Потребно време за читање: 2 минути

20. Јубилеи

Има мигови, часови, денови, месеци или години во кои се одбележува нешто од животот и творештвото на книжевникот, па и на обичниот смртник. На пример некој роденден, датум на издавање на важно дело, нешто исклучително, пресвртничко приклучение или, најчесто, заокружена годишнина. Во средини, општества и држави „убавите“ нешта дури се одбележуваат, се чествуваат, се празнуваат.

Но што се случува со важен миг, час, ден, месец или година на книжевник кој од една страна живее и твори во самост, далеку од очите на јавноста, без никаков „книжевен“ контакт со пријатели и блиски по перо, со негови почитувачи и следбеници, незаинтересиран за „класична“ објава на негови дела (во книжен формат); а од друга чие творештво е целосно маргинализирано, непризнаено, намерно, смислено премолчувано и премолчено? Што треба да се случува? Ништо?

Знам дека мојов пример е „вонсериски“, па токму затоа секако „заслужува“ да биде во белешка дел од вакво дело.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Јас искрено не знам дали на Македонија треба да ѝ значат нешто 50 ГОДИНИ КНИЖЕВНО ТВОРЕШТВО И 70 ГОДИНИ ЖИВОТ. Воопшто не се заморувам да дознам. Само обзнанувам токму толку ми се собрани. Имено, првата стихозбирка-„Куќа што молчи“ ја објавив во 1971. (со датум на објава јануари 1972.).

Да бидам искрен, само по себе ми се наметнува прашањето:

Дали оваа заокружена годишнина мене ми значи нешто?

Кога би ме прашал некој би му одговорил: „ Што знам…“.

Мислам дека е „интересно“ тоа што мојот половина век создавање е „натоварен“ со 70 создадени и објавени прозни, поетски, сатирични дела, повеќе од 12.000 афоризми и други јадровизми, како и недоброј новинарски текстови и радио проекти.

„Клучно“ прашање во овој контекст е:

Да ги одбележам некако? Како?

Немам никаква идеја, но едно знам:

Ја почнувам осмата деценија од животот и не е в ред јас олку стар сам да организирам нешто. Особено оти не знам, не сум учен за тоа.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here