Потребно време за читање: 2 минути

50. Столб на постоење и опстанок

Долго време никој во градот не знаеше, ниту замислуваше што се гради среде малиот остров-парчето плодна земја опкружено со длабока вода, поврзан со него со голем и висок мост. Никој не знаеше, а негодуваа сите-од најмладо до најстаро! Зошто? Просто затоа што островот-парчето плодна земја опкружено со длабока вода, на жителите на градот и буквално и во преносна смисла им беше хранител, извор на животот, постоењето и опстанокот. Имено, само благодарение на него градот не гаснеше, не опустошуваше. А за разлика од него, сите други близу и далеку се уриваа до темел, се уништуваа, се самоуништуваа во празнотија и мрачнина. Само затоа што совреме не сочуваа макар еден свој остров-парче плодна земја.

Зарем конечно владарите се дрзнаа да тргнат против сите граѓани и да изградат среде него нешто незнајно? Несомнено! Зошто инаку местото би го обградиле со непровиден црн најлон десетина метри во ширина и висина?

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман, 84

Се узна што се гради откако градбата можеше да се види во ширина и висина и од брегот-почетокот на мостот на островот и од брегот-почетокот на мостот на градот. Секој ден да се гледа како градители на него ја растат градбата сè поблизу до небото. Потоа негодувањето на од најмладо до најстаро го замени нивното љубопитство и главното прашање: до каде ли е предвидено, испланирано, проектирано таа да се извиши? До дваесет, триесет, педесет, сто метри? Интересно, секој можеше да добие одговор ако го посетеше местото на градење, но како никој да не го сакаше тоа, ни да ги погледне макетата и тродименизоналната слика! Како секој да се плашеше дека ќе ѝ наштетат на својата љубопитност.

Градбата среде малиот остров-парчето плодна земја опкружено со длабока вода, беше мраморен столб кој постапно се стеснува како што се извишува кон небото. Иако не беше завршен, веројатно недостасуваа уште пет-шест метри за до врвот кој некои го нарекоа точка на соединување со небото, сите граѓани на градот, до еден, од најмладо до најстаро, препознаа дека станува збор за обелиск. И никој не го криеше својот восхит.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман, 67

Да, владарите на градот решиле на островот да изградат, до небото да издигнат обелиск висок 70 метри, од мраморни блокови што се стеснуваат кон врвот. На него ќе има „пирамидион“ перекриен со плочка електрум (смеса на злато и сребро). Да, ист како многу други во светот. Како античките египетски, на фараоните. Но зошто? Со која цел? Дали поради симболот на Сонцето, негово место на „одмор“ по залезот? Негов зрак што станал камен и е врска на овој-овоземниов и оној-задгробниот живот? Можеби споменик на сите заслужни дејци и творци на градот во минатото со изгравирани пораки, како Вашингтонскиот посветен на првиот американски претседател? И во „нивниов“ ќе може да се влегува и со лифт да се дојде до врвот на кој ќе има набљудувачница? Можеби имајќи ги предвид сознанијата на учени дека пирамидалноста, особено врвот создава „концентрација“ на големо количество јонизирачко зрачење, а престојот во пирамидите дејствува поволно врз здравјето и психата на човекот? Или докажаните земјоделски ефекти-зголемување на приносите дури до сто проценти?

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман

Жителите на градот и земјоделците на малиот остров-парчето плодна земја опкружено со длабока вода, со радост го очекуваат завршувањето на градбата и свечениот почеток на неговото заживување. Сами веќе го одредија неговиот симболизам: заштитник на животот, столб на постоењето и опстанокот. Владарите се согласија тоа и да го изгравираат на врвот: „Благодарност за животот, за нашето постоење и нашиот опстанок“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here