Потребно време за читање: < 1 минута

216. Старо дрво

 Меѓу луѓе старо дрво без срцевина.

217. Палави години

Играат години и небрежно се трошат.

218. Гола вистина

Излегла гола вистина пред лажен свет.

219. Светло во мрак

Оставил некој светло во мрак мрежен.

220. Кланци

Меѓу наши планини безброј кланци.