Потребно време за читање: 23 минути

167. Цвеќе

Нема кој не сака цвеќе. Го сака дури и оној што ретко го има при себе, во себе, крај себе, в раце, в гради, во срце. Затоа што е живот и им дава живот на природата и човекот. Затоа што е тоа најдлабоката и најинтимна врска меѓу човекот и природата.

Човекот или го разбира говорот на цвеќињата, па се разбира со нив, па разговара со нив, или им дава свое значење во зависност од расположбата, каракатерот, состојбата во која се наоѓа. Симболичен говор? Да, ама и мошне конкретен.

Најголема е блискоста на цвеќето со љубовта. Неретко е самото тоа љубов, но најчесто е нејззин доказ и богатење на нејзината големина, широчина и длабочина.

Од корен дрво па цвет, од корен цвет, од цвет плод. Исто како од раѓање растеж па живот, од раѓање живот, од живот смрт. Потоа нов цвет, потоа нов живот.

Македонски народни пословици и изреки

Јас не сум цвеќе, да да ме мирисаш, ами сум коприва.

Љубовта бара рози, љубомората-шипинки.

Не гледај го коренчето, ами гледај цвеќенцето.

Не е цвеќе чоекот, да го мирисаш.

Цвеќе во градина секој го милуат.

Цвеќето го кинат и киски го праат.

Цвеќето расти за чоекот да го веселит.

Цвеќињата сет мили дури се развиени.

Пословици и изреки од народи на светот

Ако ја сакаш розата, треба да се помириш со трнот. (Хиндуска)

Кога ти останале само две парички на светот, со едното купи леб, а со другото цвет. (Кинеска)

Цвеќето и трњето растат на исто стебло. (Турска)

Латински изреки

Добрата слава е попријатна од розата. (Fama candida rosa dulcior.)

И меѓу трње растат рози. (Inter vepres rosae nascuntur.)

Не сите сакаат едно и исто нешто: еден собира трње, а друг-рози. (Non omnibus unum est, quod placet: hic spinas colligit, ile rosas.)

Под розата (тајно). (Sub rosa)

Домисла, гесло, мисла водилка

Гледајќи цвеќе, на човекот животот му се насмевнува.
Анонимус

Кога толку цвеќе би простреле по патеките на живите, колку што ги засипуваме гробовите на умрените!
Анонимус

Кој сака цвеќе, никогаш не би смеел да го купува во продавници и така да ја плаќа неговата смрт.
Анонимус

Рекле, издумале

Ако денот и ноќта се такви што ги дочекувате со радост, ако животот мириса на цвеќиња и миризливи билки, ако е пофлексибилен, поблиску до ѕвездите и бесмртноста, тоа е вашата победа.
Џон Кракауер

Ако децата се цвеќиња на животот, тогаш ова дете е расцутен кактус.
Сергеј Лукјаненко

Ако животот наеднаш започне да ве опсипува со рози од глава до петици, погледнете внимателно угоре за да видите дали од прозорецот меѓу мирисливите латици не лета голема саксија за цвеќиња.
Дарја Донцова

Ако не можете да дејствувате во опасна комбинација на овие противречни сили, морални и поетски, повлечете се. Наводнувајте ја зелката во вашата градина и одгледувајте рози само на гробиштата. Затоа што розите се смртоносни за душата.
Данило Киш

Ако отидете до дрво и почнете да зборувате или до цвет, роза, луѓето ќе мислат дека сте луд. Ако отидете во црква и разговарате со крстот или сликата, никој нема да помисли дека сте луд, туку тие ќе мислат дека сте религиозни.
Ошо

Ако прашате, цвеќињата и растенијата ќе ви раскажат многу стории. Бог може да зборува преку нив и ако ги прашате, тие ќе кренат раце ако знаат дека можат да ви помогнат со некоја болест.
Мејбел Кац

Ако ја почувствувам земјата меѓу моите прсти, ако видам дека се отвора нова пупка, ако го вдишам мирисот на розите, тогаш сите мои грижи се раствораат толку брзо во воздухот, што дури заборавам што беше тоа што толку ме депримираше многу пред една минута!
Шарлот Линк

Ако патот е покриен со рози, најдобро е да го заобиколите.
Борис Крутиер

Ако розите не се за нас и трњето наместо подарок се доволни.
Омар Хајам

Ако се чувствувате изгубени, разочарани, колебливи или слаби, вратете се кон себеси, кон она што сте, овде и сега, и кога ќе стигнете таму ќе се откриете како цвет на лотос во полн цут, дури во калливо езерце, убав и силен.
Масару Емото

Ако сме мирни, ако сме среќни, можеме да се насмееме и да цветаме како цвет и сите во нашето семејство, целото наше општество ќе има корист од нашиот мир.
Тик Нахат Хан

Ах, како земјата е обвиткана со чад-море од цвеќиња, сонце и огромно небо!
Јоханес Јенсен

Баланс. Светло и темно. Сонцето и месечината. Добро и зло. Змија се свива преку кревет со диви цвеќиња. Предлагајќи вкус на најзабранетото овошје. Вагите на правдата беа наклонети; избор кој виси таму за да одлучам. Да поправиш грешка или сите да сме проклети.
Кери Манискалко

Балерините се како цвеќиња: пупката се отвора, тогаш е добро, но следниот ден веќе не е добро.
Соломон Волков

Бев убава и опасна едновремено. Роза со трње.
Кери Манискалко

Без жртви, без напори и лишувања не може да се живее во светот: животот-не е градина во која расте само еден цвет.
Иван Гончаров

Беше време црниот цвет на цивилизацијата да расцути.
Џон Максвел Куци

Беше неверојатно како цвеќињата можат да растат на најпроклетите места.
Линда Хауард

Бидете благодарни за секој трн што другите можат да ви го фрлат. Тоа е знак дека наскоро ќе бидете опсипани со рози.
Елиф Шафак

Бидете градинар во вашиот живот! Не корнете ги плевелите, туку помогнете им да се претворат во прекрасни рози. Тоа е многу вредно.
Виталиј Гиберт

Бидете како цвет на површината на езерото.
Сузан Денард

Боговите се женат за власт, цвету мој.
Скарлет Сент Клер

Бракот е како цвет. Треба постојано да се грижиш за него, да го полеваш, да го храниш, да го гледаш со љубов…
Федерико Моча

Бракот едвај може да биде како страсните романси за кои се чита во книгите. Всушност, тоа и изгледаше како гнила зделка. Мажите би биле загрижени и да се однесуваат добро кога ѝ се додворуваат на жената, ја канат на забави и ѝ испраќаат цвеќиња, но откако ќе се оженат цвеќињата свенуваат.
Силвија Морено-Гарсија

Бракот не е секогаш градина со миризливи рози.
Морис Вест

Бурите и снеговите ги уништуваат цвеќињата, но не ги убиваат нивните семиња.
Калил Џибран

Велат дека ако некој сака летни цвеќиња, судено му е да умре во лето.
Даѕаи Осаму

Венењето е одлучувачки момент во животот на розата.
Томас Еспедал

Веројатно можете да надраснете сè. Еден сончоглед може да ја надрасне целата градина…Се разбира, подобро е да надраснат сите останати цвеќиња, отколку воопшто да не го гледате сонцето. Потоа останете во зимскиот мрак и умрете затоа што други растенија ве засенчуваат.
Лора Докрил

Вие сте зарочарани затоа што продолжувате да го чекате процутувањето на цвеќињата за кои допрва треба да ги посеете семињата.
Стив Мараболи

Вистина е дека љубовта започнува со рози, а завршува со шипинки.
Фредерик Бегбеде

Вистината е како цвеќе: подобро е да го берете во вистинско време.
Кетрин Арден

Вистината е тврда како дијамант и нежна како цвет.
Махатма Ганди

Вистината е трн, а не роза.
Маја Ибрахим

Вистината не е нешто што се гради во градина со рози.
Ален Бадиу

Вистинското смирение е цвет што ќе украси секоја градина.
Чарлс Х. Спарџон

Вкусот и љубовта не се слуги на волјата. Љубовта е и треба да биде слободна. Изгрева од срцето како мирис на цвет.
Роберт Ингерсол

Влезете внатре. Пронајдете го вашиот внатрешен простор и наеднаш ќе откриете експлозија на светлина, убавина, екстаза-како наеднаш во вас да процветаа илјадници рози и сте исполнети со нивниот мирис.
Ошо

Во бизнисот е вака: ако намерно засадите цвет, тој нема да цути; и случајно каде што ќе засадите  резница, тоа ќе израсне во дрво и исто така ќе ви даде сенка.
Ју Хуа

Во градите ми цути надежта-мала пупка, предвесник на пролетта, нејзините ливчиња се осмелуваат да се отворат за да покажат цвет во себе.
Бриџит Кемерер

Во животот има моменти во кои розата е поважна од касај леб.
Рајнер Марија Рилке

Во мајка ми, пак, ги видов плодовите на долгиот живот поминат во грижа за врските, гледајќи ги како цвеќињата на нејзиниот балкон.
Паоло Кониети

Во мене тигарот ја мириса розата.
Зигфрид Сасун

Во моето семејство пеперутките монарх се огнени ќерки. Тие доаѓаат од сонцето, носејќи ги душите на воините кои се бореле и загинале во битка, и се враќаат да се хранат со нектар од цвеќињата.
Холи Рингленд

Во одреден момент секоја сезона сфаќа дека времето на земјата е поминато. Ете зошто снегот се топи и морињата стануваат студени. Ете зошто лисјата пожолтуваат и цвеќињата бледнеат. Работата е во тоа што постепено ја губиме силата и способноста да се одржиме.
Ел Косимано

Во природата на овој цвет е да цвета.
Алис Вокер

Во радост или тага цвеќињата се нашите постојани пријатели.
Какуѕо Окакура

Во различни епохи и во различни социјални средини човек сака, мрази и се надева на различни начини. Како што дрвото преку своите корени ги храни своите цветови и плодови со сокот на почвата, така човекот обезбедува прихрана за своите чувства и мисли, дури и највисоките во економската основа на општеството.
Лав Троцки

Во реалниот живот, за разлика од Шекспир, сладоста на розата зависи од името што го носи. Нештата не се само такви, какви што се. Во многу важни односи тие се она што изгледаат.
Херберт Хaмфри

Во светот нема рози способни да се споредат со оние што растат слободно.
Лиза Џејн Смит

Во тајниот код на цвеќето секоја роза значи љубов.
Ненси Спрингер

Во овој свет има благословени души чии таги извираат во радости за другите; чии земни надежи, положени во гроб со многу солзи, се семето од кое извира исцелително цвеќе и мелем за опустошените и напатените.
Хариет Бичер Стоу

Во овој свет ние одиме по покривот на пеколот, гледајќи ги цвеќињата.
Никол Сноу

Во овој свет ние одиме по покривот на пеколот и размислуваме за цвеќињата.
Шан Са

Во цвеќињата има повеќе живот отколку во книгите.
Марсел Пруст

Во воздухот имаше чуден возбудлив мирис-мирис на вино, чад од пури и парфем измешан со мирис на рози. Светлите цветови се слеаја еден во друг и музиката се креваше и паѓаше.
Џоан Г. Робинсон

Воздухот се чувствуваше како бакнеж на твојата кожа и во атмосферата имаше чувство на исчекување, речиси како да ги чувствуваш растенијата како растат и цветовите цутат.
Араминта Хол

Гарденијата е загатка, нејзините латици се попрскани со кремасто-бела чистота на невиноста, но мирисот ѝ е диво заводлив. Колку соодветно; бидејќи на јазикот на цвеќето, дарбата на гарденијата го пренесува посланието на тајната љубов.
Јан Моран

Ги откинав сите рози од една тажна грмушка и ги фрлив една по друга во гневното море.
Е. Локхарт

Гласот звучи меко, толку мирно, колку што изгледаат цвеќињата ставени на надгробна плоча.
Жан-Кристоф Гранже

Гледајќи го, за прв пат разбрав зошто луѓето им носат цвеќе на болните луѓе, заглавени во болница без начин да излезат надвор. Тоа беше како да им донесувам малку од светот што се случуваше без нив.
Морган Матсон

Гледајќи ги овие цвеќиња, одново сфаќам колку многу сме изгубиле, но можеби требаше да изгубиме сè за да се роди нешто ново од загубата? Смртта раѓа живот.
Ким Лигет

Господи, во каков низок свет живееме! Цвеќињата не се на продажба, цвеќињата се убави, бесценети и бесплатни-за да ги соберете доволно е да се наведнете. Цветовите се самиот живот, а животот, колку што знам, не се продава!
Оливие Бурдо

Да знаеш дека кој бара рози и шипинките не го попречуваат.
Шота Руставели

Да нема облаци на вашето небо, но ако се појават нека имаат цвет и мирис на рози.
Хенрик Сјенкјевич

Да го игнорираш она што не може да се измери со точни бројки е како да ги броиш стеблата во букет цвеќе, а истовремено да го игнорираш неописливиот мирис и убавината на секоја пупка.
Теодор Зелдин

Да умрам кога можам, сакам за мене да кажат оние кои најдобро ме познаваат дека секогаш сум откорнувал трн и сум засадувал цвет таму кај што сум мислел дека ќе израсне цвет.
Абрахам Линколн

Девојката е убава, како цвет. И секој цвет треба да е малку отворен.
Ева Лонгорија

Девојките не се именувани по цвеќиња затоа што цвеќињата умираат толку брзо. Девојките ги добиле имињата по бесмртни нешта-форми на светлина, форми на облак, форми на ѕвезди, она што се појавува и исчезнува како остров на хоризонтот.
Луиз Едрих

Децата во семејството се како цветови во букет: секогаш има едно кое е цврсто решено да се исправи во спротивна насока од начинот на кој сака аранжерот.
Марсилин Кокс

Длабоко во своите корени сите цвеќиња ја задржуваат светлината.
Теодор Ротке

Добрите мажи мирисаат на земја, нафта и друг труд; злосторните мирисаат на рози.
Дејвид Далглиш

Добродетели, утешители, насочувачи и дарувачи на блаженства лежат пред нозете на човекот како цвеќиња.
Вилијам Вордсворт

Доволно! Вие дури ги терате розите да се тепаат!
Жан-Мари Густав Ле Клезио

Договорите се како рози и млади моми. Тие продолжуваат додека траат.
Шарл де Гол

Досадата е најголемиот проблем. Истата позиција. Истиот ден од неделата. Станува досадно кога не носите уште цвеќиња дома.
Рут Вестхајмер

Други цвеќиња дојдоа на крајот на летото, но дотогаш зимската тага веќе беше исчезната и ефектот од цутот не беше истиот.
Џесика Стерн

Дури и на патот кон пеколот цвеќињата можат да ве натераат да се насмеете.
Денг Минг-Дао

Душата ќе реагира на секој цвет-сè зависи од тоа кога и под какви околности ќе го видите.
Јасунари Кавабата

Еволуиравме во тропска клима кај што мирисите на растенија и цвеќиња беа насекаде околу нас. Поминавме многу време на дрвјата со многу сончева светлина и без облека.
Хелен Фишер

Еден цвет не може да цвета без сонце и човек не може да живее без љубов.
Макс Милер

Една нива е празна, но ако се потрудите да одгледувате нешто ќе имате градина. И тоа е животот. Дајте нешто, нешто ќе се врати. Не давајте ништо, ништо нема да се врати. Да одгледуваш цвет е чудо: тоа значи дека можеш да одгледаш повеќе. Запомнете дека цветот не е само цвет, тој е почеток на цела градина.
Еди Џеку

Еднаш го видела дури самото замрзнато море. Невообичаено ниска водна шир помешана со студен тек беше формирала тесен ред од замрзнати бранови кои изгледаа како слоеви од заслепувачки бели цветови, карактеристичен цвет на момент во кој се отворија.
Хан Канг

Едно е да се знае дека патот на добродетелта не е покриен со рози, туку со трње, но сосема друго е да одиме по него.
 Михаил Велер

Експериментите врз растителноста даваат основа да се смета дека светлината се комбинира со некои делови од зеленчуците и дека зеленилото на нивните листови и различните цветови на цвеќињата се должат главно на оваа комбинација.
Антоан Лавоазие

Елате да ги видите вистинските цвеќиња на овој болен свет.
Мацуо Башо

Ете зошто љубовта беше толку опасна. Љубовта го претвори светот во градина, толку заблудена што е лесно да се заборави дека латиците од рози се толку ефемерни, колку чувствата, на крајот тие ќе свенат и ќе умрат, не оставајќи ништо друго, освен трње.
Стефани Гарбер

Желбите се цвеќиња на љубовта, а насладувањето нивниот плод.
Клод Адријан Хелвециј

Жена без кокетство е цвет без мирис.
Павло Загребелни

Жената е цвет кој се изучува, како дивиот цвет, заради цветовите, лисјата и пред сè заради мирисот.
Хозе де Аленкар

Жената не може да се удри само со цвет.
Бриџит Обер

Жената треба да живее само една сезона од постојните четири, како цвет. Таа одново да се појавува секоја година.
Жил Ренар

Женското срце е податливо-како роза од која секој љубовник зема по латица; за мажот останува само трње.
Софи Арну

Живејте лесно со душата и вашето тело, како цвет. Имате право на тоа.
Банана Јошимото

Живот без љубов е како цвет без мирис, како што велат на исток.
Понсон де Терајл

Животните водат војни; цвеќињата практикуваат мир.
Џејмс Ган

Животот без мечти е градина без цвеќиња, а животот со неостварени мечти е градина со вештачко цвеќе.
Алесандро д’Авенија

Животот е полн со парадокси, како розите со трње.
Фернандо Песоа

Животот е цвет од кој љубовта се јавува како мед.
Виктор Иго

За време на суша цвеќињата умираат први.
Томи Виринга

За други, природата е дрвја за огрев, јаглен, руда или летна резиденција или едноставно пејзаж. За мене природата е средина од која како цвеќиња израснале сите наши човечки таленти.
Михаил Пришвин

За еден ден пчелите можат да поминат неколку милји. Летаат на околу илјада цветови. Без нив цвеќињата би биле бескорисни, како и натпреварите за убавина. Убаво е да ги гледаш за време на натпреварот, но нема корист. Кога нема пчела, тогаш нема плодови, а цветовите едноставно венеат и толку.
Маја Лунде

За некој што е галантен жената мириса на роза, но за луѓе како тебе е очигледно дека дури и розата мириса на жена.
М. Агеев

За создавање на мал цвет се нужни векови работа.
Вилијам Блејк

За жал! Единствениот цвет за кој се знае дека има крилја е пеперутката; сите други стојат беспомошни пред уништувачот.
Какуѕо Окакура

Зборовите кои не се поткрепени со акција се бесполезни. Тие се како цвеќиња кои се бесцветни.
Џон Шорс

Злите нешта се лесни нешта: затоа што се природни за нашата падната природа. Правилните нешта се ретките цвеќиња кои имаат потреба од одгледување.
Чарлс Х. Спарџон

Злото доаѓа тивко како цвет.
Шарл Бодлер

Зората е време кога жолтите цветови, заситени со сон и љубов, ги отвораат своите среќни очи некаде далеку.
Решат Нури

Зошто ви требаат цвеќиња без сакан маж? Не е ли подобро обратното?
Мадона

Зошто да се лутиме кога има цвеќиња во светот?
Френсис Барнет

Зошто ме гледаш така, мил татко? На мене нема шаблони и не растат цвеќиња.
Михаил Булгаков

Зошто одиме во темнина, да одиме таму каде што цветаат цвеќињата.
Хан Канг

Зошто цвеќињата растат толку убаво и толку жално?
Какуѕо Окакура

Зрак светлина што продира во темна зандана или жален цвет што расцутил меѓу камења покрај урната стена, зарем тие не се знаци на живот што му носат надеж и утеха на човекот?
Решат Нури

Иако цвеќињата се слични, како членови на едно и исто семејство, секое е величествено на свој начин.
Анита Амиррезвани

Извини мало диво цвеќе, но не сум сигурен дека ќе ја преживееш мојата смртоносна бура.
Лорен Ашер

И пак, понекогаш мириса на мирисот на исчезнатите цвеќиња од минатото.
Фридрих Шилер

И не срамете се од солзи, солзите за дама се како роса за цвеќе.
Марио Варгас Љоса

И плодовите ќе го надминат она што го ветиле цвеќињата.
Франсоа де Малерб

Илјадници воини ја расејуваа долината како пролетни цвеќиња.
Алесандро Барико

Има и друга убавина во едноставноста; во една линија, поставена токму така; во еден самотен цвет меѓу карпите. Грубоста на каменот го прави цветот повреден.
Роберт Џордан

Има темнина во светлината, болка во радоста, а на розата има трње.
Кејт Тиернан

Имало едно време и јас го средував трњето пред да наредам букет. Сега гледам дека секој цвет има потреба од добро и лошо за да цвета; мора да стои здраво, со лице свртено кон сонцето, да ги апсорбира зраците што му се потребни за да остане жив кога ќе падне мрак.
Сеџал Бадани

Имаше време, неодамна, кога цвеќињата растеа преку цела година, кога деновите беа долги и ноќите ѕвездени, а луѓето живееја ослободени од страв.
Кетрин Арден

Јас не сум розата, но сум живеел близу до розата.
Бенџамин Констант

Јас сликам цвеќиња затоа што тие не умираат.
Фрида Кало

Јас сум гора и ноќ од темни дрвја: но кој не се плаши од мојата темнина ќе најде брегови полни со рози под моите кипариси.
Фридрих Вилхелм Ниче

Јас сум растение. Но, не реков дека сум цвет.
Лоран Ален-Карон

Јас секогаш ги држам моите цвеќиња во стисната тупаница.
Ерик Хофер

Ја мразам душевната љубов! На нејзината почва можат да растат само хартиени цвеќиња!
Јенс Петер Јакобсен

Кај што има пчели има цвеќиња, а кај што има цвеќиња има нов живот и надеж.
Кристи Лефтери

Каква е ползата од еден беспомошен цвет, освен да го ставиш во вазна и да го оставиш да свене додека не му паднат некогашните убави латици?
Кејти Роберт

Како може телото да допре цвет кој би требало единствено душата да го допира?
Рабиндранат Тагоре

Камбаната на храмот престана, но сè уште го слушам звукот кој излегува од цвеќињата.
Мацуо Башо

Карактерот не е создаден од сончева светлина и рози. Како челикот, тој се формира во пламен, помеѓу карпа и тврдо место.
Чин-Нинг Чу

Кога буреносни облаци татнат на небото и паѓаат јунски дождови, влажниот источен ветер доаѓа над пустошијата за да ги надуе своите гајди меѓу бамбусите. Толпи цвеќиња изникнуваат наеднаш, незнајно од каде, и танцуваат низ тревата во дива веселост.
Алка Џоши

Кога еден цвет расте и наеднаш престанува да расте, тоа значи дека луѓето во светот се чувствуваат лошо.
Марина Цветаева

Кога еден цвет цути, пеперутката природно го наоѓа. Кога дрвјата расцутуваат, птиците сами се собираат на гранките, а кога лисјата исушуваат и паѓаат, птиците се растураат. Односите со луѓето не се толку различни.
Шунмио Масуно

Кога еден цвет умира, се раѓа друг.
Едмунд Купер

Кога сакаме да ги ограничиме нашите зборови, обично велиме дека се зборува под розата.
Томас Браун

Кога жената ќе се омажи и ќе роди, таа се претвора од цвет во дрво.
Анчи Мин

Кога имате мекост и прецизност едновремено, лотосот на разбуденото срце расцутува во вас. Лотосот секогаш цути во кал. Вие сте подготвени да го родите овој убав цвет на лотос во матните води на вашиот живот. За првпат сфаќаш дека си кандидат за буден човек.
Чогјам Трунгпа

Кога навистина сакате да покажете малку љубов, држете ги цвеќињата и кажете го тоа со шпагети.
Рејчел Реј

Кога пресадувате цвет, треба да ја имате предвид почвата, нели?
Силвија Морено-Гарсија

Кога сликам цвеќиња, во мојата душа настапува спокојство.
Пјер-Огист Реноар

Кога човек има цвет во својот живот, тој гради куќа.
Халдор Лакснес

Кој толку многу сака рози, не може да биде зол.
Робин Мекинли

Конкуренцијата е тежок плевел, а не деликатен цвет.
Џорџ Стиглер

Копнеам да го видам среде зори на цвет Божјото лице.
Мацуо Башо

Креативноста е кревок цвет, но можеби може да биде оплодена со систематски дози на случајност.
Џон Брокман

Кутриот мртов цвет? Кога заборавивте дека сте цвет?
Ален Гинсберг

Лотосот секогаш расте во највалканите, најмочурливите делови на водните тела, грациозно се издига директно од тињата и калта, целосно незасегнат од нив. Тој цвет ја симболизира нашата љубов кон другите, љубов која спокојно и непоколебливо цути во нашите срца, и покрај најинтензивните, тешки моменти од нашиот живот.
Геше Мајкл Роуч

Лошото време не ви дава идеи за посетување на цветна градина.
Јасмина Реза

Љубовта е бескрајната променлива на нашиот свет; проголтала лаги, омраза, па и убиства, исполнета е со спротивности, убава роза со мирис на крв.
Џилијан Флин

Љубовта е да ја грабнеш розата со нејзиниот трн; но не и да сакаш од розата да плати за крвавите раце.
Искендер Пала

Љубовта е цвет што расте на секоја почва. Не се плаши од есенските слани, ниту од зимските снегови, и расцутува јарко и пријатно, цела година, радувајќи ги оние што ги дарува, оној што го дарува и оној што го прима.
Луиза Меј Олкот

Љубовта е цвет што треба да се полева секој ден. Во спротивно тој ќе свене.
Наталија Солнцева

Љубовта бара слобода и време за да ги одгледува своите најдобри цвеќиња.
Болеслав Прус

Љубовта кон цвеќињата и природата обично го одведува човекот од својот свет.
Вјачеслав Шишков

Љубовта не е цвет од стакленичка градина што не сака да ги отвори пупките, туку плевел што наеднаш цути покрај патот.
Сара Џио

Маж кој не дозволува да му умрат собните цвеќиња е за восхит, особено ако саксиите се без дупки.
Карен Џој Фаулер

Мажот е банален, а жената е пулсирачки цвет.
Василиј Аксјонов

Мајка ми беше најдобриот учител-оној кој ме учеше на сочувство и бестрашност. Ако љубовта е слатка како цвет, тогаш мајка ми е тој сладок цвет на љубовта.
Стиви Вондер

Мали чисти акорди висеа во воздухот како цвеќиња. Мелодии превиткани во букети. Се чини дека животот е едноставно незамислив однадвор, врамен со оваа музика.
Едгар Лоренс Доктору

Ме боли да убиеш мечта, како кинење латици од расцутена роза.
Лорен Вилиг

Ме чуди како најубавиот цвет може да цути во најлоши услови.
Лорен Ашер

Минатото беше премногу мрачно, иднината премногу ужасна за да се погледне, беше скршен цвет на сегашноста.
Анџела Картер

Мирисите се чувствата на цвеќето.
Хајнрих Хајне

Мирисите на свенатите цвеќиња се издигнуваат до небо, а таму растат токму исти како на земјата.
Јасунари Кавабата

Мирисот на рози одеше надвор низ отворениот прозорец, наизменично одвратно сладок, а потоа неуловлив како наполу уловен.
П.Д. Џејмс

Мирисот на цвет е нешто многу блиско и интимно, помисли таа. Може да изгледа како дел од вашето тело и крв.
Елизабет Гоуџ

Мирисот на цвеќето се разнесува само по насоката на ветрот. Но, добрината на човекот се распространува на сите страни.
Чанакја Пандит

Мирисната арома на црвени и бели рози лебдеше низ собата и блескаше како виножито.
Робин Мекинли

Мислам дека романтичарот ја бере розата и е невнимателен со трнот.
Џин Тирни

Мислев дека она што изгледаше како случајно пронајден цвет не е достојно за почит.
Френсис Скот Фицџералд

Мислите се како цвеќиња: откинати наутро, тие остануваат свежи подолго.
Андре Жид

Ми се гади од рози и сум возбуден за одмазда.
Тамсин Муир

Многу е веројатно дека сакате цвеќиња и домашни миленици. Можам да ви испратам роза и две дузини добермани.
Едуардо Мендоза

Можеби мислите дека зрното исчезнало засекогаш кога паднало како мртво во земјата, но кога следната пролет ќе никне и ќе даде лисја и цветови, ќе разберете дека сте згрешиле.
Елизабет Гауџ

Може ли некој да се сети на љубовта? Тоа е како да се обидуваш да го собереш мирисот на розата во тегла. Може да ја видиш розата, но не и парфемот.
Артур Милер

Можеме да зборуваме за љубов и смирение како за вистински цветови на духовното растење; и тие излачуваат прекрасен мирис кој им користи на сите што се приближуваат.
Тереза ​​Авилска

Можеме да се погрижиме за себеси, препуштајќи се на малите луксузи-свежо цвеќе, неколку часа насамо со нова книга или чаша вино на крајот од долгиот работен ден.
Луиза Томсон Бритс

Можеме ли да замислиме какво би било човештвото ако не ги познаваше цвеќињата?
Морис Метерлинк

Мојата љубов личи на црвена роза.
Ненси Холдер

Мојата прекрасна блескава кревка скршена куќа е полна со цвеќиња и втемелена на карпа.
Медлин Ленгле

Мојот цвет ја напои со мирис целата моја планета, а јас не умеев да му се радувам.
Антоан де Сент Егзипери

Мудрец е оној што го покрива трнливиот пат со рози.
Рјуносуке Акутагава

Мултикултурализмот е легло од прекрасни рози во кое има некои боцки, па само треба да внимаваме да не се избоцкаме или да се избоцкаме меѓусебно.
Рувен Ривлин

На Бога му додеваат големи кралства, мал цвет никогаш.
Рабиндранат Тагоре

На бумбарите секогаш им требаат цвеќиња. Но, на цвеќињата им требаат и бумбари за да преживеат.
Сузана Тамаро

Навистина, во почвата на човечката природа остануваат расфрлани разни семиња на доброто, добрината, на генијалноста, кои негувани, возбудени и оживеани од добрата култура навистина, според општо искуство, фрлаат многу прекрасни цвеќиња и даваат многу плодови пријатно на добродетелта и добрината.
Исак Бароу

Надежта во нејзиниот глас ме натера да се сетам на цвет што расте во сенка.
Џин Вулф

Надежта е единствената пчела која прави мед без цвеќе.
Роберт Ингерсол

Надежта е таква зараза, таа цвета со светол, дрзок цвет на магарешки трн, упорно пробивајќи си пат низ трњето на знаењето и здравиот разум.
Глорија Му

Најмногу ги сакам розите. Но, тие цветаат и во сите четири сезони. Се чудам дали луѓето кои сакаат рози треба да умрат одново четири пати.
Даѕаи Осаму

Најубавите рози секогаш први паѓаат.
Анита Амиррезвани

Најубавите цвеќиња се оние што растат во темнина.
Бентли Литл

Наместо да се јадосувам оти розата има шипинки, јас се радувам на тоа што среде шипинките расте и роза.
Жозеф Жубер

Нашите души не можат да бидат принудени да растат, но како цвеќињата, нашето духовно Јас може да биде негувано додека не цутат и процветуваат.
Џејмс Ван Праг

На крајот на краиштата, претполагам дека полагаме цвеќе на гроб затоа што не можеме да се положиме над него.
Крис Клив

На крајот на краиштата жените се цвеќиња.
Артур Конан Дојл

На ливадата избувнаа црвени рани од цвеќиња.
Марек Крајевски

Не вреди да се жалите на тешкотиите, вашиот пат не е секогаш посипан со рози.
Лионел Меси

Не дозволувајте високите плевели да фрлаат сенка врз убавите цвеќиња во вашата градина.
Стив Мараболи

Не дозволувајте стравот од трн да ве оддалечи од розата.
Граучо Маркс

Не е ли зрак светлина што продира во темна зандана или жален цвет што никнал меѓу камења покрај разурнат ѕид знак на живот што му носи надеж и утеха на човекот?
Решат Нури

Не заборавај да го избереш момчето кое ќе ти направи градина, а нема само да ти донесе цвеќиња.
Елена Армас

Не ми носете цвеќе кога ќе умрам. Ако ви се допаѓам, подарете ми ги сега.
Брајан Хауард Клоф

Не мисли. Помирисај ги цвеќињата.
Елин Хилдебранд

Не поминувајте покрај роза без да престанете да ја помирисате. Тоа е подарок што можеби не е секогаш таму.
Мери Пирсон

Не сум во состојба правилно да сакам ни цвет.
Даѕаи Осаму

Не учам други јазици за да го одучам својот јазик, само шетам низ градини на други луѓе за да земам цвеќе за мојот јазик.
Јохан Готфрид Хердер

Неговата љубов кон неа беше толку голема, што можеше лесно да го помести капакот на ковчегот, ако цвеќињата што таа ги положи врз неговиот ковчег не беа толку тешки.
Пол Селан

Неговите голи тела и неговите рози им ја објавија на луѓето од овој век, веќе длабоко во нивната задача да уништуваат, стабилноста на вечната рамнотежа на природата.
Жан Реноар

Нека цути градината на нашето срце на будењето со стотици цвеќиња.
Тик Нахат Хан

Некој ден ќе добиеш цвет. Може да е малку исушен по рабовите, но ќе значи истото.
Ким Лигет

Нема да влезеш во градината? Би сакал моите рози да те видат.
Ричард Шеридан

Нема ништо што букет цвеќе не може да го поправи.
Сара Џио

Нема понерадосна слика од глетката на безмилосно исфрлени цвеќиња на купчиња компост.
Какуѕо Окакура

Нема рози без трње, но има трње без рози.
Теофил Готје

Неподвижноста и молчењето не значат неактивност. Еден цвет го исполнува просторот со мирис, свеќа со светлина. Тие не прават ништо, но можат да променат сè со своето присуство.
Нисаргадата Махараџ

Неубаво би било да очекуваме дека едно и исто дрво едновремено да дава цвеќе и плодови.
Вилхелм Винделбанд

Нивниот стар живот сега му се чинеше далечен и оддалечен, како сон на кој не можеше да се сети. Јарко зелената трева, розите, куќата на широката улица недалеку од морето-тоа беше друг пат, различна година.
Џули Оцука

Никогаш не се лекувајте кај лекар во чија ординација цвеќињата се исушени.
Мајкл Роуботон

Никогаш не сум сметал дека ѕвездите се потаинствени и имаат повеќе магија од цвеќињата.
Пол Андерсон

Никогаш нема да заборавам како изгледаат запалените рози. Сите тие темноцрвени латици се вжештени и бесни. Како последните зраци на сонцето пред затемнувањето да го проголта од небото.
Рошани Чокши

Никогаш нема да можете да ја видите оваа ѕвезда како што ја видов јас. Не разбираш: таа е како срцето на бездушен цвет.
Андре Бретон

Ништо во природниот свет не покажува дали едно растение е дефинитивно цвет или плевел.
Лиза Фелдман Барет

Но, дури и од трн понекогаш пораснува цвет. И понекогаш најубавиот цвет има отров во срцето.
Синда Вилијамс Чаима

Но ти цветаш со добрина како роза.
Силвејн Рејнард

Но, цветот никогаш не е само цвет.
Ким Лигет

Ноздрите пулсираат со сопствен ритам, така што дење и ноќе се отвораат и затвораат како цвеќе.
Џејмс Нестор

Одете по патеките и вдишувајте ја аромата. Розите мирисаат посилно кога сонцето грее, но во ден како денешниот ве чека задоволство.
Жил Легардиние

Од еден цвет не можеш да направиш венец.
Џорџ Херберт

Од љубовта цвеќињата умираат.
Федерико Гарсија Лорка

Од мали семиња растат страотни цвеќиња.
Џеси Бартон

Она што е посеано во рана пред повторно да се затвори, дава заробен цвет кој никогаш не умира.
Тимоти де Фомбел

Оние кои веруваат дека цвеќињата растат во вазни не разбираат ништо од литературата.
Антонио Итурбе

О, мистериозен свет…Станав подобар затоа што ја разбрав и ја засакав твојата човечка душа-цвет што престанал да цути и чиј мирис веќе никој нема да го дише.
Пол Гоген

Оптимистот ја гледа розата, а не нејзиното трње; песимистот се ѕвери во трњето, без да обрнува внимание на розата.
Калил Џибран

Останете во светот, дејствувајте во светот, правете сè што е неопходно, и сепак останете трансцендентни, настрана, издвоени, лотосов цвет во езерото.
Ошо

Откинете цвет на Земјата и ќе ја преместите најдалечната ѕвезда.
Пол Дирак

Пазете се од мажи кои носат цвеќиња.
Мјуриел Спарк

Пазете се од оние кои личат на роза затоа што дури и розите имаат трње.
Џин Сасон

Паметните луѓе се како миризливи цвеќиња; едно е пријатно, но од цел букет имаш главоболка.
Бертолд Ауербах

Пластичната роза е како ноќна светилка која си претставува дека е сонце.
Валери Перин

Плачи. Нашите срца, како цвеќињата, имаат потреба од влага за да не се исушат.
Лори Нелсон Шпилман

Плевел-тоа е цвет што никој не го сака.
Ела Вилер Вилкокс

Плевелот е цвет што израснал не наместо.
Сесилија Ахерн

Плодот на таквите медитации доаѓа во форма на кратки проблесоци на убавината на душата слични на цвеќиња.
Пол Брунтон

Повеќето жени се цвеќиња-цвеќиња и десерти, љубов и стимул, страст и слава.
Зелда Фицџералд

Погледнете ги розите надвор од прозорецот. Откинете ги сега, пред дахот на зимата да им ја расипе убавината и свежината.
Наталија Солнцева

Помните ли дека зборовите може да се искористат како нож или да се претворат во цвеќиња?
Елија Барсело

Понекогаш и пустинските цвеќиња расцутуваат, но премногу ретко и прекратко.
Гај Гавриел Кај

Портрет без име е како цвет без мирис.
Хавиер Сиера

По бескрајните зими и исцрпувачките суши, знам дека во мене никнаа никулци од идни цвеќиња, кои со текот на времето можат да дадат плод.
Алберто Мендез

По љубовта, цвеќињата се најдобрата реклама на планетата Земја.
Мет Хејг

Првиот што ги споредил образите на млада девојка со роза веројатно бил поет, првиот што го повторил веројатно бил идиот.
Салвадор Дали

Прекрасните цвеќиња се насмевки на Божјата добрина.
Вилијам Вилберфорс

Претставете си цвет: има убав врв-латици, тоа што е измислено подоцна, и има корен-вистината. Што навистина се случи.
Алис Бродвеј

Признаеност-тоа е цвет што најдобро расте на гробовите.
Роберт Лембке

Пријателите се цветните леи на нашиот живот. Ако сакате убави цвеќиња, треба да ги потсечете растенијата и да ја оплодите почвата.
Лори Нелсон Шпилман

Пријателите се цвеќиња во градината на животот.
Какуѕо Окакура

Пријателството, како љубовта, е како роза со раскошни цвеќиња, опоен мирис, но и бодликави шипинки.
Висарион Белински

Пријатно е да им се восхитуваме на цвеќињата, но дишењето само на нивниот мирис е штетно и опасно.
Хенрик Сјенкјевич

Пробудениот интерес за цвеќиња е знак за претстојна старост.
Гао Ксинџјан

Протестот е највредниот цвет на сиромаштијата.
Карсон Мекалерс

Протегнувајќи рака нагоре, за да достигне до ѕвездите, премногу често човек ги заборава цвеќињата пред своите нозе.
Џереми Бентам

Раѓањето на детето е како вазна со убави цвеќиња. Но, таа вазна сте вие ​​самите, и тоа за многу кратко време. Цвеќињата се многу убави, тие не ѝ припаѓаат на вазната, туку на самите себеси.
Жулиет Бинош

Решив дека ако можам да го насликам овој цвет во огромни размери, не би можеле да ја игнорирате неговата убавина.
Џорџија О’Киф

Розата што човек ја држи во рака и розата што тој си ја замислува мирисаат еднакво.
Владимир Чеповој

Розата нема да стане поубава ако насилно ја отвориш пупката, сè ќе се случи само по себе. Нема ништо посебно да се направи за тоа-ако има доволно вода и светлина, таа  ќе се отвори во вистинско време.
Људмила Петрановска

Сакам да ме потсетат дека убавината може да дојде речиси од ништо. За мене тоа е целата смисла на цветовите.
Енџи Томас

Сакам тој да види цвеќиња во моите очи и да ги чуе песните во моите раце.
Франческа Лија Блок

Сакаме да веруваме во нешто убаво толку многу, колку што е доволно да нè уништи кога ќе сфатиме дека огнот на пеколот пука под сите убави цвеќиња.
Никол Сноу

Сакаш небото да ја бакне земјата бесшумно, сега треба да ја сонува во блесокот на цвеќето.
Јозеф фон Ајхендорф

Само таму ќе цутат прекрасни рози, момче мое, каде што ќе го исечеш сиот плевел!
Френсис Барнет

Сега, како возрасен, моите надежи за иднината беа едноставни: сакав да бидам сама и опкружена со цвеќиња. На крајот се чинеше дека можеби ќе го добијам токму она што го сакав.
Ванеса Дифенбо

Сврти го лицето кон сонцето, како што знаат цвеќињата.
Денг Минг-Дао

Се разбира, децата се цвеќиња на животот. Несреќата е што тоа се цвеќиња, а плодовите се за напред.
Дон Аминадо

Сè додека има цвеќиња и деца и птици во светот, не плашете се: сè ќе биде добро.
Никос Казанѕакис

Секогаш има некој со поскапан живот од твојот. Тоа не ги претвора нештата во вашиот живот во рози.
Ел Кенеди

Секогаш имајте нова книга во библиотеката, полно буре во визбата, свежо цвеќе во градината.
Епикур

Секој сака убава роза, убава ноќ, добар пријател. Важно е да умееш да ја сакаш розата со нејзиното трње, ноќта со нејзината таинственост, пријателот заедно со неговите проблеми.
Шамс Табризи

Секој камен, секоја тревка, секое цвеќе, секоја капина, секое животно расте, живее, дејствува и чувствува само по „сопствена желба“, и ете во тоа се состои основата дека светот е добар, богат и прекрасен.
Херман Хесе

Секој од нас, патувајќи низ шумата на животот со карта в рака, избира цвеќиња, печурки, плодови со кои ќе ја наполни плетената корпа на својата душа.
Олег Рој

Секој човек може да личи на некој цвет.
Магда Сабо

Секоја држава треба да изгледа како градинар кој се грижи за сите цвеќиња-дури ни за не многу модерните во сезоната.
Јулијан Семјонов

Секој цвет е таен јазик. Кога носам комбинација од цвеќиња заедно, тоа е како да пишувам свој таен код што никој друг не може да го разбере, освен ако не го знае мојот јазик.
Холи Рингленд

Семоќниот Бог најнапред создал градина.
Френсис Бекон

Сите рози од моето царство се црвени. Нема потреба од боја.
Ишбел Биј

Сите јужни народи ги сакаат сенката, цвеќињата и птиците.
Густав Емар

Скромно, чесно, незнаењето е едно од најубавите цвеќиња на човечкиот дух.
Кенет Боулдинг

Смирението е чуден цвет; најдобро расте преку зима и при бури на страдание.
Семјуел Радерфорд

Снеговите и розите од вчерашниот ден исчезнале; и што е љубов, освен роза што бледнее?
Едгар Ли Мастерс

Со кинењето на латиците никогаш нема да ја разберете убавината на розата.
Ентони де Мело

Соберете ја розата на љубовта додека има уште време.
Едмунд Спенсер

Соблечената жена личи на расцутен цвет.
Јуриј Полјаков

Спомените не се пожолтени букви, не се старост, не се исушени цвеќиња и мошти, туку жив, треперлив, свет полн со поезија.
Константин Паустовски

Справедливоста е како некој неприроден хибриден цвет што вие луѓето сте го одгледале. Нема да живее долго, ако не го чувате заштитено и топло.
Адријан Чајковски

Старите кипариси и младите рози ги обединија горчината и сладоста на нивните мириси во морскиот воздух.
Анри Рение

Суштествуваат убави цвеќиња кои растат само во мочуриштето, тие умираат кога мочуриштето ќе пресуши.
Анджеј Вајда

Та не е ли магија, Алис? Цвеќињата зборуваат од името на луѓето кога зборовите не успеваат, на секој можен начин.
Холи Рингленд

Таа беше како скршен цвет кој бледнее преминувајќи од рака на рака.
Сара Вотерс

Таа немаше потреба од туѓа љубов кога имаше рози.
Холи Пејн

Таа се смее како цвет.
Јасунари Кавабата

Таа влезе во животите на непознати луѓе, како во нејзината градина, каде што ги одрежувала свенатите цвеќиња.
Патрик Вајт

Темните облаци се претвораат во небесни цвеќиња кога светлината ги бакнува.
Рабиндранат Тагоре

Тие можат да го земат цвеќето од нас, но пролетта никогаш.
Едуардо Галеано

Ти нè надминуваш сите нас. Ти си како жива роза меѓу восочни цветови. Нашето постоење може и ќе продолжи вечно; но цветот ти е посветол и мирисот ти е помиризлив, и твоето трње ранува до крв.
Маргарет Роџерсон

Ти ги сакаш цвеќињата и ги корнеш; сакаш животни и го јадеш нивното месо, велиш дека ме сакаш,-јас се плашам од тебе.
Тонино Гуера

Ти си цвет, не дозволувај никому да те гази.
Мелиса Панарело

Тоа беше нашиот убав заеднички живот, неверојатни одмори и големи гестови и свежо исечено цвеќе во рачно изработени вазни кои нè држеа заедно толку долго.
Емили Хенри

Тој не беше грд, но ако откорнеше цвет бев прилично сигурен дека ќе умре во неговата рака.
Рута Сепетис

Тој се вљуби во своите цвеќиња, а не во своите корени и преку есента не знаеше што да прави.
Алис Келен

Тој се восхитуваше на цвеќињата, садеше бамбус, пиеше вино и читаше поезија-накратко, водеше живот на праведен човек.
Цао Сјуецин

Тој ја чуваше како градинар кој штити редок цвет од секој здив на ветрот и ја опкружуваше со сè што можеше да ѝ донесе радост на нејзината нежна душа.
Мери Шели

Убав букет или долготрајно цветно растение е традиционален подарок за жените, но јас им препорачав и на мажите и на жените да чуваат свежо цвеќе дома поради нивната убавина, мирис и нивното кревање на нашето расположение.
Ендрју Вејл

Убавината и љубовта не се вечни. Убавината е мирис на рози, а розите венеат.
Френсис Скот Фицџералд

Уметност-тоа се цвеќиња на живата природа.
Франц Грилпарцер

Учењето е само еден од латиците на овој цвет, кој се нарекува образование во најширока смисла на овој концепт.
Василиј Сухомлински

Фустаните се неопходни за среќата на жената, како цвеќињата во пролет.
Михаил Јурјевич Лермонтов

Цветот на макот-цвет на вечен сон, дрога за ранетата душа, спомен на паднатиот војник.
Јан Моран

Цветовите зборуваат наместо луѓето кога недостигаат зборови.
Холи Рингленд

Цветовите и девојчињата не секогаш ги пренесуваат своите корени на нова почва.
Теодор Драјзер

Цветовите можат да нè научат многу, особено кога се невидливи, како оние што се кријат во земјата.
Џулијан Меклин

Цветовите се еден од оние дарови на природата кои или ни даваат задоволство или предизвикуваат алергии.
Најо Марш

Цветовите се прекрасни додека не овенат.
Даѕаи Осаму

Цветот со тага ги губи латиците, но наместо нив со радост очекува плод.
Рабиндранат Тагоре

Цветот, откако ги испуштил своите латици, нема да цвета повторно. Човекот што доаѓа на овој свет неизбежно оди во смрт.
Вади Ратнер

Цвеќиња-многу жени велат дека не ги сакаат. Но, секоја жена е среќна кога ги добива.
Ема Чејс

Цвеќиња-тоа се мисли на природата за љубовта.
Бетина фон Арним

Цвеќињата имаат свој сопствен јазик. Сметам дека тие се поизразени од зборовите.
Татјана де Роне

Цвеќињата се слободна убавина во природата.
Имануел Кант

Цвеќињата се слаби. И простодушни.
Антоан де Сент Егзипери

Цвеќињата чекаат да те сретнат.
Холи Рингленд

Целта на кроењето е да се подобри квалитетот на розите, а не да се повреди грмушката.
Флоранс Литауер

Цутењето на цветот според мене не е чудо. Тоа е нешто што можеме да го разбереме врз основа на молекуларната биологија.
Френсис Колинс

Ќе се втурнам како што си е-со стара брусилка, гумени чизми, без клуч од апартманот, но со букет жолти цвеќиња.
Јоана Хмелевска

Што значи трпение? Тоа значи да погледнете во трнот и да ја видите розата, да погледнете во ноќта и да ја видите зората.
Елиф Шафак