197. Не знајме шо нè чека зато шо чекаме.
198. А бе наудрениве на власт мислат оти народо е стока шо ништо не разбира!
199. Не мојш да почниш шо си свршил, исто ко шо не мојш да попрајш шо не се попраа.
200. Во небрано е, а никако да падни!
201. Годиниве ми се тамам за уште понешто.
202. Најубоо е да се заљубуате во љубов.
203. Шо му је маката на недобрососедо со македонството?!
204. Првин на себеси покажи си и докажи си ако знајш и умејш.
205. Сепнете се, луѓе, на власт ни клајле болни во умо!
206. Би се смејал да не плачам.
207. Не ти даваат да бидиш здрав, јак и напреден оти тие не се. А ако ти дадат да бидиш, утре ќе ги надвладејш.
208. Само прост и будала сака да има појќе отколку шо има оти нема.
209. Нема дерман народ слободарски и со достојание свое од прости, неписмени ем полуписмени апашишта на власт.
210. Грев голем на живото му прај сосед шо кради од сосед.
211. Во очи им се гледа и од уста им излегуа курвалако политикантски.
212. Творечкио дух ни младеј ни стареј сè дури животвори. Си има свое време и си живеј своја живејачка.
213. Тој не е твој и нема да биди коа ти не си негоа.
214. Фала ти за сè шо прајш за да ни биди убоо.
215. Многу тежини на една планина.
216. Изроди поганат сè шо вреди во туѓи животи.
217. Зошто се плашиш од народо ако владејш и работиш за негоо добро?!
218. Сподели го со близок гајлето за да ти биди полесно.
219. Секој е некој и нешто со оној шо е некој појќе за друзи одошто за себеси.
220. Со тебе сум и во арно и во лошо сè дури сме заедно.
221. Си ја отсакал оти не те сакала колку шо си ја сакал.