Потребно време за читање: 3 минути

512. Можеш да си на власт, а да не го сакаш, дури да го мразиш својот народ само ако си изрод и дебело платен предавник. Или идиот.

513. Секој на своја страна, значи сè подалеку еден од друг. Кон мрачнината на заборавот.

514. На прав политичар секој збор му е наместо. За него не важи ни „Што сакаше да каже?“ ни „Извадено од контекст“.

515. Да се има на ум:
Ако има уставни измени под чиј било диктат, сите македонски партии ќе бидат мртви за македонскиот народ!

516. Се викам Човек.

517. Јас уште постојам? Може да, може не. Баш неважно.

518. Јас, поет со единствено поетско творештво на светот:
Струшките вечери на поезијата мене лично не ми значат ништо.

519. Сосем е неважно дали си песимист или оптимист! Кога Македонија и македонскиот народ се збришани, а во Северџганијава живеат Северномакедонци и „делови од народи“.

520. Движењето „Македон“ политичка партија? Нема потреба! Одбраната на македониумот не е политика, туку суштина на постоењето на Македонците.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 880-920

521. Во светот на книжевноста не вреди и нема никакво значење ни Нобеловата награда.

522. Единствена ми е радоста дека бев со вас некое време, роднини и пријатели.

523. Се обидоа да ме вратат кај што бев некогаш, но веќе беше предоцна.

524. До кога јас само на Интернет? До исчезнување.

525. За светот неизвесност денес, сè поголема утре:
Хибриден мир и хибридни војни.

526. ЕУ-бугарски окупаторско-асимилаторски наци-фашизам!
Геноцид врз македонскиот народ!!
Велепредавство!!!

527. Двојна непречена офанзива: бугаризација на македонскиот народ и албанизација на Македонија!

528. Знаете од кого имаат најголем уплав мафијашкиве политиканти и злосторници на власт? Од умни, опитни и учени политичари.

529. Се повампири европскиот наци-фашизам! Му фалат уште само геноцидни логори!

530. Кој е за членство во наци-фашистичка ЕУ, чија членка е Бугарија со декларирани асимилаторски аспирации спрема македонскиот народ?

531. Од бугарскиот диктат треба да се ослободат ЕУ и САД, а македонската опозиција јасно и непоколебливо да каже дека не прифаќа никаков ултиматум.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 294-340

532. Грандиозно дело на голем и мал човек со брилијантен ум.

533. Јас сум само јас и никој друг.

534. Не, не престанувам со создавање мислечки и книжевни дела. А ги објавувам само на Интернет.

535. Жално, но неминовно:
Поради односот спрема моето творештво, тоа сè повеќе (ќе) станува недостапно за друг.

536. Недоквакан политикант, а со натрупано богатство од негови ближни-лигуши, платеници и предавници.

537. Не сум со нив зашто не сум ни за нив ни по нив.

538. Напред можеме само со самосвесни и достоинствени. Какви што сме.

539. Ако не си на свој пат, не тргај по туѓ.

540. Партии властодржачки, политикантски, оросписки, платенички, мафијашки и предавнички.

541. Осаменоста не убива, ама знае да навали со неизлечива болештина.

542. Огнот на гневот тлее долго, а се распламтува секавично.

543. Неугаслива љубов таена од минлив живот.

544. Север значи страна, а северен/северна/северно нешто што се однесува на север. Никако не може да биде дел од сложено име на држава, етникум, нација. „Сложеното“ име на државава-„Северна Македонија“ не е никакво „мудро компромисно решение“, туку итроманска и асимилаторско-окупаторска будалаштина.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 1-29

545. Идентитетот и интегритетот на личноста се неприкосновени.

546. Доследен на себеси-клучно за личен опстанок во непостојан свет.

547. Се разбира, никој не може без никој и затоа секој секогаш е со некој или со некои.

548. Понекогаш рамнодушноста е единствена лична одбрана од навалица на премрежја.

549. Како да се најдеме негде кога нигде не се бараме?!

550. Осаменоста може не само да разболи, туку и да убие. Кога е бесцелна.

551. Творецот секогаш создава дело за еден човек.

552. Лидерот лаже, а оние што ги предводи му ракоплескаат!

553. Стоење во место само за воздив пред чекор напред.

554. Кула од карти прават коцкари и мафијаши на власт.

555. Несопирливо, без оглед на годините живот.

556. Јас и ти ќе постоиме вечно во наше време.