Потребно време за читање: < 1 минута

10. Творечката игра

Ги користам, но никогаш не сум ги злоупотребил, ниту помислувам да ги злоупотребам спомените од детството во моите дела. Не оти сум имал детство не којзнае колку различно од на други. Сите меѓусебно се слични, а се разликуваат според бројноста на среќните и тажните мигови, според доживелиците и преживеалиците, како и според пресвртните времиња на растењето и созревањето. Нешто имам вградено во нив, најчесто како дел од светот во кој „се наоѓаат“, егзистираат и едновремено го создаваат. И тоа како премин помеѓу стварноста и заумноста во него.

Но има нешто во врска со моето творештво, особено со поетското, што е несомнено и од исклучително значење: детската игра во генерирачка смисла. Која било, каква било, што сум ја играл и ја играм сам или со друг, со други.

Имам напишано и објавено на Интернет поетска студија со наслов „Некогаш понекогаш игра“ посветена токму на играта. Со нагласка на играта на говорот како суштина на создавањето поезија. (Нејзина „основа“ е мојата втора стихзобирка „Некогаш игра“, објавена во 1973. година.)

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Токму на творечката игра ѝ придаваме особено значење јас, Милош Линдро и Данило Коцевски во поетскиот манифест „На чекор од говорот“. (Во неговото пишување/создавање учествуваше и Глигор Стојковски, но тој одби да го потпише при неговото објавување.)

Еве пасус од него:

„Песната некогаш (може и често) е игра и игра, но тоа „играње“ не како и никако како самоцел. И повеќе во (а не на) асоцијациите, во нашето залагање како варијации (повеќе, не една) во веќе поставена, новооткриена говорна релација“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here