Потребно време за читање: 11 минути

170. Фанатизам

Најопасен непријател на современиот свет и неугаслив оган во човекот нечовек: фанатизам. Еднакво индивидуален и колективен. Секој фанатизам? Не! Оној што е насочен против друг со омраза до смрт, со одмазда до смрт и со уништување до смрт. Оној што ја брише човечката самосвесност на оној со кого ќе се манипулира и насочува за остварување мрачни цели.

Никако да не се поистоветува или меша со индивидуалниот и колективниот творечки фанатизам. Кој најчесто се препознава во работа или создавање дела до физичка и ментална исцрпеност или во саможртва за добро, за убаво, за живородност и животворност., за напредок на човечката цивилизација. Чиј синоним е посветеност.

Како против фанатизмот, како прв и најжесток непријател на опстанокот на светот? Особено против религиозниот фанатизам?

Секако, а најпрвин и најмногу со култура на толеранција, меѓусебно почитување, човечност, обраование, наука, дејствување врз свеста, со темелните вредности на слободата…Или најжестока војна, до смрт на последниот фундаменталист.     

Македонски народни пословици и изреки

Вера со пари кој купуа, тој бргу ја остаа.

Дај му на слеп очи, и пак да ѝ неќи.

Далеко гледа до кај што слеп гледа.
              Кој не гледа и се преправа дека гледа,

До кај што слеп гледа, ќе трчам.

На секој неизмерен злостор смртта му е лекот.

Со ум и разум богаство, а со слепо веруање пекол.

Пословици и изреки од народи на светот

Границата за криминал е намалена, а луѓето не искажуваат јавно лично мислење поради страв да не бидат прогласени за фанатици. (Француска)

Муслиманскиот фанатизам е имитација на христијанска нетрпеливост. (Холандска)

Предрасудите и патриотизмот се поврзани, а најголемите фанатици се секогаш најголеми патриоти. (Италијанска)

Фанатизмот е со иста страст како алчноста. (Руска)

Фашистички фанатик фрла книги во оган и чита пред толпа извадоци од книга напишана од пацифист, Евреин или комунист. (Полска)

Латински изреки 

Бележит знак на фанатикот е една единствена цел.

Неизбежна е војна кога народот создава фанатици.

Ништо врвно без фанатизам.

Ништо не може да ги разубеди фанатиците.

Со идеализам против фанатизам.

Фанатикот не сака да биде препознаен.

Домисла, гесло, мисла водилка

Внимавај твојот ентузијазам да не се претори во фанатизам.
Анонимус

Луѓето не се раѓаат фанатизирани. Тие се прават фанатици меѓу четири и десет години.
Анонимус

Некаква чудна фанатична религија според која сè може да се принесе како жртва на олтарот на музите. Ритуална лудост, екстаза, човечка жртва.
Анонимус

Патот кон совршенството одзема премногу од животот. Тоа особено се однесува на создавање религиозни фанатици, телесни нацисти и спортисти.
Анонимус

Филозофот често искористува точки, студентот-прашалници, а фанатикот-извичници.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако да бидам жив спрема страдањата на моите ближни значи да бидам фанатик, јас сум еден од најнеизлечивите фанатици на кои некогаш им е дозволено да бидат на слобода.
Вилијам Вилберфорс

Ако е човек наполнет со фрагменти од култура што не ја разбира, тогаш тој станува одличен фанатик и оружје во рацете на другите.
Алексеј Пехов

Ако има нешто што не можам да го поднесам, тоа се фанатиците од секаков вид, а религиозните се најлоши од сите.
Мајкл Морпурго

Ако фанатиците имаа смисла за хумор, тие немаше да билат фанатици.
Жералд Месадие

Апсолутната убеденост или јасност е привилегија на глупаците и фанатиците.
Роналд Дуоркин

Без постојаност, она што останува е ентузијазам на моментот. Без приспособливост, она што останува може да биде насочено кон разурнувачки фанатизам.
Октавија Е. Батлер

Бог не прифаќа гнев и фанатизам.
Жан-Кристоф Гранже

Верата лесно води до фанатизам. Ете зошто во името на религијата е пролеана толку многу крв.
Ерих Марија Ремарк

Вистинската апсолутна волја и сила му припаѓаат на космосот-и само на него. Но, треба да живееме како и ние да имаме волја и независност, иако и двете не се наши. Во спротивен случај ќе завршите со мрзеливост, фанатизам, немоќ и безначајност.
Константин Циолковски

Во битката на фанатизмот со здравиот разум, вториот ретко извојува победа.
Маргерит Јурсенар

Во епоха на длабоко вкоренети фанатици и судири тој се залагаше за универзална духовност, отворајќи ги своите врати за луѓе од секакво потекло.
Елиф Шафак

Во својот стремеж да ја одржи својата невиност, човекот може да стигне далеку-особено ако е фанатик или глупак.
Владимир Санин

Генијалните пронаоѓачи го забрзуваат ôдот на цивилизацијата. Фанатиците и страдалниците од халуцинации создаваат историја.
Густав Ле Бон

Ги натера глупавите луѓе да се чувствуваат подобро поради својата глупост. Им дзволи им на фанатиците да мислат дека е оправдано да даваат антисемитски изјави, како што велат дека е добро да  ги мразиме жените, да ги навредуваме како обоени, како имигранти.
Чарлс Каминг

Движењето е создадено од луѓе на зборови, материјализирани од фанатици и консолидирани од луѓе на дејствието.
Ерик Хофер

Денешниот исламски фундаментализам исто така е покритие за политички мотиви. Не треба да ги пренебрегнеме политичките мотиви што ги среќаваме во форми на религиозен фанатизам.
Јирген Хабермас

Доследниот мислител, доследниот моралист или е мумија која оди или, пак, ако не успеал да ја задуши сета своја виталност, фанатичен мономанијак.
Олдос Хаксли

Една добра кауза не треба да биде оцрнета од нејзините најфанатични изрази. Но, ретко се помага.
Даглас Мареј

За жал, тој стана научен фанатик и како сите фанатици може да му е тешко.
Робин Кук

За озлобените фанатици секој успех, дури и најограничениот, секое општествено признание е вистински знак за естетски компромис и неуспех.
Ијан Мекјуан

За фанатиците нема значење како или зошто сум навистина тука; фактот дека воопшто сум тука е достатно грешен.
Трејси Деон

Идејата дека атлетизмот одеднаш е обратно пропорционален на интелектот никогаш не била причина за фанатизам, туку побрзо резултат од него.
Дејвид Епштајн

Идејата дека образованието ќе доведе до намалување на фанатизмот е едноставно фактички неправилна.
Реза Аслан

Идеологијата е замка, таа ги стеснува идеите за животот, ја ограничува мислата и раѓа предрасуди и стереотипи. На крајот, човекот не се претвора дури ни во плоштина, туку во еднодимензионален фанатик.
Паринуш Сание

Има многу различни реки кои водат до очај: има сиромаштија; има политичка репресија; има родов апартхејд-има чувство на загуба на култура; има религиозен фанатизам.
Лоренс Рајт

Имателот на верата се поставува под својата вера и дозволува таа да раководи со неговите дејствија. Фанатикот се поставува над неа и ја користи како изговор за своите дејствија.
Гордон Диксон

Јас не сум фанатик. Но, кога гледам подлост, јас се стремам да ја уништам.
Ентони Берџес

Јас сум голем музички фанатик и ми се допаѓа да бидам дома, да седам во мојата соба и да свирам на пијано кога нема никој наоколу.
Бен Барн

Кој е фанатик? Тоа е некој што не може да го промени своето мислење, а не сака да ја промени темата.
Винстон Черчил

Кој ќе спори со најупорниот од сите фанатици-со фанатизмот на неверувањето?
Едвард Булвер-Литон

Колку е поапсурдна верата, толку побезразлично се придржуваат кон неа непросветлените луѓе, нивната душа е потемна и се пофанатични.
Иван Ефремов

Колку пострашно непријателот ги фрла своите бомби, толку отпорот станува пофанатичен.
Тимур Вермеш

Корупцијата е единствената сила што може да се спротивстави на фанатизмот.
Салман Ружди

Криминалните режими создаваат не криминалци, туку фанатици убедени дека го откриле единствениот вистински пат кон рајот.
Милан Кундера

Купувачите во нашите предградија се природни фанатици. За нив пазарувањето е како румбата и песните за Бразилците.
Ханиф Курејши

Левите или либералните деца ги нарекуваат своите родители фанатици, но не сфаќаат дека тие целосно го наследиле нивното размислување.
Дорис Лесинг

Левицата верува дека десниот трибализам-фанатизам, расизам-ја распарчува земјата. Десницата верува дека левиот трибализам-идентитетска политика, политичка коректност-ја распарчува земјата. И двете се точни.
Ејми Чуа

Левицата не гледа ништо друго, освен фанатизам и суеверие во популарната заштита на семејството или во популарните ставови кон абортусот, криминалот, автобусите и училишната програма.
Кристофер Лаш

Љубовта е само трпение. Благочестиво, фанатично, тиранско трпение. Неоправдано оптимистичко трпение. Не сме готови.
Лејла Слимани

Мислам дека фанатиците си прават многу штета кога одредени поджанрови ги нарекуваат „вистински нешта“, а сите останати-„позерство“. Подобро е да зборуваме за она што се допаѓа, а што не. Сите овие етикети за „вистинско“ покажуваат крајно ограничено мислење.
Пол Стенли

Мистиците и фанатиците се глуви за гласот на разумот.
Марио Варгас Љоса

Многу брзо разбрав дека писмата на фанатиците се едновремено до смрт бавни и до смрт здодевни.
Даглас Коупленд

Моето искуство е дека луѓето кои можат да ги изразат своите политички погледи само во клишеа и страсни обопштувања се фанатици.
Бери Ајслер

Моето фанатичко обожавање беше навредливо затоа што таа никогаш не би можела да се издигне до претерано совршената слика во мојата имагинација.
Јенс Кристијан Грондал

Можно е да се бориме против нетолеранцијата, глупоста и фанатизмот кога доаѓаат одделно. Кога ќе ги соберете трите, веројатно е поразумно да се измолкнете, дури само за да го задржите својот разум.
П.Д. Џејмс

На долг рок, се надевам информацијата е лек за фанатизмот, но се плашам дека информацијата е повеќе причина, отколку лек.
Даниел Денет

Најсурови, најнеумоливи од сите луѓе склони кон омраза, што ги прогонуваме, тоа се фанатично религиозните.
Александар Херцен

Наполно сум на јасно дека мојата визија за европски дводомен парламент не може да биде реализирана утре. Јас исто така не сум фанатик на интеграцијата.
Мартин Шулц

Наречете ме песимист, но мислам дека ако фанатизмот можеше да се реши преку пристап до повеќе информации, досега ќе беше решен. Омразата не е поврзана со недостаток на разбирање: таа е поврзана со омраза.
Хенк Грин

Науката е најголемиот противотров на отровот на фанатизмот и суеверието.
Адам Смит

Нема ништо послепо и бесмислено од страста инспирирана од фанатизмот.
Жил Верн

Немам предубедување на фанатик и имам повеќе верба во хуманоста, отколку во моралот во кој сè е забрането.
Филип Бесон

Неопитниот учен, скоро дојден или преобратен во светогледот на науката, може да биде толку фанатичен, колку христијански крстоносец или војник на Алах.
Морган Скот Пек

Не правам никаква разлика меѓу формите на фанатизам или формите на идеологија кои ја губат од вид човечноста на луѓето. Не ја поднесувам надмоќта на белата раса. Не ја поднесувам машката надмоќ. Не го поднесувам царското потчинување. Не ја поднесувам хомофобијата.
Корнел Вест

Не треба да има место за фанатизмот во домот на демократијата.
Ралф Банч

Ние со свои раце изградивме ѕид меѓу себеси и слушателите. Беше нужно да бидеме поскромни и да не одржуваме концерти на стадиони. Стадионот од фанатици ти носи пари, но не носи разбирање на твојата музика.
Роџер Вотерс

Никогаш не можам да простам зло, лага и сурови средства, а уште помалку можам да им простам на фанатиците кои го користат тоа за извинување!
Синклер Луис

Но, простодушните жени сакаат убијци, џелати, силувачи и никаквеци-како религиозни фанатици, така и корумпирани политичари. И Ева го сакаше Хитлер.
Анџела Ламберт

Но, со супериорен морал, со непоколеблив, фанатички дух сè е можно!
Тимур Вермеш

Нужна е храброст, лудост, фанатизам за да ја задржите душата недопрена.
Константин Паустовски

Образованието е непријател на фанатизмот и омразата. Тешко е да мразиш некого кого навистина го разбираш.
Барбра Стрејсенд

Ова е мојата единствена догма и јас се придржувам на неа со праведен фанатизам: ако животот ви е здодевен, проблемот не е животот, туку во вас бидејќи животот е адски возбудлив.
Ерик Каплан

Овој масовен тероризам е новото зло во нашиот свет денес. Се извршува од фанатици кои се целосно безразлични кон светоста на човечкиот живот. Ние, демократите на овој свет треба да се обединиме и да се бориме заедно до целосно искоренување на тоа зло од нашиот свет.
Тони Блер

Огнот на фанатизмот ќе направи лав дури и од мачка.
Олга Громико

Од светиот и целосно насочен идеалист до фанатикот често е само чекор.
Фридрих Хајек

Од фанатизам до варварство само еден чекор.
Дени Дидро

Оладете ги главите и размислете. Само за момент заборавете на својот фанатизам, гнев, почит, сè. Заборавете на сè и размислете. Искористете го вашиот сопствен ум. Размислете внимателно и направете го својот избор.
Котаро Исака

Омекнувањето на фанатичната ревност го претвора „верувам“ во „човек чувствува“.
Роналд Нокс

Она што го мислите и кажувате за себеси, вашето тело и вашата храна е столбот на вашето здравје. Религиозниот фанатизам при броење на калории и масти може да биде основна пречка меѓу вас и вашата идеална тежина.
Пем Грут

Она што религиозниот фанатизам некогаш им го ветил на своите избраници, науката го прави сопственост на сите луѓе!
Гистав Флобер

Оној што доброволно прифатил вера, секогаш е пофанатичен од оној што е роден со неа.
Марио Пузо

Освен сите други причини да не го правиме, нападите врз слободата на говорот секогаш имаат обратен ефект: ги претвораат фанатиците во маченици.
Глен Гринвалд

Основниот корен на сите успеси во продажбите е фанатичниот фокус на потрагата.
Џеб Блаунт

Острата параноја се развива многу брзо меѓу фанатичните лидери.
Хуан Гомез Хуардо

Очигледно е дека човечките суштества имаат голем капацитет да се придржуваат на лажните верувања со фанатизам и истрајност, а учените рационалисти не се исклучок.
Брус Липтон

Патриотизмот во политичкиот живот е она што е верата во религијата, а тој се однесува на домашните чувства и носталгијата како верата за фанатизмот и суеверието.
Џон Актон

Повеќето човечки беди ги носат фанатици со добри намери.
Пол Андерсон

Подобро да умре човештвото отколку системот-ете тоа е девизата на сите утописти и фанатици.
Пјер-Жозеф Прудон

Политичарите кои го напаѓаат сонот за федерална Европа се расистички фанатици кои се стремат да ја поткопаат слободата и мирот на континентот.
Жак Делор

Постои јасна врска меѓу апсолутната неоснованост на оваа догма и фанатичната сигурност со која таа се проповеда.
Кристофер Хиченс

Прашањето за фанатизмот е во две насоки. Денес има многу повеќе антихристијански фанатизам, отколку во однос на другата страна. Ништо од тоа не се објавува во медиумите.
Њут Гингрич

Разочарувањето раѓа фанатици.
Пол Андерсон

Револуциите се замислуваат од романтичари, се спроведуваат од фанатици и се искористуваат од никаквеци.
Јуриј Андрухович

Револуциите се произведуваат од ефикасни, еднострани фанатици, генијалци на самоограничувањето.
Борис Пастернак

Религијата без филозофија е настроение или понекогаш фанатизам, додека филозофијата без религија е умствена шпекулација.
Бхактиведанта Свами Прабхупада

Религијата може да биде инструмент кој помага да расте и да живее, но кога е само фанатизам тоа е ужасно.
Ерик де Кармел

Религијата не ги прави луѓето фанатици. Луѓето се фанатици и ја користат религијата за да ја оправдаат својата идеологија.
Реза Аслан

Религиозниот фанатизам е најопасната форма на безумие.
Роберт Грејвс

Религиозниот фанатизам очигледно произвел и најверојатно ќе продолжи да произведува огромни количества караници, битки, насилство, крвопролевања, убиства, непријателства, војни и геноцид.
Алберт Елис

Религиозните војни, кои се резултат на фанатизам кој поттикнува и оправдува уништување на луѓе од различни вероисповеди, се практично непознати во хиндуистката Индија.
Сарвепали Радакришнан

Секогаш сум ја свирел само онаа музика во која верувам. Па, знаете ли дека фанатиците многу јасно ја чувствуваат измамата.
Пол Макартни

Секој народ има свои фанатици.
Гај Гавриел Кај

Сè додека грееше сонцето, животот беше забава, а куќа од тули изгледаше некако гадно, претерано конзервативно или дури фанатично. Но, кога нивните глупави теории беа подложени на стрес, нивните куќи паднаа.
Дејв Ремзи

Сè треба да се прави со целосна и фанатична одлучност. Во спротивно нема да постигнете ништо.
Тимур Вермеш

Слабоста на слободоумните е во тоа што тие се слободни мислители. Тие не се подготвени како фанатиците за жестоки битки.
Рјуносуке Акутагава

Следниот пат кога ќе влезете во политичка дискусија застанете и запрашајте се какво количество докази би го промениле вашето мислење. Ако одговорот е никакво, тогаш сфатете дека всушност сте во религиозна дискусија, уште еден фанатик спори со друг.
Ендрју Мејн

Според мене, умереноста е помудра политика отколку фанатизмот.
Кристофер Паолини

Спротивност на религиозниот фанатик воопшто не е фанатик-атеист, туку самодоволен циник кому му е совршено сеедно дали има Бог или не. А атеистот е религиозен човек, атеизмот за него е религијата во која верува.
Ерик Хофер

Стариот спорадичен фанатизам на религиозната омраза беше умно изопачен во студениот, постојан фанатизам на националната омраза.
Франц Верфел

Стравот никогаш не извлекол семејство од сиромаштија или земја од фанатизам. Стравот никогаш не спасувал брак или бизнис. Храброста го направи тоа. Верата го направи тоа. Луѓето кои одбија да се посоветуваат или да се прикријат од својата плашливост го направија тоа.
Макс Лукадо

Сушноста на фанатизмот е да им ги ускратуваш на другите истите права што ги бараш за себе. Зелените фанатици се класичен пример.
Томас Совел

Тажната вистина за човештвото е дека единствени кои не можете да ги поткупите се фанатиците.
Џек МекДевит

Таа рече дека го гледа бракот како манифестација на религиозен фанатизам. Како можам да потпишам доживотен договор?
Исак Сингер

Тенденцијата да претендираме за Бог како сојузник за нашите партиски вредности и цели е изворот на сиот религиозен фанатизам.
Рајнхолд Нибур

Теоретската физика изискува речиси религиозна вера. Фанатикот е лесен за туркање во бездна.
Љу Цисин

Тие се фанатици, а фанатиците се најопасните непријатели.
Р.А. Салваторе

Тоа е проблемот на сите фанатици: недостаток на здрав разум.
Рид Кинг

Тој се плашеше дека светската борба денес не е на комунизмот против фашизмот, туку на толеранција против фанатизмот проповедуван еднакво од комунизмот и фашизмот.
Синклер Луис

Трајната мантра на фанатичниот трагач на злато е: Уште еден повик.
Џеб Блаунт

Умствената апатија е многу полоша од најмрачното суеверие и многу поштетна од најкрвожедниот фанатизам.
Дмитриј Писарев

Уште еден религиозен фанатик за кого фактите и реалноста го зазедоа второто место, пред догмата.
Питер Ф. Хамилтон

Фанатизмот беше толку популарен. Требаше да има причина за тоа, нели? Некаква огромна награда до крајот на мислењето, некакво големо блаженство за благословот на идиотизмот.
Стивен Ериксон

Фанатизмот во религијата е сојуз на страстите што таа ги осудува со догмите што ги исповеда.
Џон Актон

Фанатизмот е знак на потиснат сомнеж. Ако човек навистина е убеден во својата исправност, тој е апсолутно спокоен и може да разговара за спротивставена гледна точка без сенка од огорченост.
Карл Густав Јунг

Фанатизмот е како гас: поопасен од сè друго кога не го забележуваш. Една искра и ќе има експлозија.
Френсис Хардинг

Фанатизмот е најсилен кога има политичка или уште подобро религиозна мотивација.
Даглас Мареј

Фанатизмот е нешто смртоносно.
Елена Усачева

Фанатизмот е остаток од варварството, а со културата би требало човекот да оди по ладно засведочување. Меѓутоа, за жал се чини баш напротив, дека фанатизмот е едно слепило на нашиот инстинкт кое нема да може ништо да го искорени. Што е најжалосно, луѓето се фанатизираат во омраза, но не се фанатизираат во љубов.
Јован Дучиќ

Фанатизмот е порок на средната класа.
Јан Мекдоналд

Фанатизмот е прекумерна компензација за сомнежот.
Робертсон Дејвис

Фанатизмот на теолозите е болест која изгледа речиси неизлечива.
Дејвид Хјум

Фанатизмот не е компатибилен ниту со тактичност, ниту со чувство за мерка.
Рафаел Сабатини

Фанатизмот никогаш не дава завршени победи.
Џулијан Семјонов

Фанатизмот се состои во дуплирање на напорот кога е целта заборавена.
Џорџ Сантајана

Фанатизмот треба да се успие за да може да се искорени.
Наполеон I Бонапарта

Фанатик: секој човек што со жар зборува за нешта кон кои сме рамнодушни.
Лоренс Питер

Фанатикот е оној што сериозно го сфаќа сопственото мислење.
Гилберт Честертон

Фанатикот е сигурен дека е во право.
Питер Сенги

Фанатикот е човек која не може да ги промени своите ставови и не може да ја смени темата.
Винстон Черчил

Фанатикот е човек кој прави сè што според него Господ Бог би направил ако ги знаеше сите околности на конкретниот случај.
Питер Дан

Фанатикот одбива да биде во чекор со времето или да разбере туѓо гледиште-тоа се фатални пречки за националниот развој.
Дајан Форчн

Фанатиците знаат да запалат огнови или да горат на нив. Тоа е сè што можат да направат.
Хенри Лајон Олди

Фанатиците можат да оправдаат практично секое свое злосторство. Колку нивната позиција станува понеодржлива, толку потешко се држат до неа и позлосторни се нештата кои се подготвени да ги направат за да ја поддржат.
Мерцедес Лаки

Фанатиците никогаш не го слушаат мислењето на соговорникот!
Клифорд Сајмак

Фанатичен рационалист, само јас знаев што сакам.
Салвадор Дали

Фанатиците се секогаш параноици, при што љубовта кон вистината не се среќава во меѓусебна поврзаност со фанатизмот.
Карл Леонхард

Фанатичната страст за натрупување капитал всушност не е „материјална“, туку „духовна“, религиозна страст.
Валентин Катасонов

Целиот фанатизам извира од религиозниот порив.
Едмунд Купер

Целиот фанатизам се ожесточува. Фанатизмот на просперитетот исто така.
Јозеф Рот

Човекот не е религиозен само кога му се поклонува на божество, туку кога ги става сите ресурси на својот ум, целосното потчинување на својата волја и искрениот плам на фанатизмот во служба на кауза или на индивидуа која станува цел и раководење на неговите мисли и дејствија.
Гистав Ле Бон

Човек треба да преземе сè со целосна, фанатична одлучност. Или тој нема да стигне до никаде.
Тимур Вермеш

Што се петстотини жени и деца за фанатик од која било религија?
Џејмс Клавел