Потребно време за читање: < 1 минута

191. Глас

Се слуша глас плачен од далек род.

192. Идно време

Отсега сè поблиска сончевина.

193. Тие

Уште пред нас туѓи сури лица.

194. Во вител

Ветриште смртно во круг на молк.

195. Спокојна мисла

Иде изгрејсонце по кошмари.