Потребно време за читање: 3 минути

Ураганот е тропски циклон во Атлантскиот океан кај кој брзината на ветрот надминува 119 км/ч. Таквите бури кои настануваат на Пацификот се нарекуваат тајфуни, а во Индискиот океан циклони. Слични бури на американското копно се нарекуваат торнада.

Ураганот настанува со загревање на морето на западниот брег на Африка при температури над 27 степени Целзиусови, што предизвикува големи испарувања во атмосферата. Настанатата влага во големи количества се крева, па се меша со постудениот воздух и создава облачна маса. Ова резултира со големи врнежи и бурно невреме со громови. Ваквата комбинација е „гориво“ за ураганот. На ова треба да се додаде и спиралното струење на воздухот во атмосферата при брзини поголеми од 60 км/ч, што резултира со пад на притисокот на воздухот. Колку е тој поголем, брзините на ветрот т.е. циркулациите на воздухот се поголеми додека не дојде до вртлог. Тогаш се создава една од најсилните природни сили, бура од висок „жив“ ѕид на ветер и дожд во вртлогот. Во неговото средиште, кое се нарекува око на ураганот, главно времето е ведро, а морето мирно.

Со пад на притисокот и ветрот до 62 км/ч ваквиот систем се нарекува тропска депресија, а при брзини на ветрот од 63 до 118 км/ч тропска бура. Брзините на ветрот поголеми од 119 км/ч создаваат ураган.

За Сафир-Симпсоновата скала:

Прочитај и за ... >>  Mикроклима и микрометеорологија

Со оваа скала се означува јачината на бурата (ураганот) во однос на брзината на ветрот.

Категорија 1- ветер со брзина од 119-153 км/ч
Категорија 2- ветер со брзина од 154-177 км/ч
Категорија 3- ветер со брзина од 178-209 км/ч
Категорија 4- ветер со брзина од 210-250 км/ч
Категорија 5- ветер со брзина поголема од 250 км/ч

Ураганот Катрина, кој е „најскап“ ураган во американската историја, со штета поголема од 80 милијарди долари, беше од категоријата 5.

Движењето и развојот на тропските бури, тајфуни и урагани се следи од 1850-та година. Светската метеоролошка организација (WMO) за тропските бури, на пример на Атлантикот, состави список со 21 име од кои секое почнува со буквата на англиската абецеда (освен буквите q, u и z). На пописот беа 6 столбови од кои секој содржи по 21 име. На секои 6 години имињата се повторуваат, а во текот на годината бурите се именуваат по абецеден ред.

Низ историјата луѓето имињата на бурите го нарекувале според имиња на светци- кога би се појавила, би добила име според светецот кој на тој ден се обележува во католичкиот календар. На пример, ураганот Сан Фелипе, кој пустошеше низ Порторико во 1876-та година е наречен според свети Филип.

Во Втората светска војна метеоролозите кои работеле за војската ја почнале долгата традиција на именување на тропските бури со женски имиња. Во 1979-та година Светската метеоролошка организација поради жестоките феминистички протести одлучи да ги „крсти“ и со машки имиња, па феминистките добија уште една битка во „војната“ наречена машко-женска дискриминација, која постоела дури и во лингвистичко- метеоролошките рамки.

Прочитај и за ... >>  Мамутите повторно на Земјата?!

Се претпоставува дека бројот на тропски бури на Атлантикот нема да биде поголем од 21, а ако тоа сепак се случи, правило е да се избираат имиња според буквите на грчкиот алфабет. Ураганот Бета, кој во 2005-та година беше 23-та бура и 13-ти ураган во сезоната на Карипското море, е прв ураган кој го добил името според буква од грчкиот алфабет. Таа година се забележани дури 27 урагани, па последните 6 се наречени Алфа, Бета, Гама, Делта, Епсилон и Зета.

Наводно постоела иницијатива ураганите да се нарекуваат дури и според градинарски растенија кои не сакаме да ги јадеме.

Родителите на малата Катрин Билис не обрнувале внимание на многубројните критики на познајниците и на својата ќерка и го дале името на разурнувачкиот ураган. Таткото на Катрин знае да каже во шега дека всушност единствената врска помеѓу ураганот и неговата ќерка е што куќата му изгледа како да ја опустошил ураган.

Статистиките покажуваат дека Катрина, инаку во Америка мошне популарно име, по ураганот станало мошне ретко.

Значи, во оптек се 6 столбови со имиња, па 21-то име на пример од 2008. година (Артур, Берта, Кристонел, Доли, Феј, Густав…) повторно ќе бидат актуелни за тропските бури што ќе го обележат Атлантикот во 2013. година.

Прочитај и за ... >>  Галаксии-Галактики

Ако силата на ураганот е исклучителна и ако последиците од него се разурнувачки, како што, на пример, беа оние во Њу Орлеанс кога градот го опустоши Катрина, името или се заменува со ново со иста почетна буква (во 2010. година Катрина ќе ја замени Карл) или со тоа име не се нарекуваат ураганите во следните најмалку 10 години.

Дури за секое подрачје во светот постои составен попис на имиња за вакви временски непогоди, и за тајфуните на Пацификот и за ураганите на Атлантикот. Дури и секој обичен циклон добива име.

Ураганите кои пустошат низ Америка стасуваат и до Европа, но со преминот преку Атлантскиот океан, тие сосема ја губат својата разурнувачка моќ и кога ќе дојдат на европското тло остануваат само обични циклони. На пример, дојде и Катрина, но нејзината сила не беше ниту приближно на онаа што ја имаше во Америка.

Во Европа најразурнувачки се пијавиците, односно воздушните виори со голема брзина на ветрот кои можат да предизвикаат прилична штета. Нивното движење не е брзо, па е можно лесно да се избегне доколку се воочи. Главно се морски, но можат да стасаат и на копно. Во Хрватска годишно се забележуваат десетина пијавици. Најчесто вдолж западниот истарски брег и на дубровничкото подрачје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here