Потребно време за читање: < 1 минута

4. „Кој прочитал-прочитал

…А кој не прочитал, белки некогаш ќе прочита. Се разбира, во негово време, сеедно слободно или неслободно.

Така е, оостанува надежта дека напишаното не е или не било залудно. Дека привлекува-ќе привлече, предизвикува-ќе предизвика, можеби ангажира-ќе ангажира макар некој, ако не некои.

„Кој прочитал-прочитал“ е за веќе напишано. „Кој ќе прочита-ќе прочита“ е за нешто кое штотуку се пишува или ќе се напише допрва. Значи, однапред се смета на сигурно читање. Инаку, не би се ни пишувало, нема ни да се напише или да се допише.

„Кој прочитал-прочитал“ содржи рамнодушност? Се чини да, од страна на авторот на напишаното. А неизвесност, можеби страв, можеби несигурност во неговата перспектива? Најмногу несигурност. „Некој секако сега или некогаш ќе прочита“ е едновремено и самосвест и непоколеблива верба во напишаното-пишувањето.

Исти ли се слушањето и гледањето? Слични се, но не се однесуваат на сѐ. На пример, можно е и слушање и гледање поезија, иако повеќе станува збор за нејзини нови опфати и интензитети, па и за повеќе значења. Притоа, тие секогаш треба да бидат индивидуални. Колективното слушање и гледање во извесна мера го нарушува достоинството дезавуирајќи ја нејзината доживеаност.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Важно е „Кој прочитал-прочитал“? Не! Многу е поважно читањето.

Дистинкцијата помеѓу прочитувањето и читањето е одамна темелно елаборирана од многумина.

Читање, слушање, гледање на напишаното-создаденото или во создавање? Еднакво како надежното: „Кој ќе прочита-ќе прочита“.

Сѐ напишано или ненапишано, како и за сѐ што ќе се напише допрва, без оглед дали е-ќе биде читано, слушано, гледано, па и дали ќе се прочита, ќе се ислуша, ќе се изгледа, е помеѓу сега и когаш-тогаш.

И…каква било објава!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here