Потребно време за читање: < 1 минута

11. Ближните и творецот

Ништо не значат врските помеѓу ближните и творецот, без оглед колку се и какви се. Исто како што не значи ништо лично искусеното, доживеаното и преживеаното вградено во едно дело.

И јас имам ближни кои поим немаат што работам, што пишувам, што создавам. Не се трудат да прочитаат и разберат или не ги интересира. Тоа воопшто не ме погаѓа, го сметам за сосема нормално со кој било, во каков било однос.

Ништо не ми значи податок во биографија на творец за тоа кога и каде е роден, чија рожба е, кој го одгледал и израснал. Освен ако тие укажуваат на некакви причинско-последични траги односно влијанија врз неговото творештво.

Тоа го поврзувам со објавата и споделувањето. Имам напишано доста сентенции и куси есеистички белешки на таа тема, а сега само ќе нагласам: секогаш објавувам свое дело за еден, го споделувам со еден читател/воспримач; близок, приврзан, со исти или слични стојалишта; може и следбеник. Со секој еден и кога се малку и кога се многу такви на број.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

За моите ближни, и живи и умрени, само понекој збор и незаборав.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here