Потребно време за читање: < 1 минута

6. Исцрпувачки

Неретко се прашувам дали и колку творецот треба да издвои од своето време за занимавање со дневната политика, сеедно дали е ангажиран во неа непосредно или посредно. Особено кога најмногу од него му е творечко. Мислам на творецот, не на кој било, и на неговото време, а не на сето, сосе заедничкото и споделеното.

И секогаш имам само еден одговор: тоа зависи од големината, тежината и динамиката на творењето. Во таа смисла е од особено значење рамновесието помеѓу опкружувањето и самоста, здравјето и слободата на мислата.

Во ова драматично заедничко и споделено време мислам дека моето занимавање со дневната политика е безначајно, како безуспешен обид да се ослободам од гневот и горчината што таа ги таложи во мене. Само изразно, со куси статуси и коментари на социјалната мрежа Facebook и одвреме-навреме белешки и коментари на блогот „Поента“. Да, ми значи тоа што тие предизвикуваат големо внимание и реакции.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Моето време е сѐ уште творечко во најголема мера, одвреме-навреме исцрпувачко. За многумина дури непојмливо.

Секојдневно наспоредно создавам десетина дела.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here