Потребно време за читање: 5 минути

676. Ај докрај:
Ниту јас постојам како мислечка и книжевна личност, ниту постои моето грандиозно мислечко и книжевно творештво. Ви олесна?

677. Зошто никако не реагирам на случувањата во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ)? Затоа што тоа не ме интересира!

678. Јас продолжувам да создавам мислечки и книжевни дела за во ветер и магла.

679. Сомнеж:
Отсега засега ништо во врска со мене не ме засега?! Може да е можно тоа?

680. Скоро време за престанок на творење?! Тоа е просто невозможно. До смрт.

681. Истовремено е најтешко и најлесно да си независен политичар.

682. Ни личниот интерес не е остварлив без заеднички.

683. Најтешки и најболни се разделбите со делби.

684. Не ме познаваш штом не ме препознаваш каков што сум.

685. Крајност:
Или сè или ништо. Ништо нешто малку или многу.

686. Те следам и ме следиш со доверба.

687. Нема држава со лични, себични, нечесни и слуги на туѓини на власт.

688. Започна Првата светска хибридна војна меѓу неоколонијалистичките нации и народи со и за свои држави! Во која загинати илјадници човечки животи ќе бидат само колатерална штета.

689. Страховладеат празноглави човечиња со умни, учени, опитни, чесни и доблесни личности!

690. Неминовно и несомнено пред мое конечно исчезнување:
Сè што создадов-за бришење или фрлање во заборав.

691. И без тебе можам кога морам да сум сам.

692. Думам и се думам.

693. Залуден е секој обид за ново со старо.

694. Јас сум ем голем ем мал за оној што не биол и не е свој на своето.

695. Безвредности те богатат затоа што вредностите не знаеш да ги препознаваш.

696. Ме нема, па ме има додека сум жив.

697. Малку за тебе, многу за нас.

698. Времето на љубовта во сите времиња.

699. Најпосле!
Моето грандиозно мислечко и книжевно творештво исто како да го нема! Отсега нека го има само за мене! Штго значи тоа? Тоа значи дека не дозволувам нивно издавање на ниедно мое дело во каков било формат сега, во иднина и по моето исчезнување. Впрочем, тоа и онака не значи ништо во македонската и светската литература.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 458-511

700. Конечно е поразен од минливоста на животот.

701. Престана да играш твоја игра? Значи, веќе не си свој.

702. Најмногу сам си виновен за она што ти се случи и ти се случува, но е многу полесно да обвинуваш други.

703. Он е и никој и ништо и никогаш.

704. Беден творец создал богато дело!

705. Нему најмногу му фали негово време за ново.

706. Имам доволно години за конечни одлуки.

707. Љубима, исчезнуваат нашите животи заедно со нас!

708. Ненародна власт страховладее со народ! Затоа што е натурена од туѓини за да го искраде и уништи.

709. Глупавите владеат, паметните живуркаат, богатите се богатат, а сиромашните секако ги убиваат.

710. Е, па нека ве крадат кога дозволувате да ве лажат и мамат. И уште им дозволувате да владеат со вас!

711. Толку е очигледно, што ни со молчење не може да се сокрие.

712. Неподнослива политикантска реа се шири од центарот. Веќе ни на периферијата нема спас од неа.

713. Омразата најпрвин го убива човекот во човекот, а потоа го ништи сиот жив свет околу него.

714. Јас не се издвојувам од другите, туку сум единствен и неповторлив. Со непризнаено, објавено и практично збришано грандиозно творештво-мислечки, поетски, прозни и сатирични дела!

715. И така, лека-полека мојата приказна завршува. Уште понекој збор од неа, па празнина, па тишина.

716. Тие знаат и што и како скоро, но се прават наудрени. Итромани политикантски, лигушки и мафијашки.

717. Стар бел дедо овци пасе снеможен и замолчен.

718. Последна претстава со кулминација, наместо расплет и крај.

719. Сонцето и да сака не може да нè огрее на запад.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 921-963

720. Немало, нема, ниту некогаш ќе има држава со наудрени властољупци на власт.

721. И јас почнав да зборувам со рамнодушен молк.

722. Јас мислител и книжевник? Бев и сум, а не сум зашто сум обичен старец кој живурка.

723. Мое е зашто не е, ниту може да биде туѓо.

724. Живееше до вчера денеска за утре.

725. Бидете спокојни, нема ни збор да кажам за вас.

726. Дојде, замина и се заборави дека беше.

727. Што оти ме познаваш кога не ме знаеш како со тебе?

728. Се памети што не е за во заборав.

729. Се гледа убава во свое огледало.

730. На дното:
Академик велепредавник!

731. Чесен и искрен-велик, моќен и доблесен.

732. Како против мафија на власт? Само војна или крвава пресметка!

733. Достоинство на мафијаш?! Тој е само измеќар и подлец!

734. САД, ЕУ и НАТО поддржуваат мафија на власт и соработуваат со неа?!

735. Македонија е банкротирана држава! Лесно согледливо.

736. Нас веќе ништо не може да нè изненади. Отрпнавме.

737. Може да се почне одново, но ако се почне макар во последно време.

738. Личната одговорност е најважна во сè, а особено во владеење со себе и со други.

739. Се виши човек со животворност до последен здив.

740. Соседи секакви и никакви. Може без нив, но се разбира дека така е многу потешко одошто со меѓусебна соработка.

741. Моите мислечки и книжевни дела ќе потраат на Интернет некое време. Потоа…

742. Те има негде ако имаш да платиш. На пример на Интернет.

743. Мора да се грижиш за нешто.

744. Кога не ти е важно времето, не се важни ни годините.

745. Колку си подалеку од љубов, толку си поблизу до смрт.

746. Кажано-мислено и докажано.

747. Ми чини задоволство пишувањето. Малу испишаното.

748. Најтешко му е на човек кој не може да си олесни сам, а ни со припомош на други.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 165-206

749. Само слепци ја гледаат стварноста низ розови очила.

750. Сакал ти-не сакал, не можеш да живееш во минатото. Тоа е коренско, дел од идентитетот и за паметење.

751. Без алтернатива само се умира.

752. Најсетне секој со себе и во себе.

753. Само интерес и добивка во безвреден живот.

754. Таа не знае ништо за мене зашто ѝ е така полесно без мене.

755. Видна, голема и единствена личност со непорекливо дело.

756. Единствен спас на држава од пропаст:
Чесни, доблесни и видни натпартиски личности на власт!

757. Народе, само стапови за мафијашиве на власт! Па сто удри-еден број! Друго чаре нема!

758. Отсекогаш-засекогаш:
Образованието и културата се неразделни.

759. Лошо и зло за тебе ничкосан наземи.

760. Нема да бидеш утре ако те има денес како да те немало вчера.

761. Секое богатство украдено од народот, народот мора сам да си го поврати.

762. Љубов неизмерна во срце што жизнерадосно чука.

763. Не може да се најде чесен меѓу апашишта! Таквиот тоа никако не си го дозволува.

764. Обессилен за никаде.

765. Во град живуркаш, се труеш и забрзано умираш, а  можеш да живееш на село здраво, спокојно, забавено и жизнерадосно!

766. Што со моето грандиозно творештво? Просто, со него сал јас, непризнаен а знаен, ќе отидам во неврат.

767. Ситна и некадарна душа-големец, а простак, а тапоумен.

768. Уште колку со тебе, време мое? Не многу, нели?

769. Творечкиот дух е по дифолт борбен.

770. По предолго молчење, најтешко е да почнеш да мислиш гласно.

771. Многу од мене, ништо за моите најблиски.

772. Не ни помислуваш на мене зашто ниту сум ти значел, ниту ти значам.

773. Да, ништо сосила. Но, што ако не може без сила?

774. Дибек на власт со негови измеќари си играат со оган.

775. И ако ништо од мене? Никому ништо!