ЕДНОСТИ III, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 56-60

Потребно време за читање: < 1 минута

56. Откорнатик

Откорнатик во нова земја се вкоренил.

57. Ѕвезда

На ѕвездено небо ѕвезда ѕвездува.

58. Песосан

Песосан на пат кон светлина.

59. Јава

Создава јава само негова.

60. Загатка

Нема излез од сон со мртви.