Потребно време за читање: 8 минути

142. Воспитание

Воспитанието е клучно за цивилизацискиот напредок на човекот. Без него се губи смислата на самото постоење во негово време. Тоа се темели најнапред на одгледување, негување, растење на родот и потомството, а потоа на генерации кои подготвени, учени и со насобрано искуство треба да ги живеат и продолжат вредностите на животот. Да ги живеат едновремено надградувајќи ги и создавајќи нови-свои.

Секако најважно од сè  е дека човек може да воспита човек само ако е воспитан како човек.

Македонски народни пословици и изреки

Галените деца се качуаат на трпеза.

Галеното дете е како магарешко прле.

Децата на татка си ја ќе му ја отворат куќата, ја ќе му ја затворат.

Сама си расипа децата.
    Бидејќи мајката развратена, и децата се развратиле.

Галената жена не преди со урка.

Ако биди мажот пијаница, тешко на негоите деца и на негоата домаќинка.

Гален поп и в црква карат.

Пословици и изреки од народи на светот

Кога ќотекот некого би можел да го научи на ум, воловите би биле најумни. (Мадагаскарска)

Невоспитанието е излечива болест, глупоста безнадежна. (Руска)

Детето многу милувано, никогаш добро воспитувано. (Српска)

Доброто воспитание е најголемо добро што можеме да им го оставиме на децата. (Индиска)

Што не си објаснил со зборови, нема ни со стап. (Татарска)

Подобро е да го расплаче синот, одошто потоа поради него сам да плаче. (Ерменска)

Дај ми го детето првите седум години, а потоа прави со него што сакаш. (Англиска)

Кога родителите од детето ќе создадат добар човек, тоа е исто како кога овошката ќе роди среде село. (Еврејска)

Латински изреки

Во начинот благо, во суштината непопустливо.

Кој добро сака, добро и казнува.

Кога одговорот е благ, жестокиот гнев се стишува.

Кој не поправа момче кое греши, го мрази.

Ако си учител на деца или можеби татко, биди им учител со владеењето и со животот.

Домисла, гесло, мисла водилка

Кој жали стап, го мрази синот свој, а кој го љуби, го кара.
Библија

Благиот одговор ја ублажува јароста, а наглиот збор ја зголемува срдбата.
Библија

Две нешта се најтешки на светот: добро да се воспитува дете и да се управува со државата.
Анонимус

Добро воспитуван човек е оној што умее да го поднесува оној што тоа не е.
Анонимус

Благоста е еден од најсуптилните знаци на отмен и благороден човек.
Анонимус

Рекле, издумале

Доброто воспитание е способност да го сокриеш своето превисоко мислење за себе, а прениско за својот соговорник.
Марк Твен

Човечноста е значајно чувство; само образованието го развива и зајакнува.
Клод Адријан Хелвециј

Почесто добрите луѓе се такви благодарение на воспитанието, отколку по природа.
Критиј

Тајната на успешното воспитание лежи во почитувањето на ученикот.
Ралф Валдо Емерсон

Ако сакаме да знаеме како треба правилно да се одгледуваат деца, мораме да ги прашаме оние што ги немаат.
Ричард Хуго

Целта на воспитувањето е формирање карактер.
Херберт Спенсер

Човечката природа израснува или во билка или во плевел; затоа треба навреме да се залева билката, а плевелот да се корне.
Френсис Бекон

Не се сите деца еднакви; на едни им се потребни узди, а на други мамузи.
Цицерон

Ако не тепаш со зборови, нема да тепаш ни со стап.
Сократ

Ние попрво треба да подучуваме, одошто да забрануваме.
Сократ

Наша најважна цел во животот треба да биде возвишување на душата. Со други зборови, напредок на нашите духови и моралните моќи.
Сократ

Кога ќе излаже дете, не му кажувајте дека е лажго, инаку брзо ќе го изгуби своето достоинство. Така е и со возрасните.
Герхард Рихтер

Секое семејство се одликува со својствен живот и животни услови, секое семејство е должно самостојно да ги решава педагошките задачи.
Антон Макаренко

Кога самите родители би биле воспитувани, тогаш би можеле да се раѓаат воспитани деца.
Јохан Волфганг Гете

Дури кога ќе видите какви ви се внуците, можете да процените дали добро сте ги одгледувале своите деца.
Ерих Марија Ремарк

Темел на секоја држава е одгледување на млади.
Диоген

Од големите зборови со кои се служат луѓето, зборот воспитување е од најголем домет.
Ханс Кристијан Андерсен

И самата добродетел навредува кога е придружена со лошо однесување.
Џон Милтон

Доброто воспитување се состои во сокривањето колку многу мислиме за себе, а колку малку за други.
Марк Твен

Ни најдоброто воспитување на светот не нè заштитува од лоши нагони.
Андре Жид

Со блага молба се победуваат тврди срца.
Албиј Тибул

Голема пофалба е ако човекот му е благ на човек.
Луциј Анеј Сенека

Без престан победува оној што се служи со благост.
Публилиј Сириј

Она најдоброто не доаѓа само-доаѓа во друштво на сè.
Вилијам Шекспир

Секоја крајност е родена сестра на ограниченоста.
Висарион Белински

Во бракот многу е важно мажот и жената да имаат исто воспитание. Имено воспитание, а не потекло.
Агата Кристи

Контролирањето на воспитувањето е поврзано со пониско ниво на внатрешна мотивација, помалку успешно совладување на моралните вредности.
Алфи Кон

Треба да се размисли за воспитанието пред да се зачне дете.
Анатолиј Протопопов

Да се ​​почитува детето значи пред сè да се почитува неговиот избор.
Андреј Максимов

Во добрите семејства никогаш нема казни, а тоа е правилниот пат за семејно воспитување.
Антон Макаренко

Човекот е исклучително издржлив: може да се направи непоправлива штета поради многу лошо воспитување.
Артур Кларк

Главната заповед во образованието е отсуството на какви било команди. Неопходно е да се едуцираат не само децата, туку и нивните роднини.
Бенџамин Спок

Лошо е воспитан оној што не го поднесува лошото воспитание на другите.
Бенџамин Френклин

Целта на постоењето е едукација на волјата. И смислата на животот е да научиш да ги сакаш вистинските работи.
Брендон Мул

Воспитувањето на детето е пред сè воспитување на самиот себе.
Валериј Синелников

Ако образованието му дава на човекот ерудиција, воспитувањето создава интелигентна и активна личност.
Владимир Бехтерев

Најголемата грешка, која обично се допушта во воспитанието, е тоа што младите не се учат на самоанализа.
Готолд Лесинг

Според моите согледувања, доброто воспитување силно го усложнува животот на оној што го има.
Дарија Донцова

Влијанието на опкружувањето врз детето е главниот фактор на воспитувањето.
Дејвид Херберт Лоренс

Скромноста е добродетел само кога е природна: ако е изиграна или предизвикана од строго воспитување, тоа е просто лицемерие.
Џакомо Казанова

Човекот останува личност без разлика на потеклото, воспитувањето или титулите.
Џејсм Клавел

Многу мажи кои не се занимаваат со воспитување деца не ни сфаќаат од какви радости се лишуваат.
Џон Греј

До женидбата имав шест теории за образованието на децата, а сега имам шест деца и ниту една теорија.
Џон Вилмот

На пример, убеден сум дека вистинското воспитание се случува првенствено дома, во вашето семејство, во заемните односи со семејството.
Дмитриј Лихачов

Нацијата го гарантира воспитувањето, образованието и удобното поддржување на секој граѓанин од лулка до гроб.
Едвард Белами

Карактерот е сложена меѓусебна поврзаност на многу елементи предизвикани од гените, изгледот, воспитувањето, социјалниот статус, начинот на размислување, односот кон светот и разни други фактори.
Елдар Рјазанов

Понекогаш љубопитноста е посилна од разумот и воспитанието.
Елизабет Адлер

Целиот процес на воспитување на детето ние го разгледуваме како учење за тоа какви игри треба да игра и како да игра.
Ерик Берн

Најголемата услуга што може да ѝ се направи на една земја се состои не во издигањето големи згради, туку во образованието на големи и добри граѓани.
Епиктет

На гозба не зборувај како треба да се јаде, туку јади како што прилега.
Епиктет

Човек докажува дека е добро воспитан кога тоа ќе остане и во друштво на невоспитани.
Анатол Франс

Целта на родителството е да ги научите вашите деца да бидат задоволни без вас.
Ернест Легуве

Се обидувам да ви ги вратам мозоците што ви ги зеле во училиште и при воспитувањето. Се обидувам да ви покажам како функционира светот.
Жан Фреско

Кај детето нема тврди точки. Има само резултат од воспитание.
Жан-Кристов Гранже

Големата тајна на усовршување на човештвото лежи во воспитувањето.
Имануел Кант

Воспитанието и само воспитанието е целта на училиштето.
Јохан Песталоци

Моралното воспитание треба да ја развива волјата.
Јохан Фридрих Херберт

Падот на воспитанието би бил пад на човекот.
Карл Јаспер

Луѓето не се раѓаат зли или добри. Веројатно има првични наклонетости, но сè зависи од воспитувањето и начинот на живот.
Касандра Клер

Строгото воспитување на децата е целосна глупост. Порано или подоцна тие просто ќе се побунат и ќе ги мразат своите родители.
Кејт Винслет

Важната улога на образованието на Човекот во човекот ѝ припаѓа на литературата. Не помалку важен е и процесот на сознавање.
Клифорд Сајмак

Секој човек е плод на воспитувањето, но негов главен воспитувач е тој самиот.
Људмила Улицка

Доброто воспитание има и свои лоши страни, особено кога станува збор за кариера во театарскиот свет.
Марлен Дитрих

Оптимизмот сам по себе нема да ги замени доброто воспитание, придржувањето на моралните вредности, целноста, чувството за справедливост.
Мартин Селигман

Суштината на воспитанието е да ја спречиме природата во себе, да дејствуваме спротивно на нагоните.
Маја Лунде

Ако културата е она што останува кога сè останато е заборавено, тогаш воспитанието останува кога сè друго е загубено.
Надин де Ротшилд

Единственото нешто што ми се допаѓа кај богатите луѓе се нивните пари. Вистинското воспитание треба да го трансформира нештото „его“ во нешто извонредно-на пример, егоизам што нè поврзува со целото човештво.
Ненси Астор

Од синот небесен до обичните луѓе, сите се должни да го почитуваат воспитанието на личноста кое е коренот на сè друго.
Нил Стивенсон

Ние инсистираме дека воспитанието треба да го направи човекот морален не со навики, туку со свест и убедување.
Николај Доброљубов

Знак за добро воспитување е способноста на детето одвреме-навреме свесно да се спротивставува на родителската волја.
Памела Дракерман

Сосема е јасно дека убавината навистина зависи од културата и воспитанието на човекот за одредени видови убавина, слики, литература, поезија и така натаму.
Пол Дирак

Сите ние сме продукти и жртви на сопственото воспитание додека не расудуваме, одбиваме и не се бунтуваме.
Рави Хаџ

Ако бабите и дедовците сметаат дека е неопходно да се мешаат во воспитувањето на своите внуци, тоа само покажува дека тие не се многу успешни во воспитувањето на нивните деца.
Роберт Лембке

За да стекнете совест, имате нужда од одредено воспитание.
Рјуносуке Акутагава

Во современите училишта и колеџи моралното и духовното образование сосема отсуствува. Завршените учебни потврди се лишени од добродетелства.
Свами Шивананда Сарасвати

Во семејствата со двајца родители од средната класа воспитувањето на децата во целина е значително подобро.
Сет Исак Стивенс-Давидовиц

Само воспитан може да се научи да ги воспитува другите.
Стив Бидулф

Военото воспитание влева смелост со помош на страв.
Тадеуш Котарбински

Доброто родителство изискува три елементи: воспитание, определување на граници и насоки.
Теренс Рил

Во основата на воспитувањето на децата се развива нивната способност да се чудат.
Торнтон Вајлдер

 Скромноста е знак на лошо воспитание, од кое надежно ме заштитува моето педигре.
 Вилијам Сомерсет Мом

Нашата емотивна карта е поставена главно во врска со нашето најрано воспитание во првите неколку години од животот.
Филип Пери

Се покажува дека природата и воспитанието се меѓусебно поврзани.
Френки Шефер

Понекогаш спориме најмногу со луѓето кои ги сакаме најмногу. Наследност или воспитание, нема значење. Конечно пак за сè се виновни родителите.
Франсоа Лелорд

Природата секогаш го надминува воспитанието.
Харлан Коубен

Има луѓе-луѓе и има животни. И не можете да ги обвинувате. А надежта за итно превоспитување дури не е ни глупава, туку криминална.
Јулијан Семјонов

Дојдов до заклучок дека природата го прави мажот маж, а воспитанието прави џентлмен во кој ако ако има малку тестостерон ќе треба да стане маж во вашата заедница.
Јулија Рубљова

Пред да го воспитува детето, родителот треба да се замисли за воспитанието на самиот себеси.
Јулија Хипенрајтер

Не знам дали воспитанието може да направи човек од животно, но верувам дека од човек може да направи животно.
Јуриј Тињанов

За воспитувач мора човек да биде роден, како и за уметник.
Карл Вебер

Подоцна ќе биде доцна.
Џорџ Орвел

А сега ви наредувам да ме напуштите и да се најдете себеси.
Фридрих Вилхелм Ниче (на своите ученици)

Секој човек треба да се воспитува себеси до последниот ден.
Масимо Д`Азеглио

Правилното воспитување се состои во тоа да се извлече од секој она што е најдобро.
Махатма Ганди

Тепајте ги своите деца штом ќе забележите дека почнуваат да личат на вас.
Душко Радовиќ

Не ги воспитувајте децата ако не умеете. Подобро е да се биде невоспитан, одошто лошо воспитан.
Душко Радовиќ

Полесно би ги воспитувале децата кога тие би имале уши, а не и очи.
Душко Радовиќ

Воспитувањето деца е работа во која мораме да знаеме како да го трошиме времето за да не го изгубиме.
Жан-Жак Русо

Растенијата добиваат одреден изглед преку обработка, а луѓето-со посредство на воспитувањето.
Жан-Жак Русо

Семејството, училиштето и општеството личат на палата: ако ѝ одземеш темелен камен, почнува сè да се урива.
Хелен Келер

Детето е невозможно правилно да се воспитува ако оние што го опкружуваат не се добро воспитани.
Роберт Овен

Благодарение на воспитанието во далечната иднина, несовршеното човештво ќе се престори во нова раса луѓе-тоа е толку моќно.
Роберт Овен

Постои само еден агол на вселената кој сигурно можете да го промените, а тоа сте вие самите. Менувајќи се себеси-ги менувате и другите.
Алдоус Хаксли

На сите деца им се потребни малку помош, малку надеж и некој што верува во нив.
Меџик Џонсон

Секое дете заслужува шампион-возрасно лице кое никогаш нема да дигне рака од нив, кое го разбира значењето на поврзаноста и инсистира на тоа детето да стане најдобра верзија на себеси.
Рита Ф. Пирсон

Најтешката работа со која децата се соочуваат денес е тоа што учат манири, а никаде не можат да ги видат.
Фред Астер

Родителите можат на децата само да им даваат добри совети и да ги насочуваат на правиот пат, но финалното формирање на карактерот на некое лице лежи во неговите раце.
Ана Франк

Мислам дека сме зависни од она штго нè учат татковците во чудни моменти, кога всушност не се обидуваат да нè учат на нешто. Нас нè формираат мали делчиња на мудроста.
Умберто Еко

Нека лудориите на татко ти бидат опомена, а не изговор за твои.
Џорџ Бернард Шо

Семејното воспитување најдобро се прифаќа од родителите. Тие немаат никаква друга причина да ги воспитуваат своите деца, освен да им помогнат да бидат колку може поспособни за решавање на животни проблеми.
Исидора Секулиќ

Голема грешка на воспитувачите е таа што тие никогаш доволно добро не се сеќаваат дека и самите биле деца.
Жак де Лакретел