 1959. година со цел спречување на воено присуство на тој континент. Потписниците се состануваат секоја година за да усвојат нови препораки, но бидејќи законска регулатива нема не постои начин препораките да се наметнат.

Во согласност со тоа и антарктичкиот туризам е прилично препуштен самиот на себе.

Седум туристички компании, кои пропагираат „безбеден и еколошки одговорен туризам“, основаа Меѓународно здружение на тур оператори на Антарктикот. Здружението брои 99 членови, но постојат и оние кои работат надвор од него, не обѕирајќи се на безбедноста и еколошките препораки.

Туристичката агенција „GAD Adventures“, со седиште во Торонто, е членка на здружението и на туристите им нуди 19-дневно кружно патување. Нивниот брод „Eksplorer“ е релативно мал, има сенасе 75 метри и двојно бродско корито, така што бродот плови под мотото „брод за секоја дестинација за патници кои сакаат да отпатуваат каде било“.

Прочитај и за ... >>  Аукција

Американската компанија „Princess cruises“ организира двапати годишно кружни тури од Калифорнија на својот брод „Golden Princess“, кој може да прими 2.425-мина патници.

Она што е заедничко за обете компании, членки на здружението, е фактот дека ниеден од толку бројните туристи ниту со нога не стапнал на Антарктикот, освен што уживал во преубавите глетки.

Колкава штета прават неодговорните компании, допрва ќе се почувствува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here