Потребно време за читање: 2 минути

21. Нови книжевни видови или форми

Се разбира дека точно знам колку сум во она што сум го создал и го создавам, колкави се тоа лични дострели. Се разбира, почитувам и ми годат искази на пријатели на мојата творечка личност како „величина“, „великан“, „врвен мајстор на зборот“. А воопшто не обрнувам внимание на зломисленици, пакосници, всушност со чувство на инфериорност пред мене, со тежок товар на маргиналност и безличност.

Едноставно, во години сум во кои ми е најважно да дооформам колку може повеќе од започнатите и делата во создавање, едновремено да создавам и создадам уште понекое ново.

Меѓутоа, има нешто од мене кое сѐ уште не наидува на никаков одглас, на никаква реакција (воопшто не ме изненадува), а што не значи дека нема никакво значење. Напротив, убеден сум дека допрва ќе добијам заслужено признание во светски „размери“. Ништо помалку! (Мајтап на своја сметка?! Можеби…А зошто, пак, да не?!)

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Станува збор за новите книжевни видови односно форми кои ги воведов и во континуитет ги негувам. Најнапред, тоа се мудростите и другите јадровизми илио проблесоци во мислата (мои секојдневни), потоа двостишието, поетската студија и поетската инсталација (една веќе реализирана и објавена како книга).

(Патем: книжевниот вид или форма е категорија со која се означуваат дела со битни заеднички одлики, а се употребува за назначување на традиционалните, но и на нови како што се предговорот и поговорот кон печатени изданија, писмото; дури и блогот на Интернет и статусот на социјалните мрежи веќе се воведуваат-се третираат како книжевни форми).

Еве по два-три збора за сите нив од есеите што се приложени како воведи во првите оформени книги:

Проблесок е мигум. Исто како блесок-мисла, како блесок-идеја. Помеѓу нив најмногу промисли-домисли, согледби-стојалишта, а најмалку умности-премудрости. Не е скромност потенцирањето дека последниве се најмалку на број. Едноставно, невозможно е да се многу. Најмногу од нив промисли-домисли.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Поетска студија е поетско дело посветено на една тема, како единствено или „циклусно“, со сите елементи на студија (научна). Тоа е единствено, оригинално поетско дело, мошне комплексен поетски проект: „поетизирање“ на што било (предмет, појава, настан, состојба…) во што е можно повеќе димензии и просторно-временски детерминанти. Конкретно, „Генерика“ и „Создател во изгревот и залезот“ се моите најобемни поетски студии (не единствени), посветени на раѓањето, извишувањето, паѓањето и умирањето на Човекот, составени од 10 односно 12 одделни и самостојни, посветени на неговите „клучни чекори“.

Кај двостишието (дистихот означува само строфа составена од два стиха) метриката односно должината на стихот не е важна, но имаат значење цезурите. Стиховите се слободни (се внимава на интонацијата во нив), пред сè тонски, а може да бидат и силабични и силаботонски. Римата не е задолжителна. Од сè најважна е мислата-пораката. Таа треба да биде прецизна, јасна, недвосмислена и поетизирана.

Расказ-Ескиз е прозно дело кое претставува скица за расказ или подолга-поголема книжевна форма (новела, роман), која авторот или некој друг негов продолжувач допрва ќе го создаде/напише. Едновремено е и завршено дело со сите нужни правила-норми-елементи на кусиот расказ.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here